И јас дојдов тука да барам тоник Го имав еднаш одамна купено тој розевиот од Балеа, ама кожата премногу ми се вцрвени и ме печеше и од тогаш баталив тоници. Имам нормална/сува кожа.
Доколку ти е битен составот и небитна цената, ти го препорачувам овој на Др. Хаушка. Јас го користам веќе еден месец и сум задоволна. Ми ја омекнува и хидрира кожата, и супер е за под крема или серум/масло. Со пумпица и прскање е, па некогаш знам да напрскам на памукче и да го "избришам" лицето, а некогаш само ќе напрскам. Само внимавај при купување, многу се слични со тој за комбинирана/масна кожа. Мислам на тој пишува Special toner, или слично.
Јас почнав да го користам во исто време кога почнав и со салицилна киселина. Од пред 1 недела користам наутро и ниацинамид и можам да кажам дека има мало подобрување за овие 2 недели. Порите ми се намалени, посебно на челото, таму би беа најголеми, а црнките на носот ми се познаваа најмногу, најбројни беа, исто се намалени. Исто и ситните брунки на образите и црвенила кои ги имав се помалку од претходно.
Дали го има овој гел за миење во ДМ во Капитол? Минатиот пат кога бев не можев да најдам ништо од оваа колекција, па не знам дали воопшто ја носат таму.
Да има како сет се 4-5 од Ебелин, а за цената не ми текнува точно.Доколку некој ги користел да пише дали по користење влакната се згуснуваат или изгледаат ко бричени?
Мислам дека од различни земји ги дистрибуираат. франшиза за Dove има во повеќе земји. овие кам стокомак како што можам да приметам се италијански.. а во дм не знам? германски можда? али сигурна сум дека не се истите зашто во дм на пример ги нема оние џиновски пакувања на купки како во кам.
Не се згуснуваат. Колку корени имало пред тоа толку ќе има и после. Не се оштри како кај мажите. Јас откако почнав да ги користам не можам да се замислам без нив, голема разлика има. Ги нарачав од Алиекспрес, но мислам дека има од Ебелин во ДМ.
Лелеле зошто такво размислување. Истите дистрибутери ги носат и во Кам, Стокомак, ДМ, па дури и во аптеките.Пишувано е овде на форумов веќе дека во ДМ исплатливо е да ги купиш само нивните производи, бидејќи останатите можеш да ги најдеш на друго место многу поефтини.Во ДМ не се златни производите, само што ја плаќаш ДМ марката.Пример dove лосионот кој таму е 300, а во Кам е 99.
Размислувањето и е на место и често вистинито. За најпознатите марки, како Nive, Dove и сл. постојат повеќе различни увозници од различни држави, па така и крајната цена е различна. Увозникот за Dove за Зегин на пример е самиот Зегин и затоа дезодоранс што во маркет кошта 190-200 ден., во Зегин е 85 ден. (со свои очи видено и проверено).
Во ред можеби за некој производ е така.Сепак ако ги провериш сите производи ќе видиш дека најмалку +20денари се поскапи во ДМ од останатите маркети и тоа баш поради нивната марка.Не го зборувам тоа напразно, лично таму ми го имаат кажано тоа.
Не е поради нивната марка, туку се увезуваат од Германија и имаат поголеми трошоци и цената на чинење се зголемува. Може ставаат и маржа плус како што кит го и кам имаат разлилни цени на ист производ. Се е до политиката на маркетот. Друго е да ја увезеш од Бугаарија нивеата, друго е од Германија.
Ама луѓе во ред е, кој како сака може да мисли.Јас кажав за некој што го праша тоа.Најискрено ви кажувам дека се истите производи од исти дистрибутери.Одете и направете споредба.Тоа ми го има кажано нивни шеф, а и имам контакт со нивни дистрибутери што истовремено ги носат и во Кам и во ДМ.Сепак на кој колку пари му одговара да дава таму оди и си пазари.
На налепницата од производот пишува дистрибутер, секој може да ја прочита таа информација. Но, може да биде истиот дистрибутер (на пример AWT), а тој да увезува од повеќе држави и зависно од договорот со маркетот, да дистрибуира прозиводи увезени од различни држави низ маркетите. Во ДМ конкретно, да, производите се увезени од Германија. Исто така, сите оние брендови како Нивеа, Гарниер, Рексона, итн, на кои рокот го пишува на налепницата, можат да бидат со оригинално поминат рок, а презалепена нова налепница со нов рок. Затоа, купувајте си производи со рокот врежан во пластиката на производот, како што тоа го прави бренодот на ДМ.