Гушкање.. Најмилиот, најбезгрешниот, најубавиот начин за искажување љубов! Сите си ги гушкам и ако понекогаш изгледам како манијак, пак ќе си ги гушкам
Најголемо гушкало. Мама ја гњавам многу, ми доаѓа да ја згмечам од гушкање од што ми е мила. И кога гушкам од мала тапкам по грб - навика.
Во моментов многу ми се гушкаа, би го гушнала зајко, што секоја вечер си спие покрај мене, ама не е ист филингот кога те гушка човечко суштество, му го чувствуваш биењето на срцето или од друга страна топлината и преку гушкање можеш да осетиш колку му значиш на тој што те гушка. Сакам вака во моментов ништо друго, таков периодов, ова денов де ... Сакам искрена и топла насмевка, што ќе ми измами дури солза од среќа, ах душичка јас, многу се разнежнив без причина или можеби со причина, што не ми е позната или сепак ми е ...... да ме припие во него.. уште да се одлучев кој .......
Охооо, какво гушкало сум! Дури и ме зезаат за тоа! А јас знам - гушкањето е единствен начин да му се приближиш на човекот, до неговата душа. Срцебиењето и прегратката - спокојство. Дури и медицински е препорачано да се гушкате - барем 4 прегратки дневно! Зависник сум од гушкање.
едно од најубавите нешта,а баш си добивав искрена децка прегратка деновиве и секогаш кога и д аја добијам таа прегратка од ова мило детенце се цувствувам исполенто среќно радосно целосно и скаам уште
Обожавам да се гушкам. Сакам да ги гушкам моите, сакам да ги гушкам блиските пријатели, сакам да гушкам мали деца... едноставно обожавам гушкање. Откако ќе се изнагушкам се чувствувам исполнето, среќно, расположено.
Сакам гушкањеееееее Маж ми веќе почна да му смета моето гушкање и умилкување во денот најмалку 5 пати Сакам да ги гушкам мама, тато, брат ми не сакам оти многу силно ме стега кога ме гушка, маженцето, внуците... И ај да не набројувам, сакам да ги гушкам сите блиски роднини, неколкуте другарки. Но, најинтересен ми е свекор ми кога ќе не сум дома неколку дена (ако сум замината кај моите на гости) и кога ќе се вратам ме пречекува со гушкање и со жалење како тоа ме нема толку дена, сум му фалела . А ич не сакам да ме гушне некој што сме само на едно здраво (ама се случувале такви испади).
Јас сакам да се зачленам во онаа организацијата што е „Гратис гушкање“ - „ Free hugs“. Па така кога има акција да се гушкам со сите што сакаат да се гушкаат и стварно луѓево све некако ладни станале - дивјаци
Леле обожавам да гушкам некоја... Сите од фамилија кога и да ги видам мора да ги изнагушкам И фри хагс кога има секогаш си идам си ги гушкам луѓето, и во Будимпешта абе си се изнагушкав хахаха Најубаво ми е секогаш другарка ми кога ќе си ја видам после некое време па кога ќе ме гушне онака убаво силно, исто и братучед ми.... А иначе како типкава на сликата ми се секогаш рацете, незнам зошто (Lux ти ја украдов сликата извини ) Ајде сега следниот викенд ќе биде гушкање
обожавам гушкање, поубаво ми е кога некој ќе ме гушне одколку кога ќе ме баци некој По топли и мили ми се некако штознам...
Гушкањее! Се чувствувам посреќно, помило коа ке ме гушне некој. исто и јас.. многу повеќе сакам коа ке ме гушнат одколку коа ке ме бацат
Mногу сакам гушкање, и многу ми значи кога некој ќе ме гушне, и тоа во овој момент најмногу ми недостасува....
Многу ми значи гушкањето. Го сметам како изразување на поддршка, на љубов... Многу повеќе сакам гушкање наго бакнување. Прегратката многу повеќе значи во моменти на слабост, немоќ, потреба од докажување на љубов!
Ох и јас сакам многу да се гушкам, ја гушкам мајка ми, брат ми, моево мило дома, другарка ми, ситее, да ме остават на улица сите со ред ќе ги гушкам...но убедена сум во едно дека нема ништо, ама баш ништо поубаво од една детска искрена прегратка, порано заспивавме со внук ми гушнати... и само го слушав неговото дишење....прекрасно...