Јас го користев на Марион кога имав долга коса и преубаво е за расчешлување. Сега бидејќи ми е кратка го користам на калос кератин спрејот, исто е на попуст.
За прајмерот од Нивеа прашував и сама во темата за Виткана коса и неколку членки имаа споделено дека не им одговарал, некако им ја правел косата леплива. Јас би ти го препорачала оној за 139 денари од Балеа, доколку имаш виткана коса (а претпоставувам дека имаш штом прашуваш за прајмерот). Го користев еднаш пред неколку години и немав лошо искуство. Кремата која ја користам од истата линија веќе неколку месеци не ја гледам во ДМ па го искористив попустов и пак си ја земав кремава додека е на попуст.
Женски Што мислите за оваа пена на Афродита? Ја има ли некој пробано? Или да си останам на Балеа плавата? Тоникот го користам предобар е,во составот прочитав дека има нијацинамид затоа сум заинтересирана.
Не ја имам пробано оваа на Афродита, но веќе два месеци ја користам оваа на Алверде и многу ми се допаѓа (https://www.dm.de/alverde-naturkosm...in1-bio-limette-bio-apfel-p4010355386311.html). Мирисот особено, мириса на зелено јаболко и лимета. Но таман ми се потроши, а и имам мрсна кожа па можеби ќе ја испробам оваа на Афродита во зависност од мислењата тука.
Користев една на алверде мислам со камилица беше со темно зелено капаче,се ми беше океј само што премногу мирисаше на алкохол Затоа ми де сумљиви овие на алверде
Оваа немам осетено да мириса на алкохол. Како што спомнав, баш мирисот многу ми се допаѓа, ептен е освежувачки. Тоа со камилица не сум го пробала досега.
Go ima vo dm imam videno,ama eden expert u skincare imase kazano deka e bezveze stvar bez nikakva funkcija..
За масажа и циркулација, помага подобро да се апсорбираат кремата/серумот. Јас го чувам во фрижидер и го користам најчесто наутро. Инаку би ви препорачала да си нарачате од алиекспрес бидејќи буквално се истите, а разликата во цената е огромна.
Дали помага овој гел? Од маските лицето ми е ужасно. Во пределот кај што ја носам маската на два дена нова акна ми искача.. Ќе полудам. Сона не ми помага, ниту здраве.