И мене многу ме нервира обезбедувањето, а и шминките излепени со 300 селотејпи.. Да ти се одмили додека да ги отстраниш и после се лепат во рака.. Не знам како им се исплати секоја една ситница да ја лепат..
Сјајот за садови од нивната марка денкт мит што беше 49 или 59 не ми текнува точно, потоа 79 , вчера гледам 119 за 500 мл сјај, претерале со накачувањето. @tamche995 пиши им на фб ќе ти кажат кај го има.
Обезбедувањето во Куманово кај нас е само еден, не смета нешто многу. Ама лепењето на живци ми иде. Одлепувам, сечам и нема крај. И на крај моливчето ми се лепи во рака
Им се исплати затоа што нашиов народ е толку некултурен што се живо отвараат и пробуваат. Бев сведок кога девојка го одлепила салотеипот од маскарата и ја отворила и пробала на рака и не сакаше после да ја купи иако обезбедувањето и рече дека маскарата е веќе контаминирана и не можат да ја продаваат. Девојката беше толку дрска и безобразна. А верувам дека само за маскарата ја фатиле, кој знае уште колку производи отворила. Да не зборувам па колку се краде… затоа има дупли аларм ( дополнително залепен со салотеип )
Многу добро знам колку е некултурен народов и не само што се отвараат производите, туку сигурно и се крадат. Сепак тоа лепењето не е оправдано. Зашто никаде на друго место не ги лепат шминките? За девојката што си ја посведочила 100% ти верувам и те разбирам ама па има и друга страна. Немаат тестер скоро на ништо веќе. Зар треба да купам маскара или кармин од 800 денари, па и 100 денари нека се, без да видам што купувам? Или уште пострашно, течна пудра без да видам нијанса. И дали јас или ти сме должни да кршиме нокти или да си пуштаме крв додека сечеме и одлепуваме селотејпи на производи што со мерак сме си ги купиле, зашто они не знаат како подобро да се справат? Мислам дека не. Тоа е мое незадоволство и не верувам дека има аргумент кој би ме предомислил за ова.
Јас ги разбирам ДМ. Сакаат да си ги заштитат производите од крадци и луѓе кои пробуваат нешто што не е тестер. Ако не се одлепува лесно селотејпот, поминете го делот со влажна марамица(или малку натопено парче тоалетна), па исечете го. Некои немат осет, бе. Или не разбираат. Порано многу пробуваа, па враќаа на рафт. Сега поретко, ама сепак има такви будали. И ќе испофатат сè иако пред очи им се тестерите. Еднаш една испофати цел рафт и продавачката 5 пати се мачеше да ѝ објасни кои се тестери(плус означени беа). Ама, жената по 5-тиот пат сфати. Ако некаде нема тестери, пишете им на ФБ или Инстаграм. Читаат. За обезбедувачот, па тоа му е работа. Да обезбедува значи да набљудува и да мрда. Статичен не може да примети лоша намера и да спречи инцидент.
Едно време имаа девојки вработени (не од страна на ДМ), само за шминка (одредена). Ем објаснуваа за производи, ем помалце се крадеше. Според мене тоа е најдобрата опција. Еднаш на камера ја гледавме една со заби го корнеше тоа алармот (заборавив како го викавме) и го украде карминот. А една жена еднаш стави детергент мало пакување во тобра и пакување тоалетна под мишка и излезе од ДМ. После сконтавме како лабаво си испокраде. Народов е ретарда, за маж нормалните купувачи мораат да трпат срања поради такви будали.
Тестерите ги крадат затоа нема. А од фирмите не им праќаат по 100 тестери од една нијанса на кармин на пример.
Не постои побезобразен и понекултурен народ од нашиов. Какви не гнаси сум видела низ ДМ немам време а ни нерви да раскажувам.
Дали некој знае овие 2 дали ги има во дм? Имам некој ваучери а посекако треба да ги купам па ако ги има да ги искористам
е значи стварно сум тупа. Ја саат време тука потрошив барајки ја темата кога можев да си пишам таму. Животе не сварена Боранија. Фала ти Овие од дм се понашаат божем на заем им барам нешто. Од сабајле чекам да ми вратат на seen ме оставија.
Ај ќе причекам. Бев со малата во еден дм ги имаше сите освен тие 2 што ми требаат. Ги прашав дали може да ми кажат каде ги има за да не лутам ама немале кодови и ништо од бизнисот. Ќе си чекам ми нема друго
Јас во 2 дм-а барав денес не ги најдов, имам уште еден успат што ми е ако ги нема не ги ни барам ќе ги порачам он-лајн и готово
Гелот за миење лице околу 180ден е, често на попуст сум го купувала и поевтино, кремата исто е тука негде. Не се повеќе од 200 денари и двата производи.