Го користам овој спреј како освежувач и фиксатор за шминка, минатото лето ми беше спас, но сакам да пробам и некој друг. Кој би ми го препорачале?
Можат да се користат и така, наводно за „освежување“ на шминката, но мене не ми се допаѓа толку. Но сепак убаво го опуштаат лицето ако имаш нанесено некоја ептен матирачка пудра па чувствуваш дека те затега или слично. Така е супер, но пак немам потреба да го користам често за лице. Кога сум без шминка ми е супер секако. Особено за тело после туширање или во било кој период од денот - одлично. Мирис на лубеница не сакам многу, ама кокосот е врв. Инаку се апдејтирана верзија на оној обичниот спреј за тело и лице Aqua некако беше, сино шише. Фали се ако си купиш, верувам ќе ти се допадне било кој.
Само вода под притисок е, како mist. За освежување разбирам, ама не гледам ништо што би ја на било кој начин фиксирало шминката.
Па и јас, баш затоа ми беше чудно кога прочитав искуства по други форуми и низ видеа дека ги користат како фиксатор. Кога немам шминка ми е супер, било за лице или тело, одличен е спрејов.
Има Ебелин, Титанија, претпоставувам и Solingen, можеби и некои други. Според мене, најдобри и најквалитетни се чупалиците од Ебелин. Ја имам истата од сликата. Гумирани се, не се лизгаат од рака и ептен се прецизни, со закосен врв. Јас ја купив 100-120 мкд и ја користам со години. Уште е иста како првиот ден кога ја купив.
Го видела ли некоја гелов во дм? Лани летото го користев и ми беше одличен, но долго време не сум го начекала. И уште едно прашање околу спрејовите за кои се зборуваше во постовите погоре, дали ја размачкува шминката доколку ете сакам да се освежам некаде надвор ?
да ми препорачате некоја ампула за коса или препарат, само НЕ масло од ДМ бидејќи не сум баш задоволна? За испукани врвози и сува коса/ Со пристапна цена.
Имаше Keune ампули баш за испукани врвови. Јас ги користев пред можеби пред повеќе од половина година и многу ми се допаднаа. Мислам дека во ДМ беа нешто над 200 денари, повеќе од 300 не би требало.
Јас ја користам тонираната крема од Балеа ама во малку поинакво пакување (ова или е ново или сеуште го нема кај нас). Мојава има две нијанси, светла и потемна. Јас ја користам светлата. Структурата е пенеста и ја размачкувам како крема за лице. Не остава многу боја туку ја освежува кожата. Јас немам што посебно да покривам на лицето така да оваа ми е одлична за летно време да не ставам пудри. Во врска со овој тип на креми ја имама користено и ЦЦ кремата на Биотен - и од неа сум задоволна...
Оваа е нова, видов ставиле на сајтот. Хидратантна крема со малку пигмент и заштитен фактор, така да нешто како ББ крема е. И мене ми се виде супер за лето, па затоа и прашав. Сепак благодарам за одговорот.
Девојки, од кремите на Garnier Botanicals што се сега на акција, дали знаете дали воопшто ја има таа со алое вера? Прашував во ДМ на Битпазар но таа ја немаа, затоа да знам дали да барам по другите.
Ја има во ДМ Градски ѕид, само што се вратив од таму. Достапни беа сите три-четири креми од линијата Ботаникалс.
Браво за лентите за нос, толку се ефикасни, просто не ми се верува. И цената не е страшна, 119 за три ленти, ја ставам еднаш неделно