Последнава сезона е ремек дело, врвна психолошка драма, емоционално интензивна и со глума на највисоко ниво. Пресвртот и одговорот зад појавата на Mr. Robot беше скроз трогателен и вознемирувачки. Рами Малек се надмина себеси како актерски гениј, ги заслужува сите можни награди и за оваа улога.
Потполно се согласувам. Маестрална сезона. Вообичаено, продуцентите знаат да разочараат со финишот, но овa беше вистински погодок. Буквално се е предобро срочено, и одговорени се сите прашања кои се провлекуваа низ претходните сезони, токму преку последната сесија со психологот Криста кога конечно успева да му ја предочи вистината зад постоењето на неговиот имагинарен лик - Мистер Робот. Не очекував таков plot twist, искрено. Знаев дека има доста hidden and subliminal messages, но дека е толку длабока траумата не. Исто толку добра беше импровизацијата на Дарлин, пораката дека #fsociety не може никогаш да биде уништен, или со други зборови волјата и слободата на народот да биде угнетена. Кога хакираше меѓу толпата, покажа дека секој од нас преку многу вложен труд и време може да успее. Бидејки нели вообичаено за хакерите се мисли дека се тоа луѓе кои живеат исклучиво изолиран живот зад екраните. Но, Дарлин покажа дека не мора да е така. Како и да е, малку не беше реално, особено покрај толку засилено обезбедување да се стои надвор со сите оние скрипти и бројки на екранот, но, повторно ќе кажам - предобра поента, врвен финиш. Актерска екипа инзвонредна. Премногу ќе недостасува, штета што повеќе нема да го гледаме Рами во оваа улога.
Рами е прекрасен во серијава, го обожавам. Spoiler Ептем ми беше интересна приказната со исклучок на делот за татко му. Непотребен момент ми беше во сето. Супер финиш со White Rose дотерана, се шминка пред огледалото, а во куќата влегуваат специјалци ли кој годе и се слуша пукање.
Не знам дали е официјално, но прочитав и видов спојлери дека деветтата не е последна епизода, ќе има уште една. Така да не е финиш I guess.
Преубава серија, буквално плачев на крајот. Sam Esmail ги заслужува сите награди за ова ремек дело. Исто и Рами.