Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ДМ маркет

Дискусија во 'Тело' започната од MacaLove, 20 мај 2012.

  1. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.174
    Пол:
    Женски
    На OmniaVanitas, SelenaGomez и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  2. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.060
    Допаѓања:
    10.711
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20230412_192449_Chrome.jpg

    Го пробал некој намазов од малина?
     
  3. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.056
    Допаѓања:
    40.398
    Пол:
    Женски
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  4. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    2.408
    Пол:
    Женски
    Што е со залихите во DM... средата одам да купам дезодоранс - нема од тој што е на Balea Утредента одам и си викам ај од тој другиот ќе купам и и од него немаше и плус тие од лимитед едишн имаа само 3-4 останато... Неверојатно ми е наеднаш да снема цел рафт..... Забележав дека и со други производи стојат слабо.
     
    На Flower27 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    7.608
    Пол:
    Женски
    Знаеш, истото го забележав. Ама, одам по два-три дена цел рафт полн со истиот производ кој сум го барала. Мислам дека имаат у магацин, и поготово кога е акција намерно не ги редат.
     
    На Ugly Duckling, Avery и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  6. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    2.408
    Пол:
    Женски
    Веројатно. Исто помислив ама немаше некоја акција па затоа и се зачудив
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.384
    Допаѓања:
    126.402
    Пол:
    Женски
    Прават промени на изгледот на пакувањата на производите.
    Можеби е ради тоа.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Ова го приметив со еден коректор што беше на акција. На штандот имаше само од најтемната нијанса и прашав да не имаат други во фиоката доле. Девојката отвара, во фиока имаше цела кутија, ми ја дава нијансата што ја барав и затвори… По некој ден поминувам пак од таму, коректорот се уште намален, на штандот повторно само најтемната нијанса :|
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    7.228
    Јас не знам само кај нас зошто не функционираат саглам франшизи.
    ДМ секаде полни рафтови, нон стоп акции - кај нас празно од шминки до храна, финти глупи со скриени производи.
    JYSK исто, сегде залихи, овде чекаш 3 месеци за производ, живи неписмени вработени…
     
    На Flower27 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.174
    Пол:
    Женски
    Истото сум го забележала. Се погоди во еден месец да сум во Скопје, Охрид и Битола, сите продавници ги поминав за да ја најдам кремата на Hada Labo со заштитет фактор, беше на 50% попуст и никаде ја немаше. Ден после акцијата магично се појави.
    Ги бојкотирам, само нешто ептен шо мора од таму.
     
    На FridaodaMk, sweet-cherry, Flower27 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    7.608
    Пол:
    Женски
    Баш "магично" :lol:
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Merten

    Merten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Ептен катастрофа.. еднаш ги имаше Nacomi, само кога ги најавија, еве цел месец се намалени, а тие не само што не донесоа, туку и цените ги имаат потполно тргнато
     
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.657
    Допаѓања:
    106.725
    Пол:
    Женски

    За Nacomi, прашај ги што поточно бараш, зошто јас го барав нијацинамидот и на рафт го немаа воопшто ни како пример, и кога отвори доле фиоката , беше полно со производи од Накоми го имаа нијацинамидот и ретинолот од 0.5 и ги земав и двата а на рафт ги немаше
     
    На ♡ Cinderella ♡, Merten и buba4e89 им се допаѓа ова.
  14. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.429
    Допаѓања:
    12.197
    Пол:
    Женски
    И мене ми се има случено производ на акција да го нема на рафт, прашав ми рекоја ако го нема на рафтот го немаме, 3 пати одев да проверам, за на крај да прашам пак дали можи да проверат во магацин и оппп магично го имаше. Безобразлук, ме разочараа, али со тоа научив дека треба да им настојувам што не е во ред да се трга нешто што е на акција, па потоа магично да се појави кога ќе прекини акцијата
     
    На KiT, Astrum.Obtutus и koritsaki им се допаѓа ова.
  15. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.060
    Допаѓања:
    10.711
    Пол:
    Женски
    И мене ова ми се случило, но се си мислев дека веднаш се купуваат зошто се на акција. (facepalm)
     
  16. Zumbulce9

    Zumbulce9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    875
    Прееска бев во ДМ и сакав да купам неколку работи што им беа на акција од месечниот каталог за април, дел ги немаше, а на останатите цената не им беше иста како во каталогот. Прашав продавачка дали не стигнале на рафт да ги сменат цените, па дали на каса ќе ја наплатат цената со попуст (што често се случува во маркети, неможат да постигнат вработените да сменат на рафт, ама на каса си наплаќаат со попуст без проблем) вика, од нареден месец ќе имаме друг принцип на работа, нема веќе такви попусти, затоа сега цените се тие на рафт, а не намалените како во каталог. Ми дојде чудно затоа што и да имаат друг принцип на работа, сепак има уште 5 дена од месецов, по логика би требало да го испочитуваат тоа што го објавиле. Исто забележав и дека вчера не објавија двонеделна акција секој втор понеделник што објавуваат.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    2.408
    Пол:
    Женски
    Би требало ама и пред некои 2 месеца пак имаше акција во каталог и не беше онака како што беше објавено во каталогот. Паста за заби беше поевтинета различен вид во различна продавница.. Дел од производите кои им се на попуст не ги ни имаат на залиха зошто не може ден пред објавениот попуст да има, а утредента од сабајле да се испразни... Мислам, може ама шансите за тоа се многу мали.
    А веќе некое време не се веќе ни двонеделни акциите, почнаа да пишуваат само дата на објавување и толку.

    Да не заборавам да пишам и за тоа што на Есенс производите кои излегуваат од употреба секаде се намалуваат со 50%, а во ДМ беа намалени 30%.

    Многу ми се промени мислењето за ДМ.
     
    На Zumbulce9, Flower27 и Youknow им се допаѓа ова.
  18. ♡ Cinderella ♡

    ♡ Cinderella ♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2023
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Женски
    Порано одев по 1-2 пати неделно да пазарувам во ДМ.Во последно време одам само за геловите и дезедорансите на Балеа и за пената и мат кремот на Alverde од колекцијата Beauty and fruity од кои морам да напоменам дека сум презадоволна.:inlove:
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    2.408
    Пол:
    Женски
    И опцијата за каталози не постои повеќе :|

    dm.png
     
  20. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.909
    Пол:
    Женски
    Овај месечен каталог им траеше 01.04-23.04, а не цел месец како вообичаено. Исто и двонеделниот заврши на 23ти, па моментално немаат активен каталог. Нешто ново им е ова. Ќе видиме на 01.05 што ќе објават :^) FB_IMG_1682543087623.jpg
     
    На Zumbulce9 му/ѝ се допаѓа ова.