Штоо? Немаат право на таков претрес. Во која дрогерија било ова, требало да се пожалиш кај менаџерите на нивната веб страна.
Разговарано беше уште следниот ден, штета јас не можев да одам па отиде моја блиска во мое име и и' кажале дека сум шетала со ќеса во маркетот. Што нема врска, буквално со празни раце влегов и излегов. Ај што се потсетив сеа, ми се повраќа кога ќе ми текне на маркетов и вработените(не сите).
Јас имам приметено дека те буљаат кога си пазариш или обезбедувањето ме следи и мене многу непријатно ми паѓа И кај смеат бре така да те чепкаат да сум на твое место рацете ќе им ги скратев. И стварно не е во ред сите да ги третираат како криминалци,нека си стават камери у секое ќоше и нека седне некоја персона да набљудува а не у врат да ми дишат.
Изгледа ова со обезведувањево им е маркетинг трик, зашто повеќе од 10 пати сум купила работи на брзина баш бидејќи ми било непријатно од тие што ме зјапале. Човек да не може на раат да разгледа.
@Hellobeautiful, да не ти е новчаникот од Stradivarius? Мојот два пати ми го скрати животот ама се се заврши со претресување на ташната и заклучокот дека Страдивариус треба да си го реши проблемот со свиречките новчаници. Во секој случај, жал ми е тоа што ти се случило, многу непријатна ситуација но колку што сум информирана, вработените не смеат да прават претрес, ниту пак полиција да викаат ако немаат доказ дека нешто си украла.
Не, новчаникот ми е стар 10 години можда а може 3 години активно го користам и секогаш е со мене. Друг пат немало проблем. Привезокот на клучот ми беше нов, ми го проверија два пати на каса и тоа. И друг пат ми свирел алармот ама обично ме пуштале, ова не знам што им требаше последниот пат. Бтв, камо среќа претрес барем да ми направеа кога веќе ме пикаат по магацини. Они само стоеа и се гледаа, те во мене, те меѓусебе. Да направеа претрес немаше по втор пат да ме носат во магацин - и пак да ме гледаат.
@Hellobeautiful не знам само со кое право ќе те носат во магацин. Тоа не ќе да е законски. Те видел некој дека крадеш? Не. Имаш нешто украдено во ташната? Не Нека ти е среќен патот а алармот нека свири. Ако си успеала да набуташ кармин во анална шуплина насред маркет без никој да те види што да кажам друго освен, алал нека ти е (сарказам) Срамота за маркетот и огромен непрофесионализам од страна на вработените. Најмалку што можеле е да ти се извинат.
Еве баш во најновиот каталог. Цената на пудрава без попуст и беше околу 480 денари, со попуст околу 350. Стварно не се нормални, што е работава? Покачување од 250 денари! 50%
Јас пак имам торба од Манго со некој железен детал на неа, па кога и да отидам во ДМ или во Рамстор свирам. Многу незгодна работа. Почнав да ги избегнувам тие места кога ја носам торбата на мене. Мислам дека Рамстор и ДМ треба да си ги средат алармите, неможе само таму да свирам а никаде на друго место.
Дали го има ова во ДМ, која му е цената и некоја од вас да го пробала да ми каже дали е добра оваа маска за коса.
Јас ја пробав, не можам да речам дека е ептен лоша, ама дефинитивно под очекувањата. Освен лесно расчешлување, друго ништо посебно.
Да, мириса пријатно на кокос, сега за трајност на мирисот на косата не би можела да ти кажам зошто сама и парфеми не си осеќам, ама си мириса на кокос дури го користиш, да
Мене ми е многу, многу убава. Ја купив скроз на среќа, беше на некоја акција пред скоро и викам ајде да сменам малку. Цената беше помалку од 200 денари. Мирисот е ептен летен и фин, косата ми е многу мека, не ми се разлетува, ептен лесно се обликува и не ми се мрси дополнително од маскава. За тие пари, топ е.
Јас ја имам онаа со кератин од истата линија. Ја земав на попуст за околу 150 денари а последно кога ја гледав беше околу 200 денари, оригиналната цена. Сепак би рекла дека се исплати за парите. Јас сум многу задоволна од оваа од кератин. Убаво мириса и косата лесно се расчешлува. Но следно би ја пробала оваа со кокос или чоколадо.