супер се тие малите жилетчиња за лице, ги користам за надусници и меѓу веѓи еднаш до два пати неделно и исто си растат како после депилирање со восок (побрзо секако затоа што не е од корен извадено влакното). околу 200 денари се во дм во пакување од 3 ако добро се сеќавам.
дали некој знае дали уште ги има овие два производи во дм? Пред околу една година ги имаше ама сега??
Не знам дали ги има, ама јас не бев задоволна од нив воопшто. Млекото за тело остава бела трага која кога ќе се исуши се лупи како лишпички мали, не нуди некоја посебна хидратација, а мирисот многу кратко трае. Дезодорансот мириса многу благо и тешко, не штити од потење и остава леплива трага под пазувите. За мене двете се no-no!
Сакаш да кажеш дека може комплет лицето да си го сресиш и полсе тоа нема да се згиснат влакната ниту да станат цврсти како со брич ? Туку да прашам некој добар проверем производ од ДМ за нозе. Поточно за пети ми треба божем цело зиме се ги мачкам премачкувам на крајот пак каша попара ми се нозеве еве сега како изгледаат Спојлер: Нозе . Последно оваа маска ја користев т.е целосната колекција од оваа линија нешто што бИ имало реакција да се вратат во нормала има ли или тешко?
E ова го барав само ова го немаше во дм кај мене , имаше слично едно но не знаев дали е тоа тоа. Кажи ми има стварно ефекти или џабе парите ,од колку третмана да очекувам реакција нешто подобро?
Земи на Ревуеле маска со млечна киселина и камен за пети. Ќе се препородиш. Подобро нешто немам користено
Еве, немам од кутијата. Се препорачува еднаш неделно, 1ч намачкани со ќеса горе. После ги мијам и поминувам со камен. Мислам вакви не ми биле од дете петите
Ќе побарам после до дм. Јас прва година вака да ми се петите дали е ос водата тука во Германија не знам , гадно ми е за гледање како петите ми пукаат и демек се ги пазам после туширање мачкање соте салтанати и не бре пукаат. Дури доле бев не ги ич мачкав со ништо супер си беа. Сега кожата никаква косата исто.
Ако користиш некој серум, тоник за лице со киселина (гликолна, салицилна, млечна) ставај два пати неделно па потоа крем и облечи чорапи. Се препородуваат петите.
Да, но не повеќе од два пати неделно. И после салицилната обавезно крем некој. Рецептов ми е од коментар на децием.