Е вакви работи кога ќе видам... Или во превод: „За сите љубители на природната козметика“ ДМ има да понуди Propylene Glycol, Disodium EDTA, PEG-8, Acrylates/Palmeth-25 Acrylate Copolymer.... Не знам што е полошо, дали обидот на дистрибутерите се живо да „протнат“ и изрекламираат како природно и органско или аматеризмот на ДМ Македонија и неговите одговорни лица, да голтаат се што ќе им се сервира без притоа ниту малку да се позамараат и да проверат што пишуваат и што рекламираат на публиката. Па еден единствен човек во цела фирма треба да има, кој барем малку ќе се разбира во состојки... Последен пат кога бев во ДМ во МК, видов пени за лице на (милам дека беа) Revuele....2 различни бои плава и црвена ако добро се сеќавам...составот Хорор со големо Х, они го тупнале во природна козметика, онака лабаво. Можеби на повеќето не им пречи, ниту пак го забележуваат ова, но според мене ова е од една страна неспособност, а од друга страна (свесно или несвесно) манипулирање на потрошувачите, кои не сите се разбираат во состојки и веруваат дека ДМ нема да ги лаже.
Не. Кремава е наменета за сува кожа и идеална е за возраст над 30 години. Јас имам сува кожа и сакав да ја купам за хидратација, ама ми кажаа дека е за повозрасни и си ја земав на Алверде кремата од дива роза.
Не сум ја користела, ама не е само за сува кожа, кремава е за дехидрирана кожа, тоа пишува на неа. А дехидрираната кожа може да биде и сува, и масна и комбинирана. И не, не е за повозрасни, барем не е ништо наведено на амбалажата. Колку што имам забележано, кај кремите на Балеа за повозрасни, напишана е возраста на амбалажата.
Не знам не сум сигурна, ама истото тоа што го кажав го пишуваше на страната на ДМ кога ја рекламираа кремава.
Ако на самите амбалажи на производите пишува дека се органски или природни, ДМ ќе ги издвои во таков дел на рафт. Сигурно не очекувате тие да зборуваат за фирмите со кои соработуваат дека лажат/манипулираат?
И јас сум по @Annath, во дм ставаат возраст на кремите (на Балеа и Алверде) исто така и за каква кожа е. Јас имам нормална до масна кожа па хидрирачки креми секогаш ми одговарале.
Точно. јас имам комбинирана кожа која некоаш знае да биде премасна а некогаш да биде претерано сува и затегната. Кремава во комбинација со розевата пена за миење лице ми ја средија кожата, буквално нон стоп ми беше нахранета али не мрсна и не сува. само што не ми се допаѓа што кога ке ја ставиш има некој ефект како да свети кожата, не масно него не знам како да објаснам. Али за под шминка ми беше супер. За во зимен период би ја комбинирала со истиот серум
Како да имаш хајлајтер, така? Не е dull и набрана, туку е баш сјајна, цврста и мазна, ознака на хидрирана и здрава кожа. Хидратацијата е многу битна кај секој тип на кожа, да не речам клучен фактор на негата.
Да, да. Истиот ефект и кај мајка ми беше. Имало уште една слична на оваа, а можеби и иста во тиркизно пакување само е уште похранлива, ја исфрлаат оваа плавава и ја воведуваат таа како тиркизна, демек таа е за во зима. Сакам и неа да ја пробам, ако го нема тој ефект таа ке ми биде супер за кога нема да ставам шминка.
Исто искуство со кремата и пената. Имам комбинирана кожа и многу ми одговараат и кремата и пената. Го користам и истиот серум, одлична им е оваа линија
Да ме просветлите која е таа розева пена за миење лице, да не ја пребарувам цела тема. Ќе ја пробам и јас на Балеа за хидрирана кожа и розевата пена. Едит: Ја најдов мислам, на претходната страна. Пена за чистење на лице, бадем.
Не знам дали има бадем, не сум ни погледнала. Баш е нежна и после неа не го осеќаш лицето затегнато. Мене ми се допаѓа. Ако имаш посува кожа после неа шприцни од Ziaja acai berry тоникот, јас имам помасна кожа и со тоников ја осеќам кожата баш хидрирана. Исто и плавата пена е добра само таа ја корисѕам кога ми е помасно лицето затоа што е за нијанса појака од розевата. Овој ензимскиот пилинг на Оливал е љубов Престанав да користам физички пилинзи и откако го земав овој на оливал сум презадоволна. Имам чувство како да сум се вратила од третман кај дерматолог. Исто и тие маслата со светки се многу убави.
Дали некоја по користење на ова масло има чувство како да жежи лицето? Прво се миев со ова па потоа со сината пена на Балеа. Е сега, после ова еднаш ставив ноќен крем еднаш не ставив ништо но, исходот беше ист, лицето ми вриеше.