Прв пат користам серум искрено, не знам како е правилно https://www.dm.de/catrice-lipgloss-...p-booster-hot-plumper-010-p4059729250322.html Го има ли кај нас?
Серуми кои содржат хијалуронска киселина се нанесуваат исклучиво на влажна кожа. А за останатите серуми не мора да се применува тоа правило. Ама пожелно е на чисто и тонирано лице да се нанесат, значи тоник, па серум, па крем/масло.
Јас синоќа за прв пат користев хијалуронска киселина (на Revox), ама на сува кожа. Денес се разбудив со жешко лице, розеви образи и големи пори (како портокал ми се образите). Може да е реакција од хијалуронската киселина? Ставив маст од невен, но се' уште ми се жешки и розеви образите! Имаш некој совет?
И си нагласок задолжително крем/масло на крај, зошто хијалуронот не е "паметен" па влече вода и од длабинските слоеви на кожата не само онаа од површината со која се нанесува, што значи, на површина ќе изгледа ок, а длабински ќе се дехидрира што своевремено ќе создаде контраефект. Пожелно нешто хидратнантно, но ако е многу сува кожа тогаш масло. Одговорот делумно ти е во моево мислење погоре. Ако и не пиеш вода и така, си направила алергиска реакција и си ја дехидрирала кожата.
Не ти одговара некоја состојка, не верувам дека ќе е поинаку ако ја ставиш на влажна кожа, ама може да пробаш. Значи благо влажна кожа, го тапкаш серумот и одма ставаш крем, не чекаш да се упие.
Пред х.к. користев нова маска за лице - Revuele Vegan & Organic Nourishing Mud Mask, можеби е до тоа. После х.к. нанесов крема Alverde aqua 24. Ќе почекам да ми се смири лицето, потоа ќе ја пробам х.к. на благо влажна кожа, да видам дали повторно ќе има реакција. Можеби е и до маската, језда ми се чини дека има доста добри состојки таа.
Можно е и од маската. Ама сама ќе видиш. Нема врска дали има добри состојки, и тие знаат да дадат реакција ако не ти одговара некоја од нив. Генерално самиот хијалурон не би требало да дава таква реакција, ама ако не се користи правилно и не внесуваш доволно течност како што пиша @Lilit, ја влече влагата од кожата и лицето ќе ти биде дехидрирано.
Young&Pure на козметика Афродита. Мене ми го препорача @Minci13, многу сум задоволна. Исто, комбинирана кожа имам со црнки и пори. Го има и во ДМ, околу 300 денари беше мислам.
Јас моментално го користам од Афродита за чувствителна кожа,кога малку ќе упие и кожата ми е полувлажна ставам од ниацинамидот Мислам дека нема да ти штети во комбинација да ги користиш