Вчера бев во ново во Сити Мол, еден лосион за тело што красен си најдов за 95 денари преубаво мирисаше како чоколадо нешто и не го купив, смотана бре, за ќутек сум. Сега ко што сум катил додека да отидам или ќе се продаде или ќе го покачат. А и една убава крема за тело видов од кокос, бајаги голема беше 175 денари.Ај ќе биде, ќе купам нешто, ако нема тоа нешто друго, важно да се купи нешто. А има некој поефтин шампон/масло/маска за коса тие што се почесто ако се пеглаш?
Имам едно млеко за тело и лосионот за лице на Балеа и сум супер задоволна за цената. Само ме интересира, има ли четки за шминкање и по која цена се движат? Или евентуално каталог онлајн, уште подобро.
Си го земав и овој од смоква и чоколадо, мириса ПРЕКРАСНО.Само да знаете, во ДМ кај Беко ги има лосиониве, ваму во ГТЦ имаше само од киви...Тој кај Беко некако поснабден ми е. Него маскава што ја фалите нигде не ја видов бе...
Мојот вчерашен лов во ДМ Испробано е се освем лосионот од цреша.Маската одговара на косата,иако мојава брзо се заситува.Кремот од невен одличен е за стапалата.Веќе не давам пари за посебни креми за нега на стапала.Гелот за туширање убаво мириса,иако негата не му е нешто посебно. Абе нирвана на сетилата
За неколку дена ќе се подновам со лосион за лице од маркетов. Па после ќе споделам резултати и дали сум задоволна или не. Секој ден врвам тука, па да не влезам греота е.
Девојки некој убав шампон да ми препорачате од Балеа, да е нешто типот на Хед ен Шолдерс ментолот... Многу ми одговара шампонот, пошто имам тешка, густа коса а и првут, ама веќе од презаситеност почнува да не ми одговара... Ај ако го има некој истиов проблем, а да го решил, нека ми препорача шампон
Јас колку што знам работат до вечер до 10 барем тој у ГТЦ,претходната недела купував нешто и баш го заприметив работното време за да знам за о иднина ако пазарувам во недела
Не знам дали ги има во ДМ, ама последно кога ги земав од Тинекс беа некаде 170-190, не ме држи сеќавањето убаво.
Си зедов денеска тоник Балеа, барав лосион, ама немаше и си зедов тоник. И така, покрај тоникот си зедов и Бију спреј и така се подновив.
Ама гадно сум се зафркнала со тоникот! Ги прежалев 119 денари, ама не ми е толку жал за парите што ги фрлив колку ми е жал што мирисат вака. Значи кога ќе го мириснеш мириса прекрасно, ама после нанесување има една одвратна миризба што не можам да ја поднесам и така ќе си стои сега, не знам дали имал некој друг вакво искуство со балеа производ, ама после ова сега ми е страв да купам било што од Балеа. Да не е расипан си викам, ама треба да има рок.
Ова И ова Се нешто прекрасно! Моливот е долготраен, дури и тешко се размачкува, и мислам дека кошта околу 100 денари. Маскарата е преубаво лесна, не ги стежнува трепките, ниту го иритира окото, кошта 150 денари. Note: Не е за тие што мислат дека ќе постигнат ефект на „вештачки трепки“, иако е XXL. На природна база е, така да не може да е тешка,и толку ефективна, ама затоа дава мнооооогу природен, нешто ко „Сум потрошила само 3мин за да изгледам вака прекрасно“ изглед
Моливчето, тиркизно е ? Многу е убава нијансава, а ме интересира и со какви други располагаат? И бројчиња, нешто такво имаат? Ако наминам, да знам што да барам.
Го има ли некој користено серумот против проширени пори? Мислам околу 200 денари беше, не можам да го најдам на интернет, да ме утепаш не знам како се вика ПОРА на германски.
И морам да потврдам дека ми се погодија овие два производи, кожата ми е мека и чиста и со поизедначена боја, порите помалку ми се познаваат (може си умислувам) и дефинитивно ќе продолжам да си ги користам и понатаму, барем додека сум во Мк.
За моливињата потврдувам.. супер се имаат неколку нијанси: бело, сиво, црно, нешто како сиво-кафено, тегет (или петролеј боја ко погоре постираното) и се доста трајни, не се бришат... а маскарата и јас ја купив, можда не беше баш оваа ама беше некоја нова за волумен.. некако ме печеа очите на ставање и плус не сум навикната со толку голема четка па ја баталив
Дузи, пора си е пора, од женски род е и ќе му дојде die Pore. A јас официјално ја потрошив купката, т.е. гелот за туширање, што и да е од питаја. Од мака си ја чувам уште амбалажата. И ме интересира дали ги има уште? Да си земам кога ќе ме однесе патот накај ДМ.