Одам у сауна секој ден после вежбање, така да од таму ми се толку многу отворени и запарени, нема смисла пак да се парам. Не би ти шкодело да се испариш, да го намокриш убаво носот и да го залепиш. Ти викам од едно вадење ми излегоа 90 посто. Вториот пат изглегоа помалку, зашто навистина немаше останато многу од првиот пат. Сега ќе ставам третатата за некој ден ќе видам дали ќе ми искочат и тие 4-5 што ми останаа на носот и ќе пишам
Да не го пробал некој лосионов? Всушност е лосион за под туш, со активен јаглен и кора од кокос, ми фати окце..
Препорачајте ми производи од ДМ за хидратација на лице, за мрсна кожа и кожа склона кон акни.Коишто сте ги користеле и имале доста ефект. По можност ако може да постирате со слики. Би ви била многу благодарна. Многу сакам да одам на отварањето во Штип, но тогаш баш не можам, па ќе одам нареден ден.
Имам комбинирана кожа но понекогаш и склона кон акни и од нигде никаде знам да се исфрлам на одредени делови од лицето (најчесто чело,брада и не многу често некое на образите) е сега што ми помага не знам баш колку е производ од ДМ Затоа што секогаш целта ми е да избирам природна козметика или евнтуално некој Благодет од природата, често си наоѓам рецепти кои што можам сама да ги направам и одамна сум во мисла дека треба да почнам да ги споделувам овде затоа што премногу имаат помогнато на мене,мои другарки, пријателки на мајка ми За акни си правам тоник од ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ од КОРО(луѓето кои што ги произведуваат ми се семејни пријатели и знам дека не е оцет полн со хемикалии) значи ставам 2-3 лажички јаболков оцет и мешам со 100мл вода го протрсувам убаво и го ставам во шишенце со распрскувач за да можам да си прскам на памукче полесно, претежно ставам кога сум по цели денови дома затоа што оцет како оцет мириса по малку, но и практикувам навечер пред спиење да нанесам за да не ме нервира миризбата. Бев скептик околу ова ама премногу ми помогна, особено во ПМС кога знаат да ми се појават ГРДИ&ОГРОМНИ бубулици ова ми ги суши и чисти за 1-2 дена без никаков проблем. Пробај затоа што јас препорачав на сестра на другарка (во пубертет е и лицето и е баш полно со бубулици) и верувај 85% од лицето по 1 месец користење и е веќе чисто. Уште нешто, пробај лицето да го миеш со ладна вода, мене топлата вода дополнително ми ја мрси Т-зоната, но откако свртев на ладна вода немам такви проблеми. Се надевам ќе ти помогнам Извинете на предолгиот пост
За тие што прашуваа, јас ја пробав на Балеа новата бб крема. Има многу мала покривност, речиси никаква, текстурата е баш како течна крема, врз неа ставив друга бб крема :/ Јас ја земав зашто ми се виде ефтина и реков супер за летово, ама бојата воопшто не ми одговара. Светлата нијанса е потемна од мојот тен, дури и накај жолто малку мава. Сеа се мислам дали да ја подарам или да ја чувам за сунчани денови. :/
Не знам дали веќе си ја пробала, ама во Дм кај Градски ѕид имаше тестер Ја пробав на рака и воошто не покрива, бојата исчезнува скроз кога ќе се размачка. Инаку, убаво мириса и мислам дека би дала добра хидратација.
Имаат нов ББ крем? Јас овој го користев На почетокот ми беше ок, ама после не знам зошто, не ми одговараше баш. Можеби кожата не ми го прифаќаше, цела пожолтував. Овој е подобар, барем кај мене се покажа подобар Ама одамна не сум користела вакви креми, мешам обичен крем за лице со течна пудра, исто како со бб крем да сум се намачкала.
Благодарам. Не ја пробав ама ме интересираше. Барем малку да покриваше. @Annath да нова е таа сега, ете со Ванилала пишувавме за тоа. Имам ставено слика на претходната страна.
го има ли некој користено овој лосион за тело од малина и ако може да сподели каков е мирисот на кожа, дали мириса пријатно или добива некој тежок мирис
Денес бев во ДМ меѓутоа го немаа овој крем,само серумот..Нешто слично од ДМ вакво за матирање? Скоро ни го отворија па немам искуство со овие производи
јас ја имам и кремава и серумот, можам да ти кажам дека многу повеќе ми се допаѓа кремот, малку е поскап... мислам околу 300 денари беше, а ова е 150 но ако можеш да си дозволиш, земи го серумот
Што сакаат да кажат со тоа „чиста нијанса на руса или сива боја“? Со силвер тонови е или? Ако да, би било супер за мене, косата под влијание на сонцето ми станува портокалова во лето.