За сите типови кожа е. Ама не ја суши како геловите, затоа ми се допаѓа. Крем е, со ситни зрнца и многу убаво чисти. Веќе долго време го користам, и по составот е ок.
Ја има ли кај нас? Во Штип ја нема, претходно ја немам видено, не знам дали воопшто ја имаат донесено овде.
@Aschenputtel ако случајно им пишеш и дознаеш било што те молам кажи. И јас сум заинтересирана за купување ако ја има кај нас, патем во Скопје не сум ја приметила досега ама искрено, не сум ни гледала многу во тој предел периодов.
Ја нема, одговорија. Баш сакав да ја пробам, и обичната ми е добра, ама светнувам после неколку часа. Оваа читав дека матира повеќе. Сигурно ќе ја донесат штом ја има, можеби за некое време.
Јас имам комбинирана кон мрсна кожа и оваа крема доста добра ми се покажа. https://www.dm.de/alverde-naturkosm...eme-bio-limette-bio-apfel-p4010355388261.html Светнувам јас секако после неколку часа ама мислам дека тоа е неизбежно. Откако почнав да користам ниацинамид приметувам голема разлика во лачењето на себум ама сепак не е на она нормално ниво.
да ми препорачате млеко за тело на балеа за сува кожа и одприлика цената ако ја знаете барамно немосжм да најдам тука кај што сте ставале слики фала ви
Мора ли млеко да биде? Јас имам екстремно сува кожа на телото, особено во зима е изразено, ова млеко за тело ми е убаво На форумов има и незадоволни, дека не се упивало убаво, ама мене ми е погодено. Путерите за тело ми се поубави Спојлер Или овој Не знам кој мирис ми ти се допаѓал повеќе А има и на Алверде И тој е убав, изборот на крај е твој. ЕДИТ: Многу се големи сликите морав во спојлер да ги ставам.
не е проблем тоа што е во спојлер а и не е баш морално да биде на балеа може и на слверде но сакав да ги пробам нивната козметикс бидејќи имам сува кожа претерано и сакм да ми биде како свилена и да упива многу претходно користев nivea dry ti very dry skin ама многу ми беше скапо и сега сакав да сменам, ти од овие путерите од кој си највеќе задоволна бидејќи јас имам и суба кожа и зимо и лето едит: па мислев повеќе млеко бидејќи претходно други производи сум купувала како млеко и затоа ми текна но најдив две како млеко би те замолила да ми кажеш дали е за сува кожа фала ти однапред
Земи на Dove во кам е најевтино. Кожата сјајна, мека и делува позатегнато. Ич не е скапо а предобро. Секогаш се враќам на него
Јас сум најзадоволна од путерот од ванила, оти некако количински има доста, а не е скап, и не ти треба голема количина за мачкање, а мирисот е сон. Ама одамна не сум го купила, почесто го купувам лосионот со кокос, додуша сега имам едно од Белина, од Планета Органика, исто со кокос, и од тоа сум задоволна. Само тоа некако е мало, а поскапо. Овие од Балеа не ти се лоши, и двете се за сува кожа, може се слични со Нивеа, барем амбалажата ме потсеќа на Нивеа. Од Нивеа имам еден лосион за тело, ама за нормална кожа, донесен ми е од Германија, врска нема со она што се продава овде. Имаше во КАМ на времето еден многу, ама многу добар лосион за тело особено за сува кожа, кога бев студент го користев, Елдена се викаше, сега не знам дали го има, не сум го побарала.
јас до сега не сум го сретнала во кам тој лосион но една крема елкурина де вика е убава за сува кожа но сакам да сменам малку и затоа сакам на балеа да пробам фала ти ќе ги земам и двете па ќе видам кое највеќе ќе ми одговара на кожата сакам малку да сменам затоа а ги немам сретнато тиа на дове дали брзо ги купуваат па никогаш немомаж да ги видам иначе фала ти многу
Редовната цена му е 180-190 ден. Често може да се најде и со намалена цена. Пакувањето е 400 ml. Наменет е за многу сува кожа. Не е масен и брзо се впива. Одличен е.
Земи го од кам синото млеко за тело (елкурина ли беше ...) околу 100 ден. Неутрогена околу 250 на акција да го начекаш ( сестра ми има достасува кожа и и помага) Балеа кокос, моментално користам, преубаво ми е
ја користам кремата на елкурина и сакам да ја сменам а неутрогена не сум ја сретнала до сега затоа сакам да земам нешто на балеа иначе фала
Во сите молови работи до затворање. Веро Центар, Сити Мол, Капитол. Мислам дека и во ГТЦ работи, ама не ме држи за збор, не сум сигурна за таму.
Јас ја препорачувам Неутрогена лосион за тело... Било кој да го земете нема да згрешите - за сува кожа.... На Балеа го препорачувам овој проивзод - лосион со маслена компонента - https://www.google.com/search?q=Bal...iw=1536&bih=722&dpr=1.25#imgrc=DBxuKIRcE2v0AM