Ретко и ја го наоѓам , прашај ги касиерките кога ке донесат роба , и иди тогаш иначе ретко да го начекаш
Го видов прошлиот пат кога бев исто во Капитол го имаше пред 2 недели и криво ми е што не земав да го пробам ама сигурно ќе го донесат
Оди во некои каде што нема многу гужва како што се двете филијали во Кисела Вода. Таму би требало во секое време да начекаш.
Или ѕвонете им јас така правам кога ми треба нешто да не идам да се малтретирам одма кажуваат дали има или не
Ne,ama podeleni se mislenjata za gelot.Nekolku devojcinja spodelija iskustvo deka malku im ja susi kozata
Крајно сум разочарана со цените периодов. Повеќето производи кога се на попуст се како што беа пред некој месец без попуст. Eveline 8 in 1 секогаш го начекував на попуст, од 155 ден (или 150) на 115, а последно со попуст беше 150тина ден. Исто и Балеа геловите за миење лице. За пудрите пак немам ком. Ставаат цени дека биле пр 900 ден, што никогаш не биле таа цена, па демек со попуст 800. Сега гледам Wet n wild dewy од 729 на 559. Пудрава пред две недели не ја ни имаше, а старата верзија беше помалку од 500 ден (околу 470). На официјалната страна на Wet n wild, на Beautybay, Ulta двете верзии на пудрата се иста цена (6.5$+-, 350тина ден). Разбирам дека шипингот не е секаде ист, но не знам како цените на пудрите се искачуваат за 200 ден. во ДМ а во други парфимерии не.
А маскарите имаш приметено дали се поскапи? Се мислам дека Maybelline по 600 им се,а во Космо 500 ден.
Би ти го препорачала Revuele 9 in 1 Complex како замена за Eveline 8 in 1. Долго време го користев Eveline 8 in 1 и случајно налетав на Revuele 9 in 1 Complex во ДМ и се одлучив да го земам. Искрено, добра работа си врши. Не гледам некоја значајна разлика во квалитетот помеѓу двата, додека пак во цената имаше. Не знам која му е цената сега, а не се сеќавам ни тогаш. Мислам дека го земав на попуст, ама дури и со нормалната цена беше поевтин од Eveline 8 in 1 - околу 150 денари можеби, не знам искрено. А исто така имам читано доста добри мислења за лакот со калциум од Фармаси. Мислам дека цената му била околу 100 денари (провери на нивната страна, го имаат ставено моменталниот месечен каталог). Размислувам тој да го пробам следно ама никако да го дотрошам овој на Revuele.
Секогаш било така. Еднаш дури забележав дека етеричното масло што сум го купила било со поминат рок, а врз него прелепена друга амбалажа. ДНО
А што е причината за дуплите па и тродупли цени на Dove, Palmolive? Пример пилингот за тело Dove го купив од Зегин околу 200 денари, во ДМ 480 Лосионот за тело исто Dove, во Кам редовна цена 100че, во ДМ е над 200. Разбирам поскапо ама ова е грабеж.
Има многу работи што влијаат на цената , дали е увезено од паралела или од овластениот добавувач , дали е со краток рок , маржа и сл. Кам , Стокомак и сл земаат од паралела , Зегин 90 % од производите им се со краток рок затоа и се поефтини
Јас од ДМ летово максимално се разочарав. Првиот пат, ме направија криминалец прва класа, им влегов со тренерки, со новчаник и клуч во џеб. Буквално 3 секунди разгледував само и искочив. Е ама, на искачање почна да свири фамозниот аларм. Ајде ме застанаа, извадив тие 2 ебани работи што ги имав у џеб, ги пројдоа на каса да видат да не титка ради нив, поминав без нив и пак свиреше па ме пикнаа две девојки во магацин и типкиве СТОЈАТ само а и ме гледаат, не прашуваат ништо само скенираат со очи, буквално им понудив да соблечам и патики и овие се смешкаа и се гледаа, џебовите ги истегнав до земја, ги замолив фино и културно ако толку се сомневаат да вратат камери да проверат, не сакаа. Ајде искочивме од магацин, пак проаѓам, пак свири. ПАК ме вратија во магацин да ме претресуваат. Таа едната шета околу мене јас и кревам маица да види, фалеше уше да се натртам да раширам гз. Таа другата па стои и превртува очи. Ако толку беа убедени дека крадам, уште првиот пат можеа да проверат камери значи 3 секунди работа. На крај кога искочив не свиреше алармот, и буквално едната стоеше на врата и ме гледаше како си одам и тоа со намрштена фаца. Во меѓувреме во продавницата сигурно едно 20 луѓе беа, па и некои што ги познавам, се обрукав максимално. А да, не добив ни извини ни ништо, јас им се извинував?!?!? не знам за што се извинив сега да бев ќе ти отерав у 15 лепе. Можеа и они културно и пристојно да ми кажат дека им е таква процедурата (океј, еднаш да ме проверат ајде) ама два пати???!! Од тој ден немам стапнато во тој ДМ и мислам веќе никогаш нема. Потоа во друг ДМ си пазарев, и ајде да ја искористам онаа картичката со 15% што ја даваа сега, на толку голема сметка попустот испадна едвај 40 денари. Ама јас смотана за да не чекаат луѓе ред надвор одма си искочив и не приметив колку уствари ми наплатила. Кога сфатив беше касно. Жими се веќе никогаш ама НИКОГАШ не би влегла пак во ДМ, за жал има некои производи кои постојано ги купувам ама ќе гледам да им најдам замена од некоја друга дрогерија.