Има во розево и сино пакување, имаше некоја разлика во истите. Синото беше со кокос, а розевото искрено не се сеќавам. Ги имам користено и двете и многу сум задоволна. Инаку пакувањето не знам колку беше големо но знам дека јас го искористив за два-три третмани. Се исплати за цената навистина, околу 80 денари е колку што се сеќавам.
Јас ја имам кремата, таа што е во долга туба. Многу ми е убава, доволно хидратантна а не ја замастува дополнително кожата. Ми одговара многу, имам нормална кожа со масна т-зона. И составот не е лош колку што се сеќавам.
Да ми предложите некоја пена, гел, спреј, било што за дефинирање на локни/виткана коса за после миење на коса? Нешто што не се испира по нанесување.
Исто и за мене, особено за нивните маски за лице. Шумливата таблетка што ја продаваат беше океј колку толку ама премногу мала за када, повеке како за во леген за нозете да си ставиш.
Јас имам виткана коса, порано ставав гел, ама многу потешко ми се сушеше така и фризерката ми кажа дека тоа дополнително ми ја сушело косата, а виткана коса општо била сува коса. Ми предложи од балеа, ќе ставам сликички подоле. Прво го користев тоа како крема, 100 и нешто денари, супер беше. Ама увидов дека поисплатливо, а со ист квалитет, е тоа како маска или како и да го наречам што исто така се става на водена коса и не се измива а чини околу 200 денари мислам, а е поголемо. Од тоа не успеав да најдам слика, ама ќе ти прикачам како изгледа иста таква кутија само ти ќе ја бараш портокаловата. Јас сум задоволна од двете, исплатливи се, и локните убаво ми се дефинираат. Би ти препорачала да ги пробаш. Ете, прво со пената, па ако си задоволна да си продолжиш со другото. Исто и шампонот го имам пробано и океј ми беше.
Ова ли е тоа што не можеше слика да најдеш? Јас го користам кремот ( што си прикачила слика ), ама штом велиш дека е се исто да знам нареден пат ова поголемото да го земам
E да, баш од ова барав. Па искрено, барем кај мене ефектот е ист. И се исплати за парите - мијам коса околу 2 пати неделно и истото ми трае подолго од 4 месеци сигурно.