Која е опсесијава на ДМ со Лила? Ми скисна да ја гледам на секое story! Цело време ги рекламира (за што не гледам потреба бидејќи и онака премногу муштерии имаат) а и ај веќе чим сакаат така, тогаш нека почнат да праќаат производи за рецензии на девојки кои што стварно се занимаваат со тоа, кои што постојано купуваат и испробуваат нови прозиводи и вреди да се читаат. Ама не..ај ќе и дадеме на Лила да ги сликне еднаш и толку.
@Hellobeautiful И јас се согласувам дека, барем за мене лично, нема ништо попримамливо кога читам вистински рецензии од вистински клиенти, за било кој производ. Кога се вклучени навистина оние што го користеле производот и кога се слушне приземјено мислење од реалноста ми е далеку подобро огледало за една компанија, отколку јавна фаца кога рекламира
Мене ми е многу глупаво, секој ден она е нешто како рекламира се едното исто и не навлегува во детали за нешто околу прозводот. „Суперхијалорунска киселниа (има три вида на киселини)“ добро ај кажи кои се тие. Секогаш се едните исти производи и го повторува најосновното ко да нешто е поразлично. Вака мене ми делува како да ја плаќаат нејзе да ги промовира ко да нешто им треба повеќе муптерии. Ако биле до толку очајни за муштерии ќе даваа клуб картички и ќе видат колку ќе трчат. Навистина не можам да сфатам зошто баш нејзе само ја рекламираат, поточно зошто она само ги тагнува на сторито нејзино. Единствено нешто што ми има логика е да и даваат пари за ова ама којзнае. Ама па од друга страна многу па и ме заболе што прави и дали заработува воопшто од ова, само ми пречи што секој ден за истите работи ја ставаат нејзе. Не е единствена што троши пари многу таму, да беше немашше да го има овој форум. Не знам едноставно многу замараат со неа и ме нервира.
Од линијата на Trend it up ги имам пробано само лаковите, поточно купив еден од пусти мерак на бојата, лакот е убав и густ, ама мириса многу лошо, мислам така како некоја боја за бојадисување ѕидови Тоа додека се нанесува лакот и додека се исуши, после го снемува мирисот, ама не би купувала пак, има интересни нијанси, ама ту експенсиво за со се мирисот
Женски, Foreo Luna mini 2 дали го има во македонските ДМ и цена? Ако некоја го користела нека пише искуство
Мислам дека нема тема за храната што ја има во ДМ, можеш слободно да отвориш во Храна и пијалоци, па таму да пишуваме, да не мешаме козметика и храна тука во оваа. Би било одлично да имаме ваква тема, верувам има многу кои купуваат по нешто, а имам и јас омилени работи од нивниот асортиман. Смисли еден вовед и да си даваме таму рецензии и за такви производи.
Супер е идејава Мишела Фала ти. Ќе смислам и отворам https://forum.femina.mk/threads/ДМ-Био.30057/ Девојки повелете Мојата прва отворена тема Тема блиску поврзана со Дм маркети. Да разменуваме мислења и се поврзано околу тие производи
Не знам дали мислењево е за тука,но сепак ќе го ставам.Редовен посетител сум на Dm со години,но последниве година дена ужасно ме нервира односот на обезбедувањето.И не е само во една продавница туку истото го имам забележано во повеќе продавници како Гтц,Капиштец,Skopje City Mall,Бит пазар.Секој што ќе влезе го сметаат за потенцијален крадец и одат по него.Еднаш во продавницата во Гтц,тинејџерки случајно ја бутнаа пластиката на која што се прикачени цените.Обезбедувањето беше женско и мислам да немаше толку гужва,ќе ги истепаше.Во истата продавница ми се има случено да свири аларм кога излегував,иако најрегуларно имав платено.Обезбедувањето веднаш дојде,но имав фискална и се беше во ред.Како и да е,беше непријатно искуство.Ваков однос немам забележано во Cosmo.
Затоа што многу им крадат. Баш барав пудра и девојчето вика еве тестерите сите се украдени, па и од пудрите зимаат. Мислам затоа се волку претпазливи.
Па кога штедат на персонал, на цел маркет само по 1-2 продавачки има Можат да стават камери па барем подискретно ќе биде тоа набљудување.