Да не прават редизајн на се, едно по едно, пошо многу работи снема, некои се вратија за брзо со ново пакување.
A, квалитетот на производите подобрен им е или ист им е останат, само амбалажа смениле? Имаат промени на цените?
Јас само маска за коса купив. Ист е квалитетот. А цените не се сменети. Ама се поевтини од Мк. Купките Балеа се 55 центи. Маските во туба се 1 евро и 45 центи.
Порано уживав во ДМ. Последните 3-4 пати - не. Не знам зошто, дали оти нема веќе попусти и не ми е интересно... И многу работи се поскапи од маркети. Секогаш одев за едно а излегував со 10. Сега само тоа што ми треба купувам.
Во ДМ најмногу влегувам за органската храна и за производите кои ми се поефтини од Белина. Чат пат најдам некој производ кој го нема во некои продавници. Мислам дека претходно беа повеќе снабдени или така ми се чини.. И чудно кога купуваш обезбедувањето секогаш во врат ти диши, а гледам кај тестерите е направено катастрофа. Тоа нели го гледаат.
Не гледаат кога некој им краде тестери ама затоа кога користев тестер обезбедувањето ми го зема од рака бидејќи мислеа дека сум отворила оригинал производ..... А пишува тестер на него
Дали сте ги виделе мини дезодорансите на Балеа во дм? Долго време ги барам бидејќи се ептен практични ама ги нема.
Јас имам две лабела и баш пишував дека се едни од подобрите што сум ги користела. Имав и од тие мини рол он -ите, не се лоши и практични се.
Што се случува со Накоми серумите во ДМ? Во неколку маркети пазарам и воопшто немаат избор. Само еден или два типа на серуми има останато и така стојат со месеци. Нема да ги држат повеќе или нешто друго е во прашање?