Во ДМ маркетите може да најдеме намирници кои што се со Органско потекло. dmBio производите, како што наведуваат на официјалната страна се производи во кои што најмалку 95% од состојките се со органско потекло. Според мене, прашање на личен избор е кој, како и што конзумира за јадење, не мора потполно да се хранине со органски производи, но зошто да не се обидеме да пронајдеме барем ЕДЕН ПРОИЗВОД од големиот избор на органски производи кои се произведени од земјоделски еколошки одгледани состојки и да биде одлична замена за производ полн со адитиви, емулгатори и слично. Јас лично многу пати сум застанала покрај полиците ба овој бренд но затоа што не знам ништо детално, никогаш не сум се осмелила да купам. За разлика од кај нас, можам да приметам дека кај нашите соседи во Србија, блогерите знаат да ги споменат овие производи, па искрено и од таму мојата желба да купам и испробам нешто. Мислам дека некои производи имаат достапни цени, но што би рекле за квалитетот? Ја отварам темава за да дискутираме за оваа 'марка' што мислам дека треба да добие поголемо внимание. Дали сте козумирале нешто? Што мислите за цените на производите? Слободно давајте своја Позитивна или негативна резенција.
Од намазите најмногу ми се допаѓаат Тоскана и тој од црниот домат, намазот од киноа и домат исто така ми се допаѓа, додека намазот од цвекло воопшто не ми се допадна. Од млеката имам пробано од соја и ориз, меѓутоа ништо посебно не се. Јаболковиот оцет го користам константно. Од сосовите го имам пробано кари и тој е одличен. Семињата ги немам пробано, бидејќи мене ми се скапи. Јас јадам многу семиња и реално не сум за секоја недела да давам по 200-300 денари од пакетче, иако се органски. Како за органска храна во целост, мислам дека цените им се доста попристојни од другите продавници за здрава храна кај нас.