Јас го коростам тоа на Алверде, во иста форма како ова погоре. Првата недела како да ми се издолжија малку трепките, ама на подолго вака нема некој огромен ефект. Четчето ќе го искористам, рицинусово масло да си ставам со него, најдобро ми се покажа Ова на Балеа не сум го пробала.
Сум те помешала тогаш... извини. Иначе и јас мислам дека на Алверде се подобри. Го користев ноќниот серум со кофеин. Како маскара беше тој, не со вакво четче. Ок беше, ништо посебно, ама барем не ми паѓаа трепките. После го немаше никаде низ Скопје и го баталив. Сега не сум го видела, ама не сум го ни барала.
Јас пишував, добро си запамтила Имав надградба на трепките, па не знам каков ефекти имаше на нив, ама го ставав и на веѓи и приметив подобрување (иако првичната намена не му е за веѓи), ми се згуснаа малку во деловите каде што имав дупки.
Тоа со Аура до кога трае за купен производ да добиеш пакетче со производи? И во кој ДМ тоа го има или во сите низ Ск?
Има настан на фб за Аура Дедо Мраз , и мислам над 1000 ден сметка добиваш 3д апликатор а над 1500 сет од четки , ама има одредени денови и саати каде што ги даваат подароците. На пр. вчера беше во ДМ во Расадник денес има во ДМ приквечер само до 21 часот во ДМ Сити мол. Јас денес бев во ДМ во ГТЦ направив сметка над 1200 ден ама ништо за подарок не ми дадоа
Често купувам од ДМ. Имаат квалитетни производи. Ги имам маските за лице Face food, геловите за туширање Балеа, кремите за лице со Q10, сувиот шампон Балеа, антиперспирантот, етеричните масла, омекнувачите. Нема утка. Имам забележано дека цените на оние производи што ги има и по другите маркети им се поскапи.
Веројатно дека во непосредна близина се наоѓа оној ДМ кај Градски ѕид. Ептен блиску се, па можеби има логика да е поради тоа.
А дали сте заинтересирани да отворам профил преку кој што ќе може да нарачувате производи од Дм? Т.е Ние сме 4 другарки кои што имаме повеќе време и би можеле да одиме, купиме производи по ваша нарачка и да ви ги пратиме? Затоа што знам дека во 70% од градовите нема Дм и многу прашуваат дали имаат достава и слично, а и Секој нема време и можност да оди до друг град за да купи тоа што му треба