Брзински денес наминав во ДМ во ГТЦ и имаа нови пилинзи на Балеа во кутивче. Имаше со кокос и со малина мислам, но се брзав и викам ај ќе пробуричкам на страната на ДМ што како ама гледам нигде ги немаат објавено, а ми останаа во мисли. Некоја случајно да не грабнала меѓувремено па да сподели ? Бтв не можам да најдам слика ни на гугл.
Ја прашав вработената за тоа чиста нијанса на руса или сива боја, ама ми рече дека не знае ни она што значи. Ама на декларацијата пишува дека е за секаков тип коса така да..и да, идеален е за на пат бидејќи е многу мал, по 50 мл има и од шампонот и од генераторот. P.s 99 денари е од денес. После ќе го испробам
После 2 миења можам да го кажам следново: Шампонот многу ми се допаѓа, не ставам многу и навистина добро пени и убаво ја измива косата и со ниеден шампон не ми била толку мека додека ја мијам. Има многу благ мирис на кокос(што мене лично не ми смета). Регенераторот од друга страна , не е нешто посебно искрено јас ни мирис не му осетив ни ништо, пред тоа користев маска на Kallos и многу повеќе се осеќаа меки врвовите. После сушење мене косата ми е скоро секогаш frizzy па така и во овој случај, ама имајте во предвид дека мене косата ми е премногу оштетена од фарбање. Се на се, шампонот ми се допаѓа, лесен е и мислам дека може да се користи доколку секој ден ја миете косата. Едит: Лесно се расчешлува, што не беше случај со жолтиот шампон на Alverde
@Hellobeautiful, те чекав да пишеш нешто за шампонов. Значи да се зема за проба, па ќе се најде за наваму-натаму. Па и штом се чувствува мирисот на кокос, ептен win-win, обожавам таков мирис.
@Mishela според мене, дефинитивно вреди и јас сум во план да си земам уште неколку, иако треба да барам некои за оштетена фарбана коса
Дали може да ми препорачате шампон од ДМ за осетлив скалп? Буквално секакви шампони имам пробано и скапи и вакви и такви и само оние обичните на афродита со лук,коприва, камилица што се ми одговараа и не ми ствараа првут. Е сега, проблемот е што морам да користам дополнителни препарати бидејќи во овие поприродниве нема премногу состојки. што до негде е добро, но баш и поради тоа ми е многу сува косата. И плус често ја мијам. Значи не некој прејак да биде, така за секојдневна употреба, но да ја прави косата помека и да и дава сјај?
Balea Med ultra sensitive shampoo. Alverde ultra sensitive shampoo. Mене ми се овие два добри, особено Балеа Мед за осетлив скалп. Со било кој друг шампон, ме чеша скалпот Јас за помека коса, пред миење со нив, понекогаш ставам масло од кантарион.
Не сум била во ДМ Србија, но со Германија пример се речиси тие истите, со тоа што има разлика во цените, и плус кај нас веројатно покасно малку стигнуваат некои нови линии (само претпоставка).
Пробај го секојдневниот шампон од Балеа, има убав состав и ја омекнува косата. А претходно нанеси масло на скалпот и косата и резултатите ќе бидат супер
Освен Аутан и ZIG ZAG (во најновиот каталог го видов овој бренд) , има друг спреј против комарци во ДМ? Конкретно за овие ме интересира? Ги има користено некој?
Бев денес во ДМ во Капитол и се разбира од таму не излегувам без барем три производи (денес со 6), али се изнервирав ептен. Воопшто не ги обновуваат потрошените нијанси на пудри и коректори. Римел стеј пат трнспарентната ја нема кој знае од кога, од течниот коректор на Катрис ги нема најсветлите нијанси, од Есенс банана само некоја праскаста нијанса... сите работи заради кои првично отидов ги немаше.