и јас еднаш зедов и катастрофа беше. После и од мирисот ми се слоши. Па реков ајде да не е до гелот може некој друг е подобар.
Геловите за туширање на Балеа мирисаат преубаво, имаат ептен преслатки пакувања ама мене ми се преагресивни за кожата и во принцип ги избегнувам. Од друга страна па, лосионите ми се имаат покажано како стварно океј- ем ја потхрануваат кожата, ем си го задржуваат мирисот уште некое време по нанесувањето. Кремите за раце на Балеа не ги користам, од истата причина што не ги користам ни кремите од Авон- кратко по нанесувањето осеќам како рацете да ми се потат, како да не ми „дише“ кожата. Од лабелата ни едно не ми се има погодено. Путерот за стапала од нане? Чиста 10ка!
Антибактериските гелови се за суво миење. Има,носат те од една,те од друга фирма,ама одма се дигаат од народ. Поскапени се ради ситуацијава.
@Компир Манџа Ако начекаш во маркетите,малите гелови се околу 60,60 и некој денар,а големите од 120 нагоре,во ДМ последно видов некои големи над 200 денари.
Немој да сте купиле од спрејот на Сенсилс за дезинфекција во дм. Јас го земав од дм за 229 а до еурофарм е 149. Ненормална работа!
За да не се излажеш и следен пат, се што можеш да најдеш во аптеки и маркети земај од таму. Во ДМ земај само работи што ги нема на друго место. ДМ секогаш ставаат х3 цени бидејќи биле бренд
На сите - бев во ДМ пред некој ден имаше известување дека сите каталошки изданија ќе ги има само онлајн за да не се створат ризици за ширење на вирусот преку нивна дистрибуција. Инаку каталозите им излегуваат секој втoр вторник колку што знам.
Дали може да ми кажете крема за лице со фактор што ја има во дм, со не многу висока цена? Освен онаа жолтата на балеа, сензитив, ја нема. Ви благодарам