Не, еднаш купив намаз дома кога отворив, отворен, мувлосан и третина фали Им пишав на страната не за да ми вратат него да знаат што продаваат, ми рекоа имам рок 30 дена да го вратам намазот, нов ќе ми дале. Не го вратив, ме нервира што продаваат посебно за храна ова не смее да им се случи
Да, јас ја користам дневната, ама сум ги имала и двете претходно. Редовно си ги купувам. Мене ми одговараат на кожата, што знам, погодени ми се (имам комбинирана кожа) Дневната знам и сега да ја ставам, ама искрено на лето почесто користам други креми со повисок СПФ од нејзиниот. Ама гледам да ги имам обавезно во зима, зошто дневната ми е поубава за поладно време или кога ми е испостена, неухранета и сува кожата. А ноќната ми е топ, таа и преку цела година ја користам.
Вчера во ДМ за три купени sundance производи од линијата за сончање добив подарок книга. Нигде немаат информација во продавницата, мене ми кажаа други дека се дава подарок. Кога ги прашав вработените во продавницата, ми потврдија дека има подарок за три производи ама не знаев дали важи за било кои 3 производи од линијата и дали има ограничување за вредноста. На каса ми рекоа дека откако ќе ги помине производите ќе добие информација дали ми следува подарокот. (јас купив три производи sundance со 50СПФ во вредност од околу 700 ден.)
Благодарам ќе ги земам ќе ги пробам. Мојата кожа е мрсна па се надевам ќе ми се погодат. Од ДМ до сега ги купував кремите од Алверде со q10 , ама овој пат реков од Балеа да пробам.
Може дневната да ти направи сјај на мрсната кожа зошто сега е топло..абе да има тестер да ја пробаш најдобро... Инаку е хранлива и навистина ја остава мека кожата по нанесување.
Во каталогот е наведена акцијата. Штом прочитав одма им проверив. Високо професионални се и ми беше несфатливо како да имаат акција без да се знае. Еве ја, убаво искористете си ја вие што сте таму.
Па, за книгата кажаа неколку пати на ФБ. Во денешно време сметаат дека тоа е доволно. Дека нели скоро сите висиме по цел ден на интернет...
Јас да ти кажам наутро ставам серум дали нијацинамид дали витамин Ц, па крема со спф. Не ставам дневна крема. Дневна крема ставам во текот на денот( кога ќе се измијам лице негде поручек ако сум нашминкана) па на чисто лице тогаш ставам дневна крема. Да не имаш предлог за некоја спф од Sun dance ? Или од Алверде.
Некои сме со кнап време, некои од др. причини не знаат (ете не можам да пишам во име на членката зошто не знаела). Јас ја прочитав и одма проверив, не ми се поклопуваше дека дм би направиле таков пропуст. Дури и видео објава имаат, па вие што киснете бар бидете корисни, споделувајте не туку дремете молчешкум како неми набљудувачи, народски речено сеирџии. Уствари прајте што сакате, ваше си е што правите на крај на ден. На кого му се чита ете даваат книга, да се сподели и да дознаат останатите што од х причини не знаеле, досега.
Вчера земав од Sundance за лице antiage со СПФ50, со златна боја е тубата. Првпат вчера ја користев гледам помалку мрси од другите кога се потиш на сонце, што ми се допаѓа. Колешки ми ја фалеа исто дека е добра. Земав и за лице со СПФ 50 за кожа склона кон алергии и акни за синот, зошто тој има проблематична кожа, на одмор од плажата, дополнително му се влошува. Ќе видиме дали ќе му одговара. Алверде никогаш ништо не сум купила или користела, еве не знам зошто..
ФБ отварам 2 пати годишно и исто толку пати се покајувам што сум отворила. Инста користам, ама не ми излегло, алгоритмот може не ми ја дал... Ама очекував некакво знакче на рафтот во продавницата, немаше. Очекував да знаат продавачките, ама се помислија дали има, не беа сигурни за условите... на каса ми вика чекај да ги куцнам, па ќе ми каже компјутерот дали ти следува...а ти се мислиш која комбинација да ја направиш пред да дојдеш до касата... Плус тие блиски што ми кажаа дека има подарок, ми рекоа ако не ми дадат касиерките на каса, да си побарам
Ете кај било на интернет. Искрено не го барав, пошто ми кажаа блиски дека има. Обично убаво се објавуваат, знам, мене така ми се погоди. Дури и внатре ми беа како не сигурни, редеа баш од тие производи на рафт, ваљда ги смарав со прашањата..