Овој го земав пред година дена, сеуште стои неотпакуван, некако не ми е по кејф, ги користам органските од Лавера. Се потам ама не мирисам, мислам дека овој кристалот ќе спречи потење, околу 500 ден го земав.
Не верувам дека има некаде сеуште. Некаде крајот на Ноември излегоа. Евентуално да им пишеш на чат, секогаш одговараат брзо ако пишеш во работно време.
Ништо чудно и да се повлечени. Адвент календарите, нели, се отвораат ден по ден сѐ до Божиќ. Помина едниот, другиот е задутре... Неповрзано со тоа што ти бараш: не знам што толку се кул овие нивниве Адвент-календари? Мини-производи од кои дел нема да се користат т.е. нема потреба да се поседуваат. И скапо излегува.
Добри се за коса, нокти, кожа. Генерално сите овие витамини за коса делуваат и на ноктите. Мене овие ми се супер, по потреба ги пијам на периоди.
Супер, си ги земав преска па ќе ги пробам баш. Преефтини се за 2 месеци користење. Тоа и ме интересираше, дали имаат некаков ефект и за сува, "уморна" кожа. Иако не очекувам чуда секако за тие пари. Инаку има правила како се пијат, наутро/навечер, и дали може на гладно?
Ич не се сеќавам дали пишуваше на декларацијата кога точно се пијат, знам само дека беше 2 на ден. Јас пиев наутро, по 1 само. Некогаш на гладно, некогаш после појадок, како ми дојде така.
Многу ме нервира што продуктите се премногу излепени со салотејп до степен да се бориш со продуктот за да го отвориш. Купувам поскап продукт и ми се одлепи налепницата сосе салотејпот, па ја прилепував. Значи плаќам за продуктот да ми изгледа и надворешно убаво, а не упропастен од салотејп.
Еднаш го имав пишано ова во темава, ама ми кажаа дека не сум била во право. Народов бил безобразен, многу крадел и тоа така било нормално. Се прашувам дали имаат 5-6 вработени што само лепат салотејпи.
Јас уште ги немам видено, сега бев до ДМ, а баш се интересни. Јас мислам од онака ќе почнам да се лепам со овие. Кажи ако ги начекаш дали се добри. @fbaby Да се едитирам за селотејпиве. Значи стварно, сега купив сјај и она Fix it за веѓи од Есенс, цели се исполепени со селотејп, не можам да ги отворам. Секогаш со нож ги одлепувам, па се борам после дур ги извадам, тегни, влечи и на крај ни продуктот не изгледа убаво така.
И мене ме нервира ова, ама барем знам дека никој не го има отворено продуктот. Шансите да е отворен без салотејп се огромни. Со овој народ мора вака.