Не почнуваш сега со 10.000? Пред 4 години така беше, почнуваш со 10.000 ден. со смена од официјални 5 часа, ама работиш 6 (доаѓаш пола саат пред почеток и си одиш пола саат после крај на смена), правиш сè што има за работење од наплата на каса, прием на работа, средување фактури, редење на роба, средување на магацин, чистење на филија/магацин/канцеларија/кујна/тоалет, така барем година дена, па после пријавуваат на фул работно време со почетна 21.000 ден? И доплаќаа у плата 1000+ ден. ако имаш дете.
Нека ти направат дм пред куќа тогаш. Исто пари чини и за до дм и за до центар, само што повеќе време ќе се возиш. Твојот проблем е што дм нема во твоето место на живеење, туку е во друг град.
Македонија и превозот во друга тема оти болна точка ми е. Ако си некогаш низ центар и ако имаш време секако, немаш уште многу за пешки, 15 минути. Ќе си купиш повеќе работи за да не мора набрзо да одиш пак. Мене секаде ми е полесно пешки отколку јавен превоз, за кола да не прајме муабет.
А и дм не е супермаркет, па да е потреба. Океј е да се посети 2-3 пати годишно, што помалце одиш, подобро е за новчаникот.
Девојки, нема потреба од вакви тензии во темава. Нека си продолжат опуштено муабетите, само не се препирајте меѓу себе за да не се бришеме потоа.
Каде сакаат нека отвараат, сепак за во Охрид зборуваме градот е туристички центар на држава, па штета што не е на некое прегледно место.
Што се случува со ДМ, неколку производи од Балеа што ги користам редовно веќе некое време ги нема на пример Мицеларна вода, дезодорансот, ленти за депилација на лице... Неколку пати одам и ги нема, баш ги прашав тие што работат ми рекоа не се повлечени моментално ги нема.. До сега не ми се случило да барам нешто и да нема а буквално забележав баш за мицеларната не е дека е празно кај што стоела па се потрошила туку баш си има други производи по цели рафтови. Инаку ова во ДМ ГТЦ