Гушкањето ми е како изразно средство кое го користам редовно и имам три типа на гушкање: 1) ПРИЈАТЕЛСКО- кога ќе сретнам некоја драга личност и тоа гушкање трае најмногу 5 секунди 2)СТРАСТВЕНО- така си се гушкам со сопругот и трае подолго од 5 секунди 3)МАЈЧИНСКО- кога ја гушкам ќеркичката додека спие, кога плаче, кога постигнува успех итн. И само еднаш во животот сум гушнала една личност, подолго од 10 мин., ја гушкав и плачев, солзите место мене зборуваа, зашто јас не можев и не знаев што да кажам, а впрочем што да и кажеш на најблиската пријателка која си ја загуби ќерката?Дали постои утеха воопшто?И не сакам никого повеќе така да гушнам, никого повеќе....никогаш.
Многу сакам да се гушкам, дури мислам повеќе сакам да се гушкам отколку да се бакнувам . Многу ми е убаво кога со некој се гушкам додека оди некоја романтична музика и се гледаме во очи- во тој момент ништо не ми е важно само личноста која ја гушкам (за жал одамна не сум се гушнала така ) Исто сакам и пријателски гушки, кога ќе се гушнам со другарките или другарите онака цврсто и знам дека не сум сама. Сакам кога се гушкам и со моите, осеќам некоја неизмерна топлина и љубов, а многу сакам да ја гушкам баба ми, која многу се радува на тој чин исто како мене бидејќи така и ја пренесувам мојата љубов и благодарност за се` што прави за мене. Се` на се` јас сум едно големо гушкало
Сакам да се гушкам само со најблиските пријатели и роднините секако. Најмногу ми фали гушкањето од една личност се чувствував толку сигурно во неговите раце и заборавав дека постои светот Но откако тие најубави раце не ме гушкаат повеќе и јас почнав да се гушкам помалку. Едноставно незаменлив е...И така еве сега ќе ве гушнам вас феминки вака виртуелно
Акција 1. Добивате неколку моментни уживање со некој или нешто што го обожавате 2. Уживајте во моментот и мислете на ‘’човечето’’ што сте го гушнале 3. Човекот е нерационално суштество - се што е бесплатно не го вреднува 4. Се на овој свет е неповторливо, па така секоја една прегратка е различна од сите претходни и сите идни Кои се придобивките од гушкањето? Реакција на организмот Преку гушкањето се зголемува нивото на хормонот окситоцин, познат како хормон на зближување (мажите знаеме дека го имаат во помали количини). Се работи за хормон кој го стимулира зближувањето со други луѓе и кој не тера да се ‘’врземе’’ со нив. Окситоцинот го чува здравјето на срцето и го намалува ризикот од срцеви заболувања. Се намалува нивото на кортизол - стрес хормон. Преку гушкањето се редуцира присуството на овој непосакуван хормон во нашето тело. Опуштени и среќни Ве релаксира и одмора и го намалува крвниот притисок. Преку гушкањето ве обземаат позитивни реакции и чувство на среќа. А да се чувствуваш среќно денес, и не е толку лесна задача Најуникатното чувство Ги зајакнува социјалните врски. Се чувствувате заштитени. Се чувствувате сакани. Најуникатното и најпривилегираното чувство е ваше. Близок контакт Одржувате близок контакт со некој кој ви значи, а кој контакт понекогаш знае да премине и во интимен. Ги намалува стресот и болката Терапијата со гушкање се покажала како ефикасна во редуцирањето на стресот и болката кај возрасните особи,а влијаела и врз намалувањето на симптомите на Алцхајмеровата болест. Четири прегратки Според семејниот терапевт Virginia Satir: Ни требаат 4 прегратки дневно за преживување. Oбожавам гушкање многу сакам да се гушкам без разлика дали е со моите пријатели или со кој и да е се чуствувам прекрасно додека се гушкам со моите драги личности ве гушкам феминки виртуелно
Мноооогу сакам да се гушкам. Дури и мислам дека гушкањето го сакам повеќе од бакнежите. Се чувствувам прекрасно. Ги обожавам долгите прегратки и често на телефон му плачам на срцката како сакам една нааајсилна гушка
Што би рекла мајка ми дива личност сум(дивјак). Не сакам да се гушкам, ниту да се поздравувам(лигавење во лице), мислам дека е доволно едно здраво за почит и поздрав, зар не? Ама не ја применувам оваа реченица погоре. Но некогаш ми е потребно некој да ме гушне, колку да биде само од утеха, не треба совет, ама една прегратка вреди милион зборови. Без врска и без причина не се гушкам, пробале другарки да ме гушнат без причина ама само ке им дадам еден поглед и два метра подалеку од мене .
Многу сакам да се гушкаам Кога добивам некои такви изливи на љубов тие што се блиску до мене почнувам да ги гушкаам да ги гњаваам.
Гушкање ! Нема ништо поубаво од топла и искрена прегратка и затоа сакам да се гушнам со некој кој виситнски ми значи,без лицемерие и одглумени чувства! Уживам во топла прегратка и долго гушкање со дечко ми а и тој богами обожава да се гушка (можеби и повеќе од мене е љубител на гушкање ) Колку само сакам во моментов да си ги изгушкам внучињата ! Тие ми се најмили, најслатки, најнежни и нив најмногу сакам да ги гушкам ,и тоа често го правам а и тие мене богами ме третираат како разгалеено створение кое сака да ги милува и гушка па често ми скокат во прегратка и се гушкат со мене! И еве една утринска гушка до сите гушкала на форумот
Исти сме Хипица Сакам да се гушкам и тоа многу. Имам навика да гушкам и познати и непознати Баш пред некое време на гости ми беа луѓе од странство и кога ги испраќав ми пружија рака,а јас се залетав и ги испогушкав. Убаво ми е многу. Бакнежот дефинитивно не може да ја замени таа топлина и енергија што ти ја пренесуваат прегратките т.е. луѓето што те прегрнуваат.
Сакам да се гушкам, ама не на секои две минути и не по 2 саата.Кратка, искрена прегратка е доволен знак дека на некого му значам...
сакам гушкање ... се топам во раце кога ќе ме гушне некој кој ми значи. кога срцето мое ќе ме гушне и ќе ме стегне до него.. а најмногу ги сакам гушките од вујковците .. толку се полни со емоции испреплетени од тага и среќа и мислам дека би останала така засекогаш... да не ги заборавам и гушките од внучињата - нема поискрена прегратка од детската
Јас ќе си се наречам себе гушкало. Сакам да се гушкам, без разлика дали е обострано или само од едната страна. Ми дава чувство на сигурност, љубов, поддршка и блискост. Знак на утеха, и примам и давам прегратки само на блиски личности, оние кои ми значат. Сакам цврсти, силни прегратки, од нив никогаш не ми е доста.
ја сакам секоја пргратка која ја подарувам и која ја примам,било пријатлска,љубовна ,мајчинска,таткова,бабина,било каква сакам да се гушкам,али па не сега тоа да трае саат да се здрвам во положба на гушкање,сепак просто го обожавам,тоа е контакт помеѓу две личности кои го остваруваат за да си кажат колку се сакаат почитуваат и колку се потребни еден на друг! се секавате на телетабиси,и они кога ке направеја некоја добра работа заедно викаја силно ГУШКАЊЕ и сите трчаа да се гушнат!!!! големо ДА за гушкањево!!!
Аааааа гушкањеее, најмногу сакам, така кога ќе го грабнам дечко ми (посебно) или оние луѓе кои ги поштувам ќе ги гушнам и тоа убаво Гушка до сите!!!
и јас сакам многу гушканје посебно на некои драги личности...сега нема кој да гушнам па затоа ви пракјам гушки на сите
Уште едно гушкало на форумов ...Пред да се омажам ептен бев татино и мамино гушкалче, честопати знаев да си се припијам до некој од нив и да се стопам во нивната прегратка. Сега се гушкам исклучиво со мм и ќерка ми иако не ретко се случува да ми рече-мамооо ма, ме удави...леле колку ме гњавиш ...а јас сум таква сакам да давам гушки. Гушкам затоа што сум полна со љубов, сакам да гушкам, така искажувам колку ми значат, колку ги сакам. Прегратката и гушкањето се битни во мојот живот, ми даваат утеха, спокојство, мир, љубов, знак се дека ме сакаат и дека сакам...сакам кога во текот на ноќта ќе се подразбудам и така сонлива ќе се бутнам во неговите прегратки, кога ќе ме изгушка како да ме вика -тука сум , не се секирај, се` е ОК...ја сакам неговата топлина, неговите раце, големината и значењето на неговата прегратка. Сакам и кога така без никаков повод ни причина само ќе ги рашири рацете и ме молчешкум ме повикува да дојдам... Да, сметам дека луѓето се одалечени еден од друг, дека се помалку се дава вистинска, искрена, пријателска прегратка. Сега некако се прегрнуваме само кога се поздравуваме, но и тоа некако е автоматски...освен кога со некоја драга особа не си се видел подол период па се гушкаш затоа што сте си недостигале и драго ви е што се гледате. Си ја гушкам и перницата, така заспивам...ете колку сакам да гушкам... за сите гушкалчиња.
Јас ич несакам гушкања,гњавења Кога ќе се гушнам со некој,не осеќам ама баш ништо Не гледам што ви е толку псоебно во гушкањето