Јас го имам силиконсково четче. Ми се допаѓа што темелно ја вади шминката и брзо се суши за разлика од четката со влакна. Земи го, нема да погрешиш доколку секојдневно се шминкаш и имаш пори.
Женски дали тоников е за млада кожа? Пишува само дека е за нечиста ама на некои форуми читам дека е за постари о.О
Нечиста кожа значи кожа склона кон акни и митесери. А почесто кај млади е таква кожата, што значи дека тоникот може да го користат и помлади.
Видов дека во ДМ има попуст на Тренд ит ап и козметиката на Алверде, па што би ми препорачале? Од кои нивни производи сте задоволни?
Доколку сте ги виделе некаде големите ленти за депилација на тело на Балеа, ве молам информирајте ме. Во ДМ Сити Мол ги нема веќе подолго време.
Korektorot vo boi sto se za color correctibg mi se mene odlicni. I karminite se odlicni ja hidratiraat ubavo ustata i dobar pigment imaat.
Кој планира да троши пари во сити мол алал да си троши ваучер во ДМ... Ми се виде пРимамливо па да споделам РОДЕНДЕНСКО расположение во dm во ТЦ City Mall Ве повикуваме заедно да се забавуваме и да пазаруваме со супер РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТИ, и тоа: • До 50% на одредени парфеми • 25% на сите шминки AURA и trend IT UP • 20% на сите шминки Max Factor ✔Д͟О͟П͟О͟Л͟Н͟И͟Т͟Е͟Л͟Н͟О͟:͟ТЦ City Mall со секоја сметка со износ од над 3.000 мкд ви доделува подарок ваучер од 500 денари ✔В͟А͟Ж͟Н͟О͟:͟ добиениот ваучер ќе можете да го искористите токму кај нас во dm во ТЦ City Mall
имам едно прашање поврзано со дм маркетиве? Дали е добро снабден маркетот во тетово? Најблиску ми е но дали има што да се најде? Да не одам за џабе.
Дефинитивно ќе одиш за џабе. Ретко кога е снабдено.Полупразни се штандовите за козметика Пример катрис коректор носат еднаш во 4-5 месеци...
жалосно,тогаш што го чуваат оторен маркетот за џабе. Јас мислев да ѕирнам производи на алверде есенс и тренд ит ап.
Девојки препорачајте некоја од маските што се продаваат во ДМ да ставам колку за проба да ме освежи, бидејќи лицето ми е како дехидрирано. Имам комбинирама кон сува кожа, акни во последнп време затнати пори