Г-дин Робот (Mr. Robot) [2015]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од DzingrlakaDzikica, 3 јули 2015.

  1. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.624
    Приказната започнува така што нè води во секојдневниот живот на младиот и брилијантен хакер, Елиот (Рами Малек). Тој страда од антисоцијално нарушување, но истовремено се бори и со илузии. Без разлика каде е, тој има чувство како луѓе во одела да го следат. Претерано е параноичен и нема многу пријатели.
    Тој преку ден работи како инженер за сајбер заштита, а во текот на ноќта преку хакирање се обидува да го направи светот подобро место за живеење. Токму затоа и ќе го привлече вниманието на еден анархист, кој има големи планови за луѓето во Америка. Всушност неговата идеја е толку голема и брилијанта, што младиот Елиот едноставно нема да може да ѝ одолее. Но, поради своите психолошки проблеми ќе се бори со себе, не знаејќи дали овие настани се вистинити или само дел од неговата фантазија.



    Жанр: криминал, драма
    Премиера: 24 јуни 2015

    Кратката рецензија е превземена од kafepauza.mk
     
    На Someonespecial, Nigredo Odor, the.vampire.girl и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Arabella

    Arabella Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Од мене 10/10. Особено првата епизода. Многу интересна, реална, навистина одлична, многу добар впечаток ми остави. Улогата на Рами перфектно му одговара.
    Иначе уште пред да излезе пилотот, ја обновија и за 2 сезона.:D
     
  3. MissChievous

    MissChievous Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    5.288
    Пол:
    Женски
    Уште на половина од првата епизода знаев дека ова ќе биде една од најдобрите (ако и не најдобра) серија за 2015. Ми се допаѓа приказната, обожавам работи поврзани со технологија. Целата поента е дека ние сме робови на одредени луѓе (кои не ги познаваме, а го контролираат светот), а не сме ни самите свесни. Одлично е претставен денешниот проблем каде што самите си ги сервираме сите информации поврзани со нас, на целиот свет, преку технологијата. И колку сите тие информации можат други да ги искористат против нас. Елиот ми е одличен лик, се истакнува од останатите луѓе, и со својата интелигенција и со својата вештина за користење на технологијата. Има големо срце, сака да им помогне и на луѓето кои му значат и општо, на човештвото. Но, како и сите други луѓе, така и тој има свои проблеми, комплекси, трауми и демони кои го гонат секојдневно. Иако серијата се вика Г-дин Робот, мене повеќе ми се допаѓа ликот на Елиот. Едвај чекам да видам што следува понатаму.
     
    На Someonespecial и d.Darla им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    5.288
    Пол:
    Женски
    Дали е возможно Елиот да си го замислува Г-дин Робот? Кога ќе загледаш подобро, никој не разговара со него освен Елиот. Имам чувство дека подоцна ќе откриеме дека всушност самиот тој е Г-дин Робот.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.310
    Допаѓања:
    42.171
    Одлична серија. Ми го фати вниманието уште во првите неколку минути. Актерот што го игра Елиот е полн погодок, брилијантно глуми.
    Инаку, и јас исто мислам,
    ама се надевам ќе биде уште позаплеткано, вака некако многу просто ќе излезе, а серијава не делува за таква. Очекувам нешто што не можам ни да го замислам за да не го очекувам. :D
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.624
    Последните две минути од епизода 8! [​IMG]
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    2.818
    Пол:
    Женски
    Многу ме нервира овој Елиот понекогаш. Не е толку глупав, туку да подразмисли подобро немаше многу лоши работи да се случат. На пример, не требаше прво да го извади белиот плик, за потоа да го смени со синиот кога требаше да го намести тој Колби и не требаше да предаде слика од пиштолот на дечко и на Шејла во неговата соба, бидејќи така дозна дека Елиот го предаде на полицијата.
    Ама штом ме нервира значи го сакам како лик :D . Ја сакам серијава.
    Сестра ми гледаше една епизода со мене и рече дека актерот не глумел добро, многу бил вкочанет, но мислам дека баш многу се труди за да го долови ликот на актерот бидејќи баш таков треба да биде - вкочанет, чуден, асоцијален...
    Инаку, и јас мислам дека има биполарно нарушување или такво нешто и дека на крај ќе излезе дека тој е Г - дин Робот бидејќи кога Г - дин Робот го турна Елиот од оградата никој не забележа, а имаше еден куп луѓе на таа плажата.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Arabella

    Arabella Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Мене на моменти ми станува досадна, некако многу непотребни работи се случуваат.
    Последната епизода за нијанса ми беше поинтересна, особено крајот. Сепак не ја откажувам, на почетокот бев воодушевена, има гооолем потенцијал и Елиот ми е баш срцка.
     
  9. MissChievous

    MissChievous Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    5.288
    Пол:
    Женски
    Yes, I knew all along, Mr. Robot. [​IMG]
    Според IMDb преостанува уште само една епизода, но мислам дека ќе биде малку за да се објаснат некои работи. Едвај чекам да видам како ќе заврши, но истовремено сакам уште, премногу брзо сезонава мина.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.549
    Допаѓања:
    4.618
    Пол:
    Женски
    Да се приклучам и јас тука.
    Прејака серија,ја почнав пред некој ден и моментално сум до осма епизода.Не сакам да ја завршам.
    Ми се допаѓа главниот лик,и едвај чекам нова сезона. :inlove:
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    22.306
    Пол:
    Женски
    Jaс доста се колебав дали ја почнам...ама сега се заразив, предобри реплики, предобра поента иаку на моменти забегува со некои експлицитности, одлична глума и наравно...Њујорк. Нема потреба од повеќе коментари.
    До половина сум ќе дадам целосен осврт што ја изгледам цела, веќе кога е цела сезона искочена.
    Сега за сега има само палче нагоре!
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    3.873
    Пол:
    Женски
    само што почнав да ја гледам , од првата епизода се приметуваше дека серијава ќе биде добра :clap:(y)
     
  13. Dean's67Impala

    Dean's67Impala Нов член

    Се зачлени на:
    19 јули 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Серијава е многу добра.Стигнав до петта епозода негде и секако ке продолжам да ја гледам.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    1.586
    Допаѓања:
    8.822
    Серија на векот, чиста десетка. (y)

    Не знам како до сега не сте испишале повеќе страници, зошто серијава е инзвонредна. Најдобра во својот жанр.
    Третава сезона беше највозбудлива и ми остави најмногу впечаток, едвај чекам следна сезона. Деновиве ако имам време ќе се вратам да прокоментирам малку подетално околу случувањата.
     
  15. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Да, третава сезона е одлична.
    Втората беше побавна, збунувачка, а оваа е на ниво ко првата. Чиста 10ка.
    Мора уште некоја награда да соберат и Рами Малек и Сем Есмаил, заслужуваат.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    2.346
    Допаѓања:
    17.397
    Пол:
    Женски
    Вреди ли да се гледа?
    Се мислам измеѓу оваа и Луцифер. Мислења?
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    1.586
    Допаѓања:
    8.822
    Дефинитивно вреди. Предобра серија со мејнстрим но, корисни пораки. Страшно задржува внимание и те внесува во приказната на сајбер светот.
     
    На do-re-mi и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  18. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    9.545
    @IM.TMKQ нема простор за мислење.:D Гледај ги и двете - неизоставно! :!:
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    84.724
    Пол:
    Женски
    Интересна беше, сега ми здосадува. Сепак...има интересни муабети.

    Antara-Nayar-season2.jpg tumblr_pbgc4eWWpQ1x4abs4o1_400.gif