Да,јас ја имам розевата со алое исто од балеа и после бричење не ми се иритира кожата и не ми се исфрла со такви ситни
Која е тајната што кремивоте и геловите за капење на Dove во Дм се околу 300 ден. А во аптека ги има на половина цена? Конкретно лосионот за тело го земам од Зегин за отприлика 180 ден а во ДМ е 300. Исто и Nivea Да не прават некои фејкови а овие во Дм да се оригинали
И јас тоа ќе спомнев. Во КАМ се многу поевтини. Лично не ги користам ама сум ги видела цените и стварно ме зачуди. Исто има голема разлика меѓу цените во ДМ кај нас и во Германија. Смешно е колку поскапо ќе продаваат тука. Еднаш со другарка додека бевме во ДМ коментиравме за огромната разлика (ама онаков муабет во стилот "нас тука не крадат, само гледаат пари да направат од нас ") и се погоди еден вработен во позадина и искоменира дека цените се такви какви што се поради тоа што се плаќа царина за увоз. Доволно е да кажам дека пропаднавме во земја .
Јас рексона користам откако знам за себе и истата разлика ја приметувам. Не само во ДМ, секаде во маркетиве е толку, освен Рамстор кога ќе го спуштат на попуст па пак е околу 90 денари ко во КАМ. Не е нормално толкава разлика.
Ги има ли некој користено овие производи? Како сте задоволни? Исто така и производите за лице дали можат да се комбинираат заедно?
@raww Јас ги имам користено пената за миење лице со алое од Балеа и кремата за лице со алги од Алверде. Пената според мене е најдобрата пена што сум ја користела. Нонстоп пробувам други и ниту една не ми е толку добра. Прелесна е, лицето го чисти одлично без никакво чувство на лепење или затегање, никогаш не ми направила проблем на кожата и одлично мириса. Буквално се' во врска со неа ми се допаѓа. Кремата со алги ја користам баш во моментов, еве веќе најмалку еден месец. Не е лоша, но не можам да речам и дека е нешто особено добра. Бидејќи е крем/гел, текстурата е малку лигава и дава мало чувство на лепливост и затегање откако ќе се нанесе. Но, одлично хидрира (јас имам мрсно чело, а многу суви образи), не ми направила никаков проблем на кожата и ми се допаѓа како мириса.
Од сите тие работи, единствено не ми се допадна кремата за лице. Некако ми имаше чудна формула, леплива. Не е лоша, но може да се најде некоја подобра. Мене многу повеќе ми се погоди кремата со дива роза од Алверде. Другите работи сите ми се убави и ги користам во моментов, поготово розовата пена за лице на Балеа. Таа ми е дури и поубава од сината.
Балеа пената ако е таа со хидро комплекс ептен ја препорачувам - не ја затегнува ниту суши кожата, а и преубаво ми мириса (јас имам комбинирана/чувствителна кожа). Балеа кремот за стапала исто го препорачувам. Другите ги немам пробано....
Јас би ја препорачала и пената за лице од Алведре, онаа со мирис на лимета и зелно јаболко. Убаво ја измива шминката и кога се поминав со мицеларна вода после тоа скоро и да не останало ништо после пената. Плус преубаво мириса, ја користам скоро недела дена и многу сум задоволна. Наменета е за нормална и комбинирана кожа, јас имам мрсна кожа и ми годи. https://www.dm.de/alverde-naturkosm...in1-bio-limette-bio-apfel-p4010355386311.html
По грешна сум купила два исти производи, ја чувам фискалната ако отидам ќе можам ли да го заменам со некој друг?