ФАЛА за одговорот! Знам дека нон-стоп имаат акции за попусти, ама во нивните флаери досега не сум видела да е нешто на попуст од нивните марки (ДМ,Алверде,Балеа), затоа прашав.
Во право си, на флаерите и постерите немаат нивни марки, ама внатре има штанд, полици, со нивни производи на попуст, а истите производи ги има и на местата кадепретходно стоеле, но овде се само изложени. Инаку вчера кога бев искористив еден купон за попуст, навистина ми се најде, 15 посто на се што купив и ми се фати околи 150 денари помалку да платам, што па не е малку, јас овој купон го добив од пријателка, не знам дали се добиваат така лесно ама добро ми дојде во секој случај.
Па не би рекла дневни, повеќе се додека има на залиха од таа пратка на пример, така барем ми кажаа мене, ја прашав тетката и ми рече дека ќе има пак од лосионот кој го сакав ама дека бил со рокот тенок па го ставиле на акција, кога ќе донесат пак ќе си биде по стара цена.
Никогаш не сум загледала видиш... А производите на акција се на посебен штанд или на стандардно место со назначен попуст?
На посебен штанд се истакнати производите што се на попуст, иако си ги има истите и по рафтовите, ама ова му иде нешто ко реклама, на една кружна полица мислам беа. Само проверувајте ги роковите, јас лосионов што сакав да го купам имаше рок една недела, и сега не ми иде да го земам кога нема да го потрошам, што ќе ми седи само дома, па и за џабе да сум го зела, пак скапо ќе ми излезе. А си има попусти, на пример некое од производите за исхрана во ГТЦ си беа на 50 %, знам имаше некое брашна специјални, сок некој од патлиџани, тоалетната си е на попуст, и плус на 50 посто има и некои козметики, и тие се на посебни штандови, му идеа во ГТЦ карши канцеларијата што им е. Во принцип сите ствари на попуст им се на мали рафтови, на краеите од редиците, не знам како да објаснам, мислам дека се разбираме, во пролазите измеѓу редици му доаѓа некако Што напишав сеа, ве збунив уште толку Палете патиките и у ДМ, ќе ви стане јасно за што зборам
Не знам за нив... но 4-9 кг со 50 парчиња внатре е 509 а џамбо пакување со 100 парчиња е 955 денари...
и јас се приклучувам кон армијата фанови на алведре маската за коса,конечно ја купив и тоа 3 зедов,користев претходно .schwarzkopf. маските за коса и бев убедена дека нема да ѓи сменам но маскава е чудо..имам густа коса и многу тешко можам да ја расчешлам секогаш користев и глисс спрејот но со маскава немам потреба..преубава е.
Јас само да ви кажам во ДМ во ГТЦ донеле од Алверде фамозната маска па вчера случајно поминав и си земав за проба. Ако се погоди и кај мене ќе одам да си купам залихи за цела зима.
99ден,250 мл,со камилица. Нема потреба од маска.Колку е нежен,густ,косата ти сјае потоа.Очите не ме печат,а од Бекутанот ме печеа Го препорачувам најтопло :up: ,особено за таквите како мене ,со тенка коса,кој секој ден ја мијат
Планирам да си ги наполнам кесите со тракатанци од овде, имам направено листа, ама ми требаат предлози за убава колекција со некој нежен мирис. Ми требаат млеко за тело и гел за туширање. Ме спука филм (as usual), дека сакам да ми бидат од иста колекција. Интензивен и убав мирис - тоа го сакам. Секаков предлог е добредојден, а исто ме интересира дали таа колекција со мирисот на колачиња ја има уште? Неа да си ја земев ако не. Ма да, реков - не би било лошо да ми предложите некои, сигурно има нови колекции, јас одамна немам наминато низ ДМ.
мишела овој крем јас го користев,преубаво мириса,ја мазни кожата и совршен е за преку зима,од новата колекција ова ми е фаворит,преубаво е и он,но сепак зима е а оваа е лосион и мислам дека лосионот е само за преку лето,во зима секогаш користам путер и крема,инаку ја има уште баш пред некој ден гледав во дм во гтц,уште еден крем не можам да најдам слика кога ќе отидеш ќе го видиш со малини е,преубав мирис има,за цените лосионите се оклу 100 денари а кремите околу 200..за гел за туширање не знам бидејќи си останувам верна на боржуа и не сум користела од балеата..
@Mishela доколку сакаш сладникав карамел мирис (а богами и вкус ) јас би ти ги препорачала овие. Ги имам и гелот и лосионот и се нешто преубаво. Кожата ти мириса преубаво, ептен е нежна и мазна.... дури и облеката ми мириса на нив... 2 во 1 се, лосион/крем и масло.
Вчера го земав лабелово, се заљубив во опаковката и ме подлажа плус цената, демек за проба да видам дали можам да најдам замена за Росал и се разочарав тотално. Освен сладок мирис лабелово нема врска. На усни нема никаков сјај туку чувството е како да сте ставиле хидратантна крема која се впива во наредната минута. Можеби дека јас си сакам дебел слој кој трае и со години користам такви лабела ова ми дојде како водичка на уста. Дури и помислив дека можеби не сум веќе за young колекции ама побогу па не сум ни престарена. Како и да е мене не ми одговара ниту ми се допаѓа.
Не знам каде и кога сте ги купиле овие лосиониве со макаронс на нив, ама јас во ГТЦ ги побарав на 11-ти октомври - ги немаше и на секој втор-трет ден потпрашувам и до вчера - ги немаа. Вчера конечно бев и кај Беко - и таму ги немаше. Добро, не знам што мака имаат луѓево - ама донесете ги бре. После некој ќе ми рече - ама ги има во Сити Мол, што ми е бре мене гајле за Сити Мол, треба да ги имаат во сите продавници. Ептен се изиритирав. Затоа пак, кај Беко го видов она со бадем, го мириснав во трчаницата, ама ми се допадна, денес ќе се вратам да го купам.
Го имам овој преубав мирис кожата ја прави мека и со сјај ке се изедам некој ден од тој на Гош 100 пати е подобар а овој е само 100 ден.