Путериве се на попуст од денес прееска во дм ги видов.Инаку пакувањата се многу мали, секое по 50 мл.
195 денари , ги има во Дм во Дивино, Бит Пазар, Веро Центар, Тетово, Велес, Куманово, Битола, СП Планет и Flatiron Им пишав порака на фб и ова ми го пишаа
Јас од Balea кремата за раце со Urea ја имам и задоволна сум од мирисот и хидратација. Мислам дека и лосионот за тело и гелот за туширање би биле добри. Од останатово заокружено немам ништо пробано
Its skin under eyes patches, ги има некој користено? ( не знам да ставам слика) и која им е цената во ДМ?
јас се мислев за нив и за тие греачи за стапала. Да ги испробам. Но ете штом детоксот имал ефект би го зела прво него
Поголема глупост од лепенкиве нема. Мислев дека е баш бела лепенка и тоа што вади е црнила, а тоа внатре полнето со некоја прашкаста материја која кога ќе се натопи поцрнува. Ова на тианде земав тие се 400-500ден ама претпоставувам дека на ист принцип се. И представничкава ме убадуваше како демек кога ги извадила утрото биле црни (нормално внатре се како пеничиња полнети како со прашкаста материја како чајот), и дека она пушач цел катран и го извадило од телото мирисале корнеле на тутун/катран. За малку ќе поверував се додека и моите не корнеа на катран, а јас во животот цигар немам запалено. Па уште ефект имале ако се користеле 10тина дена по ред. Аха 5000ден мене на дрво ми растат за лепенки со чај да ги фрлам Превара најголема, фрлени пари за џабе. Вршело детоксикација како да не.
Ефективни се сапуните за коса од дм? Оние на Балеа или на Алверде? И цената колку им е оприлика? Знам на Алверде се 400 денари