Знам дека видов вакво во тековниот каталог на Авон (можеш да го разгледаш и да нарачаш онлајн), но за ДМ не сум сигурна.
Јас имам вакво мислам од ебелин, и попрво носот ќе ми се искрши отколку црнка да излезе. Или јас не го користам како што треба или стварно воопшто не е ефикасно. Бтв, сте ја виделе некаде пенава во скоро време? Не знам колку маркети свртев никаде ја нема.
Точно за тоа за црнки, и јас не видов корист. Лом се направив, црвенило после, ништо не извади. А и доста болеше кога минував со него. Инаку, таа пена мислам дека веќе ја нема, ама не сум сосема сигурна. Сега е оваа со алое, јас ја користам, за комбинирана кожа е прекрасна.
Јас го имам користено тоникот од оваа линија и лицето ме печеше уште првата секунда кога го ставив, не знам дали имаат некаква поврзаност состојките од истата линија затоа што после тоа не се осудив да земам нешто розево за лице од Балеа .
Мене супер ми беше плавата... Некоја друга препопрака за пена? Може и на Афродита ако има. Гледам многу ги фалат.
Немам појма од skincare и постојано гледам девојки како го користат ова. Ако некој може да објасни каков ефект има?
Ваквите работи се рекламираат за подлабинско чистење при миење на лице, меѓутоа нема потреба од нив, доволни се рацете. Плус, истовремено ќе правиш и површинска ексфолијација при секое миење на лицето, што би било премногу/пречесто.
@Hellobeautiful баш завчера ја купив пената во ДМ во Веро. Провери таму, сигурно ќе најдеш, имаше на залиха.
Пред 3 дена мислам бев и ја немаше, потоа во Капиштец проверив ни таму немаше. Ќе отидам деновиве пак, фала ти
И во Штип ја немаше. Неколку пати одев. Во среда кажаа дека добивале нова роба од Скопје. Денес си ја купив.
Доколку сеуште не ја најде пената, ја има во ДМ во Кисела Вода, обично на неколку дена ги пополнуваат залихите и затоа знае да ги нема некои производи од време на време.
Го пробал некој балзамов? Пишува дека е без силикони еве состав: Aqua, Glycerin, Cetearyl Alcohol, Isopropyl Palmitate, Behentrimonium Chloride, Panthenol, Argania Spinosa Kernel Oil, Parfum, Isopropyl Alcohol, Hydrolyzed Keratin, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, Citric Acid