За гости на ручек најчесто правам селско месо. Тоа ни е семеен сецијалитет. Треба повеќе време да се испече ама не е тешко за спремање. Го комбинирам или со домашно пире, или со ориз. Обавезно правам супа и свежа салата- тип зависно од период во годината. Инаку селското месо го спремам вака. Пропржувам кромид, додавам моркови, печурки, суви пиперки и суви патлиџани, кисели краставички, и три вида на месо (пилешко, свинско и телешко). Сите работи се крупно сечкани, зачини по желба. Потоа ставам во огноотпорен сад со капак и посипувам со малку винце и бешамел сос (малку брашно растворено во вода). Печам 1 час покриено и уште 1-1.5 час отворено на 180-200 степени зависно од рерната. Ако немате суви пиперки може малку буковец, место сув патлиџан може томатело, печурките е поубаво да се од тегла. Ова ми е практично за правење. Пропржуваш за 15-тина минути и после во рерна и мирен си. А хит е јадењево, нема да ти помине без тон комплименти. Состојките секогаш ги имам дома освен пилешко ама претрчувам по стекче до продавничка и готово.
Дај кажи ми од која лоза, во кое планинско село во Мк треба да си роден за да имаш сина крв? Ако си чуваш приватност и не сакаш да издаваш податоци, апсолутно не треба ништо да кажеш, те разбирам.
Или за да се покажеме ќе изгазиме и деца и се околу нас....али битно тие два часа ,,на нивоУ,, ќе се.
Јас кога одам на гости искрено ич не ми е гајле што има за јадење, сакам луѓето да се пријатно друштво. Единствено внимавам да не има некој со некаква алергија/ вегетаријанец/ веган или со мали дечиња, за специфична храна. Се замарате со небитни работи.
Извини, ама за нас сините ова не е мала работа. Разбирам јас културолошки разлики, и можеби треба една таква тема да има да се запознеме со навиките, обичаите во разни земји, само малку со осет, без да звучи како дојденците да ги измислиле, нели?
Sto mu fali na pire i skara,mozes i salata eve da ne bide samo toa i resen problem... Ne gledam zosto tolku bi se potresuva za eden rucek sto ke spremam ili sto mi spremile. Izgleda oti jas tia sto gi znam pa i jas samata ne odime za da se najadime tuku da se videme... E da,koj za sto e
Јас мислам дека луѓе со алергии, разни состојби на организмот, вегани (за кои не знаеш дека се вегани) најубаво самите да си потенцираат, стрес е и тоа да го мислиш кога спремаш, сигурно на сите можни сценарија нема да ти текне. Ако не ти е срам да се најавиш на ручек, не треба да ти е срам ни сам да си кажеш што не смееш да јадеш. Релативно нова појава барем на наши простори е сето тоа, денес секој од нешто се пази, де од месо, де од пецива, а по бурекџилници и ќебапчилници ти поминала младоста што се вика и не си размислувал на тој начин едноставно.
Јас бев вегетаријанец до пред бременост, неколку години. Никогаш не сум потенцирала за тоа зошто не сакам луѓето да се оптеретуваат со мене. Едноставно ќе отидам, ќе каснам салата и лебче, и ќе се насочам на муабет да не се примети. Зошто да замарам други луѓе со мои одлуки. Мене на пример на гости често ми доаѓа еден другар среде пости, а пости без зејтин. И тогаш што „замеша лук со вода чиста и направи чорбичка бистра“. Освен компир салата не знам што да му направам, па и тоа нечини без зејтин. А жена му сто пати ќе каже „леле душо ти ништо не касна, греота“. Епа сега ако он пости а на ручек се најавени, јас неможам со леблебии да ги пречекам.
@ennaz , не мислев на цело мени да се прилагоди човек, туку едноставно да се има нешто и тој/таа што ќе може да јаде, макар повеќе апетисани и овошје да се има на маса од вообичаено. За потенцирање мислев и во случај на алергии, па да се каже, гледајте во јадењето да нема такви и такви состојки, се случувале такви работи, домаќините не знаеле, па после од убав во неубав настан се претворил ручекот.
Е добро, малку е некултурно да направиш скара ако ти доаѓа фамилија вегетаријанци на гости и ти знаеш за тоа. Или да нема ништо безалкохолно за пиење освен вода од чешма, ако доаѓа некој што не пие алкохол. Освен тоа, не мислам дека е некоја филозофија, како и да е покрај јадењето би имало салата, ако има специфични зачини и сосови, ќе ги ставите на страна за да си стави кој сака.
Кај нас на ручек значи пастрмајлија бидејки тоа ни е семеен специјалитет. Нормално транспарентни сме па ако некој не сака се прави пица наместо пастрмајлија. Кога ке дојдат гостите се прашува дали некој сака јајце, пастрма, љуто и сл. Ова филмање и пренамагање со спремањето година дена унапред не ми е ништо повеке него преувеличување. Се знае колку е потребно за спремање на еден семеен ручек или вечера. Проверуваш што имаш во фрижидер и тоа што го нема идеш и го купуваш, ден-два работа. Ако треба да спремам 6 месеци унапред боље нека не ми доагаат дома. Од друга страна колку и да е можеби плитко,кога некого викаш на ручек значи на ручек го викаш а не на кафе па да му поставиш турско и чаша вода. Никој не го чека мојот ручек за да се најаде , ама нели таа е идејата и замислата. Ги почитувам туѓите желби ако некој нешто не јаде или не сака да јаде па така би било во ред и моите да се почитуваат. А баш тоа ми е најголем проблем кога треба да идам негде на таков настан пошто многу работи не јадам и коа треба да кажам не фала на тоа јадење , ми се темни од превртување со очи и лажна потресеност како ке останам гладна. На крајот од денот тие собири се за да зближат роднините и пријателите а не за да се докажуваме кој колку има и што направил. Џабе на маса да ми поставиш и најскапо вино и најубаво месо во најубавиот сервис ако нема убава и пријатна атмосфера.
Еве една брза идеја од мене, а сепак да биде и зготвено и да се види дека сте се потрудиле, и да биде вкусно. 1.Предјадење свежа салата , може шопска, грчка или пак цезар. 2.А како главно јадење пилешко со печурки и хопла во рерна. Пилешкото се сецка на коцки се премачкува со зачини и со хопла и се става да се пржи . Се додаваат пеќурките исечени на листови, најдобро да се свежи. Се додава чаша супа за месото да биде сочно и се пржи додека да испари. Потоа се префрла месото во стаклен сад, се додава варен морков, грашок и пченка и се прелева со хопла, се зачинува со бибер и сол и се става во рерна кратко време да се изедначат вкусовите. 3. За десерт - пудинг во чаша. Вариш пудинг од ванила го ставаш пола во чаша, редиш овошје што имаш дома, бисквити, или суво овошје и од горе повторно пудинг.
Пф.. лиснати теста некои купуваш, ги печеш... нешто плус за мезе... некој чипс со сос... нешто скара и салати и ајт. Дај им сиктер кафе уз благо и клоца у гз.
Кога сакаш. За гости како тебе, неќе да буде купечо лиснато, а домаќи тестени ствари. Викенд само нека е Да може да се игра со брашно