Знам, ама мора некое друго решение да најдат. Значи и 10 денари да кошта сакам нормално естетски да си изгледа. Па после салотејпот морам и да го пребришувам пошто се лепи на рака. И јас тоа прокоментирав, дали имаат професионални лепачи на салотејпи. Кој и да лепи алал нека му е, good job, ќе развијам бицепси.
Исто и мене ме нервира, ми се дешава потрошено ми е моливчето за веѓи, го земам новото од Аура неможам два саати да го одлепам, а притоа брзам за на работа
Овие во една група многу ги фалеа. Многу драстични промени. Одамна ги имам зачувано ама се заборавам да ги земам. Пиши по некое време дали има резултати. Јас и покрај куп витамини имам крш нокти.
имам една забелешка и јас за дм покрај тоа што ги силуваат работите со селотејп ама како што пишавте бар знам дека никој го нема отворено. Друга работа за тестерите, претежно скоро на сите работи каде што има тестери се потрошени, засушени и излитени и никој не става друг за да се проба дали ти одговара боја, мирис, текстура и слично
За тестериве, имам да додадам и гризнати... сериозно, неколку пати пробувајќи да одвртам кармин, отворам и траги од заби... што да се каже. Ги јадат ли луѓево ствариве?
Јас тестерите не ни ги допирам, си барам бои и нијанси онлајн. Може за некој е малку потешко така, ама растечен, уништен тестер не би да допирам. Башка што мислам дека од светлата таму нијансите не се доловуваат баш најдобро. Некои светли нијанси изгледаат жолто, па затоа си се испраксирав со онлајн. Мора многу почесто да ги менуваат тестерите и да ги одржуваат чисти. Ама јас и народов не го разбирам, значи фино културно отвори го тестерот, види, пробај на рака и затвори го, што е толку тешко?
Тешко е да си културен. Не знаат дека тестерот не се користи на лице. Земала госпожата тестер од кармин и фино лепо го стави на уста И така барајќи соодветна нијанса на кармин, можеш да најдеш изеден или сплескан кармин, односно тестер
Јас никад не разбрав жени што си ставаат тестери на лице. Па како не им е гад, чепкано од сите, на уста да го ставаат? И после инфекција ко ќе се деси, ќе се чудат.
од тестерите кога купувам нешто ставам претежно на раката а на лицето нема шанси да ставам , секаде има вакви што не знам што им прават на тестерите може ги мачкаат на леб ... или па има случаи каде што ќе си дојдат ќе си се нашминкаат и ќе си испаднат .... чуден народ сме
Треба како во Sephora, ако сакаш да пробаш тестер си добиваш посебна четкичка и ставаш од продуктот. Ама овде мислам ни тоа не би проработело, ќе ги мрзи да побараат и директно ќе го нашлакаат тестерот.
И останатите тестери се ужас. Здробена сенка за очи, растечена пудра Изгледа се шминкаат Така треба. И со парфемите е иста песна. Доаѓаат, се прскаат и си одат. Спремни за шетање. Зошто да купуваат парфем, кога таму има гратис
За парфеми и ми е разбирливо. Ама онакви испофаќани тестери на лице... толку ли не се грижат за свое здравје, којзнае што бактерии има на нив.
Ако некоја немала време дома да се нашминка, оди во парфимерија, си се нашминкува со тестерот и после си оди на работа/кафе/средба со дечкото пиц-пец направена. Па и парфемче ако може да си прсне. И после ако го бубне дечкото за уста или образ, отидоа бактериите и кај него. Гадно јбг. Ама па и парфимериите треба да пишат на ливче дека кармините не се за на уста. Нрка нацртаат онаква бубачка како рркламите за вц шолја, па барем ќе ги одврати сликата на дамите што сакаат да се дотеруваат во парфимерија гратис. P.S. мажите бетер се. Влегува во парфимерија, си се шприца со парфемот и си бега. Трагикомедија у пм. Каков народ сме само.
Тестер на рака од пудра. Другото со гледање нијанси на интернет. Да ти е страв да ставиш од недоквакани.
Да,ти кажам пред една недела во ДМ во Дајмон,видов како една си става на уста од карминот тесер, ми се згрози животот.