Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ДМ маркет

Дискусија во 'Тело' започната од MacaLove, 20 мај 2012.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.021
    Допаѓања:
    123.883
    Taка нешто е,инаку за парите е и повеќе од добар :) Убав мирис и е доста густ.Пробај ;)
     
    На anabel-a и Doozy им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.637
    Допаѓања:
    202.040
    Пол:
    Женски
    Друга приказна е ако ги купуваш од странство. Оти овде тие производи се сè, само не квалитетни.
    __________________________

    Инаку, јас си купив нови производи, уште сум во фаза на пробување, ама можам да кажам дека досега ми се погодени. Прво, да кажам дека и јас го фалев на почетокот тој лосионот со глина на Алверде, ама после неколку дена почнаа мозолки да ми се прават и кожата да ми се суши премногу. Затоа и го баталив.
    Последно, купив крем BabyLove крем за малиот, мириса неверојатно бебешки, го користам наместо витаминскиот на Бекутан за мачкање на газето и досега е супер. Понатаму, ќе видиме.

    За мене, си купив лосион за чистење лице на Алверде, Aqua Gessichtwasser Meeresalge
    [​IMG]
    за нормална кон мешана кожа, каква што е мојава, рано е да кажам, ама ми се чини дека ми одговара.

    Го купив и овој крем за лице, за сите типови кожа,
    [​IMG]
    со маслинки и сончоглед, за секаков тип кожа. Има цитрусен свеж мирис (иако нема ништо цитрусно во составот), пред да го размачкаш е хидрантен, а како го размачкуваш станува помрсен и тешко се впива, ама не е тоа проблем. Кожата ми е сјајна, мека, мазна и затегната. Не сум го испробала како подлога под шминка, ама мислам дека ќе биде добар. Ова се резултати после 5 дена користење. Ако има промени, ќе ве известам :)
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gogotea

    gogotea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    13
    Искрено кога ве читав за фамозната маска портокаловата мислев не е возможно и во саботата случајно ја видов и си ја земавме со мајка ми. И се изми вечерта и ми вика абе нишо посебно и јас ок али вчера кога се бањав ми беше убава на мирис и кога почнав да чешлам абе многу лесно се четкаше а порано едвај буквално едвај и цела остануваше на четка. А откако се исушив косата наместо крута густа ми беше мека свила преубава :D :inlove:
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Маскава за раце

    [​IMG]

    е ВРВ! Првиот пат кога ја ставив, малце бев скептик, оти потешко се впиваше, ама па и во тоа е поентата. Се остава да дејствува и преку цела ноќ, или 5мин само, и се измива. Искрено, ниту еднаш до сега не сум ја измила, оти рацете ми се пре-кра-сни кога ја имам ставено, и не мислам да престанам со користење уште долго време.

    Искрено, мислам и дека ми ги избели флеките од сонце што ги имав на рацете....некако, „почисти“ ми изгледаат :?: Дали уште некој ја има користено, за да ми каже дали ова навистина се случува, или мене нешто умот ме лаже? :^)
     
  5. 1DeeDee1

    1DeeDee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    57
    Деновиве ќе има некој попусти во ДМ во City Mall, па ако планирате да купувате козметика и такви ствари поминете тука :)
     

    Прикачени фајлови:

  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.021
    Допаѓања:
    123.883
    Го видов и јас ова на ФБ,ама ме интересира дали само на денот на отворањето?
    Ако е така,не ни одам.
    Замислете која гужва ќе биде :^)
     
  7. 1DeeDee1

    1DeeDee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    57
    Еве како ќе биде. Од 4 до 7 Октомври секој ден имаш по некоја понуда :)
     

    Прикачени фајлови:

    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Дел од производите кои утре ќе бидат намалени во ДМ , од денес се намалени и во Тинекс и тоа за 60%. Јас само за прашакот Еко Савекс би влегла да го земам, 128ден за 3кг. Друго тоалет, пуларапид, омекнувач орнел ххл пакување и во тинекс се намалени и тоа за некои 10ден помалку се.
     
  9. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Супер е ова во ДМ што ќе биде,таман си меркав некои моливчиња и маскари :D
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Дечки сакам некој пилинг за лице од Балеа да си земам, се мислам каков? :?: И цените како им се движеа...

    И јас сум од тие што не планираат утре да се буткаат, денес на раат ќе си отидам и ќе си купам. Едино се подзамислив за таа маскарата, 2000 калорис, 238 денари е на попуст, ама ај. Не сум баш при пари, ќе почека подобри времиња. :D
     
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Еве дел од производите кои ќе бидат на -50% попуст.

    Exclusive тоалетна хартија, 3-слојна.
    Редовна цена: 142 ден; со -50% попуст = 71 денар.

    [​IMG]


    Max Factor 2000 calorie маскара.
    Редовна цена: 476 ден; со -50% попуст = 238 денари.

    [​IMG]


    Nivea гел за туширање за жени 250 мл.
    Редовна цена: 156 ден; со -50% попуст = 78 денари.

    [​IMG]


    Pulirapid средство за отстранување бигор 500 мл.
    Редовна цена: 120 ден; со -50% попуст = 60 денари.

    [​IMG]

    Savex детергент за алишта 3 кг.
    Редовна цена: 256 ден; со -50% попуст = 128 денари.

    [​IMG]


    Ornel Flower Dream омекнуваш за алишта 3 л.
    Редовна цена: 336 ден; со -50% попуст = 168 денари.


    Garnier naturals, калинка.
    - шампон за коса, 250 мл
    - регенератор за коса, 200 мл.
    Редовна цена: 108 ден; со -50% попуст = 54 денари.


    Faks детергент за алишта 3,5 кг.
    Редовна цена: 386 ден; со -50% попуст = 193 денари.
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.290
    Допаѓања:
    8.656
    Дузи јас овој пилинг за лице си го користам веќе 7 месеци и ми се свиѓа, не знам колку пари е во Скопје, ама околу 120денари можеби би дошло :?:
    [​IMG]

    Инаку, прочитав овде за лосионот и го земав пред недела дена и сум пријатно изненадена! Не е толку силен како оние што ги имам користено Хлоракол ор ватевр да ти се сврти колку јако мирисаат |(
    Ама е многу ефикасен! Топло препорачувам ;)
    [​IMG]
    Исто и овој гел за туширање, мирисот си трае и трае, повеќе од оние овошните :)
    [​IMG]
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Мене лосионот од вишна и бадем не ми се допадна, тој другиот смоква и чоколадо го немаше ни во двата ДМ, ама затоа си го земав тој со мирис на црна рибизла, и супер е, мириса преубаво,129 денари.

    [​IMG]
     
  14. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Јас денес си го купив лосионот за тело Балеа од вишна и бадем. Многу убаво мириса и навистина ми се допадна. :)
    [​IMG]

    Гелот за туширање Балеа од кокос и цвет од гарденија има некој лош мирис кој едвај го поднесувам. Ставам колку што можам повеќе за да го потрошам побрзо.
    [​IMG]
     
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Иии мајката, денеска пусто во ДМ, пиле не прелета, сите за утре се острат изгледа. Јас денеска на раат си бев, направив сметка од 569 денари, а си купив:

    - Витамински шампон на Балеа
    [​IMG]

    Веднаш се избањав афкорс. Мој заклучок е дека косата ми е малку, хм, посува на темето и погруба, ама тоа го сеќавам и на рацете и на лицето, и мислам дека е од скопската вода. Не дека сум ептен до толку нежна, ама навистина има бигор. Шампонот за парите е океј стварно, прави скама од прва, убавко мириса, лесна и проѕирна структура... Добар е.

    - Нивеа регенератор за коса (ова не пишувам, стандард моето си го користам)

    - Лабело Балеа
    [​IMG]

    Го купив за сестра ми, пушта малку розовка боичка и светка. Мислам дека ептен ќе и се бендиса.

    - Сапун Нивеа (такоџе не пишувам, напишани само за да се долови евтинијата на ДМ :rofl: )

    - Гел за туширање Балеа
    [​IMG]

    Стандард ова, гел како гел за туширање.

    - Пилинг за лице Балеа
    [​IMG]

    Е се мислев каков пилинг да земам, и земав ваков. Не ми се допаѓа само миризбата, ми мириса на глина, на тешко, наааа... не знам на што. Ама супер си е, солидно ми омекна кожата после миење, мислам дека ќе бидам задоволна прилично многу. :)

    Да напоменам дека навистина многу евтини работи, квалитетни... За тие пари во ниедна друга продавница нема да купите толку производи, пример, гелот за туширање на ФА е 120-130 денари, а тек па за друго.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Понеделникот прв пат бев и останав без зборови.Средено,чисто,на раат разгледуваш продавачките не трчаат по тебе, се на се супер беше. Си купив шампон за плава коса и регенератор, гел за миење на лице ( розово паковање -за сува и проблематична кожа) , маска со глина за акни и гел за туширање од кокос.Се ми се погоди,али за гелот за лице немам зборови,најпрекрасно нешто што сум ставила на лицево :)
     
  17. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Дали во Дм може да се најде декоративна козметика на Eveline, не сум ја приметила :$ освен препаративната ? Ако знае некој нека каже,
    Благодарам однапред :)
     
  18. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    мила до кога трае попустот?
     
  19. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    111
    ^ Мислам дека тој попуст само за вчера важел, а денес -15% на сите производи .
     
  20. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    ти благодарам!