Глупост е ова, декларациите најчесто се прават и лепат во земјата откако ќе стигне пратката, инаку би ги печателе во производство на амбалажа. Должност е на тој што го прави увозот да обезбеди декларација на македонски, ама во која дупка живееме, нема да ме чуди ни намерно да е албански, нема да е прв пат. Исто и да се увезени од Албанија, пример, должност е на увозникот да ги смени декларациите. Ама пошто инспекција и царина се измислена именка... Плус убаво си пишува дека од Скопје е увозникот, значи намерно си се пишани албански Нема да ме чуди ако е за Ист Гејт или Сити мол И да, казниво е со закон да нема декларација на македонски.
Казниво е, да. Ако си мало дуќанче од кое едвај преживува едно семејство до сеа ехеее ќе лапаа казна што неможе да ја платат 10 генерации. Ама коа си германски огромен бренд изгледа никој ништо не ти може. Па ќе чекаме следна пратка да можеме да прочитаме што купуваме
Нека не лажат! Денеска јас бев во ДМ и нема фабрички вметната декларација на мкд на тие шо ги гледав, инаку точно треба да има и на албански според новиот закон, ама не само на албански. Не знаат како да излажат, па од секој различна приказна… нека се усогласат.
И јас проверив. Има (барем тие јас што ги фстив( треба како да ја одлепиш горната, како лепенка е под неа има на мк
И мене. Еве имам неколку работи од нив за коса, два три пати ги употребив и така стојат, жими се гратис ги давам
Супер. Уште една причина да ги одбегнувам после толку пропусти што почнаа да им зачестуваат, ама ова со недостаток на декларации на македонски е недопустливо. Се надевам дека тие кои сте имале контакт со таков производ дека и сте пријавиле зошто не е во ред.
Исто еден conditioner го земав никад пак. Си се вратив назад на hask најдобар и никад нема да ми текне да го сменам
@Bella__ @Waverly Raven @Mishela овие на Q+A па фала богу никогаш не се на попуст. Јас редовно го користам тонерот за лице со нијацинамид и секогаш кога имало попуст на повеќето брендови, сум си мислел да пробам нешто друго, ама за нив си е истата цена.
Тоа се согласувам но искрено треба барем тој бренд да има попуст за да може секој да го проба. Сепак е дм и имаат многу брендови што сеуште не се ни пробани кај нас за да знаеме а не па да даваме толку пари… Жално е тоа гледам и нивните млека за тела во ред се нови и се ама сега 900 ден скоро не секој ќе даде што и е во право.
Мислам дека е помал бренд, за разлика од Ривокс, Лореал, Нутроџина и останати во ДМ и затоа не можат да си дозволат редовен попуст. Иначе, за витамин Ц и хијалуронска киселина не знам, ама хемиски пилинг еднаш неделно јас на телото правам со пилингот на Natura Siberica. 145ml е, 300-400 денари, а го имам пола година веќе. Плус на лице еднаш неделно го ставам.
Јас на зиаја го купив секој втор ден правам ексфолиација на тело. Еве веќе има 2 месеци до пола сум на попуст го платив скоро 380 ден нешто така беше и топ е искрено. Ама и тоа се исплати што си го користиш се додека ти се свиѓа и ти помага искрено . Инаку за тој бренд не е мал вооптшо британски е мислам така нешто, и на нивната страна они си имаат понекогаш попусти нашиве се проблем во дм ..
не знам дали некој ти одговори до сега, касно гледам. Пробај со овие производи Ова мислам дека е околу 1200 денари Ова е околу 400 денари мислам, истата функција ја имаат, се користат исто и за поткожни влакна, strawberry skin и избелување на пазуви