Дечки сега бев и у Тинекс, истово го забележав. Дезодоранс Ла рив на акција, рафт празен, до каса само два Инаку, добри акции пуштаат у Кит го, и секогаш полни рафтови, морам да ги пофалам.
Има некој искуство со замена на производ во ДМ? Купив пудра, ама мислам дека не си ја погодив нијансата, па сакам да ја заменам. Не е отворена и имам фискална.
Додека пак, цените на нашите dm марка производи уште од самиот почеток се креирани да бидат поволни, а преку овој концепт гарантираме дека истите нема да се зголемат најмалку 4 месеци. Значи нема да имаат акции повеќе на нивните производи. А другите цени и онака не им се поволни. "Секогаш поволно", ама не поволно.
Ни месечни каталози нема да имаат повеќе? Бар клуб-картички да ставеле да се собираат некои поени, кога веќе скроз укинале акции.
Не знам што прават ама ова им е утка. Еве приметив какаото им беше 109 или 99 и го намалуваа и на 79, а сега е 119. Ајде балеа и алверде и не очекувам да ги намалат, секако се ефтини, ама другите брендови се си е иста цена што реално можеш и на др.место да ги најдеш.
Дали некаде имаше од дезодорансите од Balea? Каде што бев одвај имаше само од по еден вид, а некаде ни толку...
Денеска бев во ДМ маркет, значи колку сум се разочарала. Шминки немаше избор, само хајлајтери, некои кармини останати кој знае од кога и сенки за очи, друго ништо, празни рафтовите. Шминките што ги објавиле во ,,Секогаш поволнo" каталогот ги немаше. Никаква компактна пудра ниту коректор, а за прајмери муабет да не правам. Ова не знам по кој пат им се дешава вака во тој маркет јас каде што пазарам! Евентуално добро е што имаше голем избор на производи за хигиена, па земав од новите лосиони на Balea и за интимна хигиена некои производи...
Нивните производи си се со исти цени, горе долу и претходно во акциските со редовните цени ги ределе. Но, некои производи што ги користам и што им ја знам отприлика цената, со каталозиве се намалени, баш ќе пратам колку ќе ги држат со таа цена.
Ама претераа веќе навистина. Малку им беше околу 790 цената за Mabyline Vinyl кармините па сега гледам 820 ги ставиле. Исто и тие другите Суперстеј ги направиле над 500. Од Србија порачував сега пред две недели боја од првите која не ја најдов тука, поефтина беше отколку пред да ги поскапат и тоа редовна цена. Едит: Исто се пренапорни со тоа грдите селотејпи и неквалитетни лепенки со кои им е уништена целата декоративна козметика. И по други држави ги лепат ама со асални лепенки кои не оставаат трага. Епа не ми е ќеф да лупнам 1000 ден. за кармин и потоа да го отварам по пет саати и да го рибам остатокот од лепилото.
Loreal Infallible мат пудрата, од 625 денари редовна, 70% од времето беше на акција 485 денари, пред 3-4 дена ја видов околу 800 денари ако не и повеќе Стварно го претераа