Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ДМ маркет

Дискусија во 'Тело' започната од MacaLove, 20 мај 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Јас сум задоволна. Е сега да бидам искрена не сум го користела за незнам какви дамки, но оние пожолтени од стоење излегоа. Денес ќе го искористам и за темни алишта па ќе пишам како испаднало.
     
    На slavica999 и AIT им се допаѓа ова.
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Ова уште денес ќе се провери и се надевам нема да има повторно феминска инвазија после прочитаново и да се разграбаат женишта па за мене да нема.
    :D
    Таа розевата мене не ми е лоша, еве 2 пати до сега ја користев и сум онака (не)задоволна, ко и секоја друга, ОК али ништо посебно. Косата ми е залепена за глава и нема волумен али тоа е ефектот со секоја маска до сега што сум ја користела. За 2 дена веќе е зејтин. И то.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.288
    Допаѓања:
    158.027
    Ја земав другата маска. Сличен ефект ми има како другата,не знам,не забележав разлика. Ама не ме сфаќајте како релевантна,пошто се сомневам дека ми е до шампонот. Го имам Елсив црниот,демек најнов што им е,за ефект на силна коса. Можам да кажам дека е благоужасен,ја заплескува косата, а од друга страна НИКОГАШ во животов не сум имала перут, сега ми направи,не изгледа страшно,ама го има колку да го има. Ужасен шампон,а и воопшто не ја чисти косата и кожата на главата. Како тој од бреза на Илирија нема шампон, убаво си го користев,нежно,а сепак убаво го чисти и скалпот и косата, дава волумен, не пресушува,косата брзо расте и убаво и долготрајно мириса, шампонче и пол,омилен ми е.
    Ќе ги пробам маските со тој шампон па ќе кажам.
     
  4. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Лилит јас ја користам маската (розевата) со тој од бреза од Илирија и не е лошо, али не е нешто со УАУ ефект. Косата нема волумен јас како што сакам или како што е ефектот само со шампонот и е мрсничка веќе вториот ден и слепена ко капа да сум носела. Ако ја најдам денес таа од праска ќе пробам и со неа и баш ќе споредам што е подобро.

    Во секој случај летово го комбинирав шампонот од бреза со Субрина регенераторот за коса
    (додека бев на одмор немав мој па се позајмував од дечко ми, има долга коса па да не ве зачуди зошто воопшто користи вакви препарати)
    [​IMG]
    и ми се виде како добра комбинација али не продолжив кога се вратив. Ако не добијам подобар ефект со овие маскиве ќе си го земам тој, проверена и сигурна работа.
     
  5. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    :Down: за овој шампон

    На вториот ден косата ми е многу мрсна,мислиш не сум се миела со денови |(
    :Down: и за гелот за миење на лице

    Иам комбинирана кожа,си го зедов овој,ама така ми ја суши кожата ако не ставам крeм мислам ќе почне да ми пука лицето :)
    Ги зедов дека читам убави коментари за продуктите на Дм, ги разгледав гледам така се поевтини од тие шо обично ги земам ама место да заштедам поголем трошок ми испадна. Јас обично си зиам на Nivea,Garnier,Dove и неможе да се спореди балеа со нив,малце се поскапи ама барем знаеш дека купуваш квалитет. Големото пакување на кремот за тело од кокос си го зедов,не е лош,убаво мириса ама пак не е тоа тоа.
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      6,5 KB
      Прегледи:
      412
    • dp_5-data.png
      dp_5-data.png
      Големина на фајлот:
      168,1 KB
      Прегледи:
      413
  6. biolog1982

    biolog1982 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Dali nekoj go koristel shamponot Balea More Blonde i kako se pokazal?
     

    Прикачени фајлови:

  7. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    Јас ја барав неколку пати ако некој ја нашол оваа линија нека пише како езадоволен
     
  8. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Денеска ме изнервираа. Бев да купам восок за депилација и на рафтот писува цена 99 ден., идам на каса 125 ден. Не ми беше за 25 ден. ама треба да си ја пишува цената која е. И реков на продавачката ми рече незнам кога ја покачиле, па ја ли треба да знам. :fubar:
     
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ехее тоа е така во сите маркети, не може да видиш која цена точно е наменета за производот над неа, може и да нема воопшто цена или па си стои некоја стара цена, па после на каса по нова наплаќаат. Сум слушнала како луѓе скандали прават за такви работи на каса ама и со право :!:
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.631
    Допаѓања:
    201.991
    Пол:
    Женски
    Малку офтопик ќе бидам, ама морам да прашам.
    Од каде купуваш квалитет, кога купуваш Нивеа, Гарние или Дав? Освен ако ги купуваш некаде во странство, овде дефинитивно не се квалитетни. Цената никогаш не е гаранција за квалитет. Јас од ниеден производ на горенаведениве не сум задоволна, а од Балеа и Алверде досега ништо не ме разочарало.
     
    На eli25, sunfemina и anabel-a им се допаѓа ова.
  11. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.181
    Допаѓања:
    259.562
    Пол:
    Женски
    Ја земав и јас фамозната маска за коса пред малку и можам да ви кажам дека има еден куп, се наоѓаат од десна страна кога ќе влезете во маркетот во ГТЦ после Сајос шампоните. Јас тргнав таков да си купам шампон на попуст ама ми кажаа дека поради немање интернет сеуште не важи новата понуда со попусти а старата е уште актуелна. Не можеле да ги променат цените.
    Ќе ве прашам една глупост, на македонското упатство пишува .."пакувањето по миењето да се нанесе на влажна коса.." ваљда не се користи цела туба одеднаш???? :?: :$
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.631
    Допаѓања:
    201.991
    Пол:
    Женски
    Не цела туба, колку што ти треба за твојата коса, толку ќе ставиш. И оставете ја да делува барем 5 минути, верувајте, се исплати. Ем ја штити косата, ем полесно се обликува - јас имам фризура и без фенирање што не беше случај порано.
    Иначе јас пак си купив од истата, портокаловата, не ми се експериментираше со другите.
     
    На Trendafilka и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Офтопик - јас правам „скандали“ :lol: затоа што знам дека како купувач сум должна да ја платам цената што е истакната, а не цената што нив ќе им излезе на каса! Ова најчесто ми се случува во Тинекс, мада имуни не се ниту другите брендови, било домашен или странски, оти во нив работат наши луѓе, а тие се однесуваат ко Стојко/а да ги боли за било какви пропусти во продавницата. Што има да му ја мислат, не се тие газди/шефови нели.
    Исто така, законот вели дека таму каде што нема истакнато цена за некој производ - истиот можеш да си го земеш бесплатно, пошто нели 0 денари е (ова, рака на срце, се` уште го немам направено, иако сум имала можност :D )

    Сакам да кажам - никогаш, ама НИКОГАШ не отстапувајте од цената што треба да ја платите, зошто ЗАКОНСКИ сте во право. Доволно е само Инспекција да спомните, и ќе ја видите реакцијата :)

    На темава - почнав навелико да ги користам Алверде производите и сум супер задоволна. Посебно од овој лосион за тело, кој ја прави кожата, благо речено - СВИЛА :lol: (мислам дека мојот не е со јојоба, со нешто друго е, ама не можам да го најдам :worried: )

    [​IMG]
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Bozica и вчера бев, барав значи и кај шампоните и маските што се, барав и кај што кажа Роси немаше ништо. Имаше само маска во цврсто пакување како крем за лице и оваа:
    [​IMG]
    Да не збориме за различен ДМ? Јас бев во ГТЦ, во тој кај Беко не сум била воопшто..
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.631
    Допаѓања:
    201.991
    Пол:
    Женски
    Во тој во ГТЦ овие креми или маски за коса се десно од влезот, на крајот од полицата со шампоните, во горниот дел. Јас минатата недела купив, полн беше рафтот.
     
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498

    Јас обично ставам од маскава количински три пати повеќе од паста за заби кога ставаш.
    А, а кажи објаснување :$ :D.

    Ама нормално сега, ако ти е подолга косата ставаш повеќе.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.181
    Допаѓања:
    259.562
    Пол:
    Женски
    Додека шетав денеска низ рафтовите си викам којзнае колку феминки има сега помеѓу жениве во маркетов. :lol:
    Мислам дека треба попуст да имаме на каса со кажано кориснично име од сајтов за бесплатната реклама. Гарант продажбата на маскава за коса им се зголемила 100%
     
    На antonina, AIT, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Да, да таму гледав (во петокот и вчера пак) ама имаше само розеви и таква земав ама не е нешто посебно, барем не како што јас ја замислувам оваа портокаловата после толку фалење на форумов.
    :)
     
  19. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Јас бев прееска баш ја имаше таа крема/или пакување како што пишува на самата декларација.. а ако нешто барате и го нема на рафт слободно побарајте да ви донесат од магацин ако имаат.. јас барем така правам :lol:

    Стандардно за маркетите и продавниците во нашата мила државичка без никакви права и заштита на потрошувачот..комотно тоа може да се пријави дека на рафт имаат производи со различна цена од онаа на каса... а исто во ДМ имам приметено дека иако им е помината одредена акција сеуште им стојат цените со попуст, а кога се оди на каса ти кажуваат аааа акцијата ни заврши.. |(
     
  20. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Во тој кај Беко маскава стои во редот со шампони и тоа веднаш до мојот-виолетовиот :D
    Инаку да го пофалам средството за избелување алишта 500гр. 90-100 денари што е и е универзално и за бели и за шарени .Скоро исто е како Вениш и навистина вади флеки(барем од бебешка храна :) ) .Исто така ви ги препорачувам марамиците во кутија (правоаголна) на ДМ што се ,90тина денари за 100 парчиња,меки и нежни како свила се :*
    Таблетите за чистење ВЦ школка се исто така добри ,само го немаат пенењето како Торнадо таблетите,но за 150тина денари 20(или 30 ?) таблети се супер,а што е најважно не мирисаат,па се идеални за домови со деца.
    Марамиците за прашина (жолта кеса 50денари) исто така се добри и приметувам дека помалку се нафаќа прашина на површините кои ги бришев.
    Сакам да прашам дали некоја ги користи магичните крпи и дали се добри ???