Го има, го видов за ќера. Се мислев дал да го земам и јас и накрај не зедов. Масло од дива роза го користев, ама кратко, не ми беше нешто посебно. Во принцип не сакам маслени работи на лице па затоа вероватно и не го зедов q10.
Ако ти треба нешто како превенција против брчки, маслото од дива роза не знам колку би било вистински избор. Ма да, мене ми е супер за околу очи, особено за хидратација е врв. Против брчки не е, ама за нега е секако одлично. Мене ми се погоди.
Ставам јас веќе крема околу очи против брчки али мислев дополнително за навечер. Па на нет ја видов оваа другава па ми помати ум дали некој го користел. Цените како им се? @Sky-butterfly
Леле јас се збунив и те "излажав". Не видов алверде q10 туку балеа q10. Не знам зошто те прочитав едно а напишав друго. Во секој случај алверде дива роза користев, ама не знам дал има q10.
Што мислите ке има некој попуст на алверде и балеа сега пред нова година? Некако многу штури празничните попусти, па се мислам дали ке има уште некои до крајот на месецот.
Ако е оној што мислам, со четче како туш, го нанесуваш на измиени и исчистени очи (трепки) на коренот, исто како што го нанесуваш тушот. Може да поминеш со четчето и по должината на трепките. Дали е овој ? И јас го имам, не сум нешто задоволна. Приметив дека трепките ми паѓаат од него. Прво мислев дека не е причината, ама прекинав да го користам, престанаа да ми паѓаат, после пак почнав да го ставам, пак почнаа да ми паѓаат. Можеби кај тебе нема да има таков ефект.
Може кај тебе нема да има таков ефект, претходно и друга феминка имаше пишувано за него, мислам дека е во темата за трепки... е која беше, не знам... @Avery или @Luminary.... ќе се препознае можеби кога ќе прочита, таа беше задоволна. Е сега во истиот период ја користев и маскарава на Есенс па од неа да ми паѓале... ама сепак мислам дека е од серумот. Го имам уште, ќе го пробам пак.