Купив моливче од аура во дм во џамбо но кога дојдов дома и го отворив пола и повише е истрошено некој го користел . Срамота ја не знам како така го стаиле и за продавање исполепено со селотејп и плус со аларм со се . Не сум во можност одма да одам да им го вратам, дали знаете колку време имам рок за да отидам да им го вратам . Многу непрофесионално .
јас колку што знам нема да ти поверуваат али мислам кога ќе ја покажеш фискалната до утре дентс би требало да може
Мене ми се случи да купам фарба и да фали хидроген во неа , но ми ја заменија без проблем само фискална им дадов и толку.
Еден шампон од сајос против првут кај нив 225 во еден супермаркет 160? Скапчии ли се или така се погоди
Сајос секаде се од 195,па преку 200 денари(214 во Тинекс) со редовна цена.Ама,маркетиве периодов доста често ги ставаат на акција. Во ДМ не само овие,туку и други шампони се поскапи.
Не знам искрено, ама што и да е, а да го има во други маркети истото во ДМ е секогаш поскапо. Шампони, маски за коса, средства за хигиена и сл. ако го има на друго место тогаш од таму купувај, или спореди цени.