Да трчам после да си ја купам одма, ептен ме мрзи да се парам Да не видам и јас нешто, само пари да се трошело
За 60 денари не вреди да се варам над пареа специјално за порите и досадните црнки. Мене ми трае за околу 6 третмани...живо џабе. Ја нанесувам само на Т-зоната. На други места немам потреба.
јас вчера видов на профилот на инстаграм чекам да каже кој ги провал некој да каже мислење за производиве?
И Palmolive од орхидеја е исто така многу убав и хидратантен, за цената не сум сигурна, ама веројатно не е многу скап.
Го носи денес некој патот накај ДМ (освен Капитол и Веро Џамбо)? Ќе ве молам, антицелулитниот на Хедера Вита да ми кажете каде го има на залиха. Тенк ју ин адвенс.
Јас мислам дека го видов вчера во ДМ Тафталиџе, но не сум сигурна зашто не обратив многу внимание. Пиши им порака на Инстаграм или фб, веднаш ќе ти вратат. Јас обично така правам кога не можам да најдам некој производ. П.С. Ако одам подоцна до ДМ кај Градски ѕид ќе те тагнам.
Ако поминува некоја до Дм или ако знае, ги имаат ли извадено кремите на Алверде со заштитен фактор? Многу би ми помогнале, да не одам џабе.
Прееска поминав и од Алверде и од останатите марки не беа извадени, само производи на Сан Денс беа изложени.
Па и не баш, намената не им е толку да прикриваат телесни мириси или да дадат мирис како класичен спреј за тело, туку освежуваат. Освежувач за лице и тело, кога ти треба инстантен освеж. За лето се топ, секогаш носам во чанта. Тој со кокос е ептен убав, ама не би го користела како фиксатор за шминка. Познавам некои кои ги користат и вака ама сепак мене не ми одговара за тоа.
Не знаев дека се користат и како фиксатор, на нивната страна беа претставени како спреј за тело. Примамливи се мирисите и на двата вида, ќе купам барем некој обавезно, и онака се евтини, да не ми биде криво. Ти благодарам.