А каква маска за коса или регенератор би ми препорачале од таму да си купам, за оштетена или за фарбана коса? На Балеа регенераторите и маските добри се?
Конечно и јас прошетав низ ДМ. Искрена да бидам не сум нешто посебно воодушевена или импресионирана. Мене ми е потполно исто како Космо, со тоа што има помал избор на козметика и парфеми. Во однос на цените не разбирам зошто сите толку го фалат маркетов, кога од тоа што го видов денес бев запрепастена, цените се многу повисоки за разлика од маркетите. Веројатно кога ќе се каже ефтино се мисли на производите кои им се на акција, жими тие се така поефтини. За поскапо прост пример, павловичева маст, во Зегин 250мл 141ден, истата ваму 170ден... кај другите производи кои ги користам гледав цени, се е по најмалку 5-6ден поскапо од маркет или аптека.
Многупати е кажано, двете фирми германски што ги има во Дм Балеа и Алверде се ефтини. Тие ги има единствено во ДМ. Имаат одлични производи. Другото и ДМ си го зима од официјалните застапници за Македонија и цените се тука некаде, нешто поскапо, нешто поефтино во однос на другите парфимерии. А во однос на аптека, секогаш парфимериите се поскапи. Значи што може да си купите од аптека, купете си Инаку Алверде маската (додуше не пишува маска, него за нега на коса) што е 90сетина денари е нешто прекрасно, преубава нега на косата, преубава! Земав и шампон алверде за осетлива кожа на главата, ми треба време за впечатоци, ама првичен впечаток е дека е посув шампон. Али во однос на маската сум wow. Се вратив од одмор без нималку оштетена коса од солта, сонцето и ветрот. Препорачувам И тоникот за чистење на лице за проблематична кожа го земав. И сум воодушевена. Досега со хлорафеникол го чистев лицето ако имав мозолчиња, а тој го суши лицето дури и сега после одмор ме пецкаше. Тоников е преубав и мириса убаво и не ја суши кожата и како што бев лом од мозолки за едно 4-5 дена немав ниедна!
^ Сега скоро ја барав маскава,не ја најдов,па земав ја земав таа со розево капаче,за сува и оштетена коса и можам да кажам дека врска нема. Криво ми е оваа што ја немаше, ама таа со розевото капаче е ужасна. Исто гелот за миење лице, розевиот со пумпичка. Прво,откако ќе го измијам лицето не го чувствувам за измиено, некое такво чувство ми дава,а рака на срце и кога ќе го поминам после со лосион,стварно не е измиено,па го мијам пак со Дав сапун,а друго е што пак многу го суши,а од друга страна сепак ми се создаваат мозолчиња и тоа ситни,што никогаш не сум имала такви.
Пред да си дојдам од Германија, си изнакупив еден куп работи ид ДМ. И тоа за супер цени, се опремив за цела година со млеко за тело, гелови за туширање, маски за коса, креми за лице, се си земав Од Балеа и Алверде, и засега сум презадоволна. Најмногу ќеиф ми прават млекото за тело и гелот за туширање на Балеа, оние зелените со папагал
Море домаќинки, а гледам никој не ги пофали другите производи на Балеа за домаќинството, па јас еве да си се искажам Освен козметиката тоа ми е омилен дел, што да правам - купување средства за по дома и за чистење. Значи тоалетната хартија, оние хартиените ролни за во кујна, сјајот за миење садови ми е исто топ и најмногу од се - СВЕЌИТЕ од Балеа! Ау! Како мирисаат, ги обожавам. Цел стан го промирисуваат, па дури се и добри кога се пуши во него. Овај чад кога се прави де За разлика од други свеќи, овие навистина го елиминираат и долго им издржува мирисот. Јас редовно си ги купувам од ванила големата свеќа и потоа оние помалине со мирис на сладолед од овошје. Розевкасти се. Не знам баш дали се со мирис на сладолед од овошје, затоа што овошје има нацртано на нив, ама мене на тоа ме асоцираат по мирис. Исто така од Балеа по дома ми се наоѓаат секогаш влажните марамици за чистење, зелените за прашина со мирис на јаболко и оние подебелите за бришење паркети. Секогаш со нив поминувам после големо чистење, да замириса убаво станот Значи не бришам само со нив, туку при крај на чистење ги користам. И ептен ми се наоѓаат и за набрзинско пробришување на прав да речеме.
Во однос на домакинските работи, го земав средството за избелување на бели алишта, но се користи и за шарени, зошто ја чувало бојата, на Denk mit . 500гр, 99ден. Го пробав пред некој ден, дефинтивино е екстра.
Мое мислење за цените во ДМ на останатите производи кои не се од нивно производство (Балеа, ДенктМит, Бејбилов, и слични) се со одредена цел поскапи, а тоа е за да се привлече внимание кон нивните производи а богами ги има скоро за секаква намена, од сретства за домаќинство, прашаци, шминки, козметика, производи за бебе и слично. Јас во дм исклучиво влегувам за да си купам производи од нивно производство, за останатите скоро и да не гледам, знам дека се малку поскапи, освен ако нема некоја актуелна акција па има добра цена.
точно дека производите кои не се нивни се послапи од другите маркети. нивните се супер и цената им е ок. прашаците нивни и омекнувачи се исто така за нијанса поефтини од другите. јас купив течен детергент за црни алишта, беше околу 130-150 денари и супер се покажа.
Последно што земав е овој лосион за тело од мед и млеко и да го пофалам многу е добар, ја омекнува и хидратира кожата, а мирисот трае, и трае, и трае. А големо е, 400 мл. за околу 150 ден.
А да си прашам јас за секој случај, секој ден ќе врвам покрај ДМ маркет, дали има избор на пудри и која марка се? И дали ми препорачувате да земам од таму пудра ако има или од друго место заради цените, поефтини се пудрите таму или поскапи?
Дм како и другите парфимерии си има скоро сите марки на пудри, и плус имаат алведере, само што ја има у Дм и на никое друго место. Е сеа за останативе марки, мислам дека поефтино е Космо, за некој денар, ама ако имаш време, шетни спореди цани, не сум споредувала цени одамна. Само немој да наседнеш на Еликсир, најкапи се убедливо.
Јас конкретно пред една недела во ДМ ја земав пудрата на Есенс што си ја користам стално и беше иста цена ко во другиве 295ден.Имаше на Алведере( мислам дека така се вика ) пудри беа околу 200 ден.Аура пудра 430ден,Буржоа исто беа околу 800 ден ко што е во другите продавници ,така да генерално нема некоја разлика. (да не биде дека праам реклама или сум вработена во Дм цениве ги знам пошо заглавив саат време кај пудрите од сите пробав да видам какви се и на крај пак си завршив со мојата)
Го зедов ова млеко за коса.169ден е.Демек штити од топлина,значи се нанесува на мокра коса,и не се плакне.Ставив вчера пред пеглање на косата,и солидно е.Мислам дека беше манго,кајсија и алое вера. Нешто што најмногу ми се допадна е мирисот кој трае.Перницата ми мириса веќе втор ден Го зедов и следниов шампон ,500мл за 99 ден ,дури ! Витамински ,со убав мирис,и доста е густ.Сеуште го немам пробано,ама сестра ми ми го пофали.Мирисот траел а и за цената бил ОК.
ААаа вчера пак прошетав ваму и ве послушав , па вниманието го задржав на нивните производи. Се подновив со крема за стрии, прекрасна е, прекрасно чувство дава при допир на кожата и што ми е најважно воопшто не ми се залепи за блузата. Оваа е и е 135ден Земав и течен детергент за алишта, сега перам со него, па ќе ви кажам како сме поминале И нормално купката „од глава до пети“ на bebylove , мириса совршено. Видов дека имаат голем избор на производи за бебиња, трудници и мајки. Ми останаа во мислам кремот за заштита на бебешка кожа(веројатно е нешто како ние јакодерм што користиме) и кремата за гради, за испукани брадавици при доење.
Јас ја имам пудрата во прав од Алверде, супер е и е околу 260 денари, колешките ги купија од Алверде течните и задоволни се и ефтини им се 160-180 ден. Е сега не знам колку се покривни, ама за секојдневна употреба се супер
Ја има оваа колекција и уште неколку вакви за различни типови коса. Јас имам купено и прекрасни се. Сите производи од Балеа и Алведере ми се супер, солиден квалитет за цените. Навистина се супер замена за скапите козметички средства.
Ја земав оваа „пигментирана“ дневна крема, која најблаго речено - ми го упропасти лицето. Не само што нема ни д од дневна крема, личи на евтина непокривна пудра и во никој случај не ја препорачувам за луѓе со комбинирана/мрсна кожа. Лесно се впива, ама колку ја осеќав на лице тоа е чудо. Иако има убав мирис, во никој случај не ја препорачувам, од неа ми излегоа брунчиња и плус 2-3 асални бубуљички што уште не можам да ги решам.