Денојве планирав да одам да земам кристал и конечно да заменам дезодорансите вака. Последно овие ги земав ама абер немам дали имаат алуминиум или не: А, ептен ми се допаѓа ова. Дали ти, или било кој друг, имате предлог шо користите без алуминиум?
Прочитај го составот. Јас лично Аромако го користам, ок ми е. Не спречува потење, ама мирис нема. Исто ми се добри машките рол-они од Белина на Конопка, за детето купив таков, ама и јас ставам. И на Лавера рол-оните не се лоши воопшто. Од Бен и Ана не ми се свиѓаат сега, порано ми беа супер пред да сменат амбалажа. Уртекрам исто има солидни стикови, Алверде се ок, ама имаат алкохол мислам.
Фала @Annath & @Amoricka. Планирам да ги разбарам овие шо ги наброја Анат. За ова шо кладов ептен ми е избледен составот и го зедов на слепо. Ама и то ќе прочитам ко ќе одам по ново, па ако е ок ваљда пак ќе земам такво оти е ... *chef's kiss*
Ако го имаш, сликај состав да го видам. Го најдов составот на Биобаза на нет, има алуминиум, во поинаква форма, еве го Јас не би го зела.
Фала ама плачам. Не можам да опишам колку е добар на кожа. Си манав скрин од листата твоја и со неа ќе одам на пазарење. Денес изумив, па ваљда наредна недела ќе земам. Па ок, и поарно шо изумив, за да не земам исто.
Верувам дека е добар. И јас користев кристал пред години, супер ми беше, се додека @Biodevojka некаде низ темиве не спомна дека potassium alum е исто форма на алуминиум која не е баш безбедна за користење, и прекинав со него. Оттогаш гледам да е без било каква форма на алуминиум. На Алверде од лаванда ми е убав мене, ама ко што реков има алкохол. Мене не ме иритира, баш ми е супер на кожата.
@theowndemon на Алверде деокремата пробај ја. Свежо мириса, скоро и без мирис кога ќе ја нанесеш, ама ги држи пазувите свежи. Е само единствена маана според мене е што треба со рака да се мачка. Гледам пишувате за состав на производите. Јас толку многу не се разбирам ама пазам што одбирам, и гледам по мојава кожа како реагира, имам многу сензитивна и сува кожа.
Дали штити тој на Алверде од непријатна миризба? Пред некој ден земав од Балеа 0% алуминиум пишува, ваљда е 100% чист, не проверив..
Според мое искуство и двата спречуваат мирис. Потење не, ама мирис нема. Јас и летово ги користев и се покажаа одлично.
Нема мирис. И синот го користи тоа од Алверде, а баш е влезен во пубертет, почна и потта да му мириса. Додуша повеќе го сака тој на Конопка со ѓумбир, ама разбирливо, сепак е машко.
Јас во глобала користев само машки рол-они, дезодоранси и стикови, сега сум префрлена само на машки. Во склоп на муабетов за стикови без алуминиум, долг период користев Old Spice, ем дека без алуминиум, ем дека многу убаво ми мирисаа и долго се задржуваше мирисот. Ама на сметка на тоа што немаше алуминиум, имаше други лоши состојки - не ми текнува во моментов кои, тој период доста ги истражував. После долго време користење, не знам што се случи, ама почнав да замирисувам, и каков и мирис да земев од Old Spice не ми менуваше, пак беше исто. Почнав да експериментирам со разно разни дезодоранси и рол-они без алуминиум од Балеа и Алверде, ич не бев задоволна, со рол-онот од Алверде буквално за неполн половина час почнував да замирисувам, а веќе после саат време ми беше страв да дигнам мишка. Од дезодорансите на Балеа, имаше еден од мандарина од кој бев релативно задоволна, ама беше ок само додека го потрошив првото пакување, после бетер. Аромако од Лаш кај ми правеше иритации, после едно-две ставања ми се правеа црвенила и ме болеше, плус замирисував. И така мојата сага со дезодоранси и стикови без алуминиум заврши, зошто не ми се даваа толку пари за нешто ново да експериментирам, а пак да си подзамиририсувам. Моментално користам Dove стик за мажи, си менувам меѓу два, и сега за сега сум задоволна. Моожеби пак би пробала во иднина некој стик/рол-он без алуминиум, ама ќе си имам пак еден со алуминиум во stand by секако.
Тој на Алверде ич не сум задоволна, ни јас ни сопругот. Воопшто не не заштити, туку баш напротив дава лоша миризба. За зимскиот период ги користам на Бен и Ана, за летен уште немам најдено нешто што е добро, а да е природно па затоа терам со Лидера крема.
Јас ова го користам, пред некој ден го земав. На Балеа е. Не се замирисувам , а гледам воопшто алуминиум нема
Да тој од малини е. Баш денес носам црна блуза , гледам дека немам некоја флека. Е сега ќе видиме како биде кога ќе се испотам
Денес го зедов овој део крем. Ме интересира како го вадите кремот од кутијата? Овој е густ, како паста е тешко за вадење. П.С. Део кристалите на panthenol ги тргнале од продажба.
Со шпатула ќе извадиш од кутијата, ќе го чуваш малку во раце да се растопи и мачкаш. Мене така ми е најлесно. Имам една метална шпатула од некој крем беше од Белина што го имав земено, и ја користам вака за део крем.