Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ДМ маркет

Дискусија во 'Тело' започната од MacaLove, 20 мај 2012.

  1. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Вчера си го купив дезодорансот black &white мислам се викаше, фин, 200 мл за 115 ден е супер цена, мирисот пријатен, малку јак.. кој знае дали ќе издржам :lol:
    ја купив од сите фалената маска Алверде за коса, иначе не дека користам мн мн регенератори и маски, ама убава ја прави косата, дефинитивно не како останатите-како замрсена..
    е сега и јас го сакам тој лосионот со смоква , го немаше и ми рекоа дека денес или утре ќе го добијат (зборувам за кај Беко) убави се, го имам од киви тој, ама сакам нешто “слатко“ што мириса.. и тоа со бадемот ми фати око ептен.. мора да се купи некое :)
     
  2. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    10.313
    Значи препекав да го купам лосионот од смоква и чоколадо, ама пустото 1 месец не можам да го најдам во ниту еден дм маркет :doh: Истото беше и со маската на алверде. Треба да чекаш со недели за да донесат нови.

    Од колекција фаворит ми е лосионот од бадем, баш зимски мирис. Сладок, но не премногу тежок. Баш по мој вкус. Убаво се впива и кожата ја прави мека. Сега во темава видов дека има и такво гел за туширање, па ќе се пуштам во потрага и по него.

    Туку барав некој добар шампон, по можност големо пакување. Овој витаминскиот е за сува и оштетена коса што во никој случај не ми одговара.
     
  3. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Планирам, ко ке дојдам до пари, да почнам онаа козметика на природна база што е да ја користам од таму, заборавив како се вика... германска марка ..
     
  4. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.905
    Допаѓања:
    18.113
    Вчера набрзинка влегов и зедов тоа што ми падна прво на памет :)

    Од лабелото сум задоволна, мрсно е, нема потреба 100 пати да се намачкаш.
    Кремот исто, обожавам кокос ми иде со лажица да го сркам :lol:

    Маскава допрва ќе ја пробувам.
     

    Прикачени фајлови:

  5. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Доста правите залихи од маската Алверде :rofl: Не бидете себични, да има за сите! ]:)
    Си земав јас една, а имаше уште 4-5 на полица. После се вратив во редот и гледам нема ниедна :o .
    Застанувам на каса и гледам напред истовар на маските, сите ги собрала една девојка :D :D
    Да не има некоја најава дека нема да ги носат веќе, па затоа се зима на големо? :?:
    Мала шала :angel:
     
    На nadja.d му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    10.313
    Ни мене не ми е јасно како може толку да се трошат. Како што сум тргнала, маската ќе ја користам година дена :lol:
    Имам прилично долга коса и на почетокот ја ставав вообичаената количина што ми е потребна. Плус ја држев неколку минути како што пишува. Ефектот на крај беше заплеткана коса што не се чешла и чувство на стружење како стиропор.
    Таман ќе ја поклонував некому и дадов уште една шанса, со едно зрнце количина и држење од максимум една минута. Е после сфатив зошто толку ја фалите :D
     
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Која е таа популарна маска и јас да набавам?
     
  8. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.838
    ^[​IMG]
    Еве ја маската за која зборат. Лично ја немам земено зошто не сакам да експериментирам со косата, бидејќи тешко нешто да ми се погоди :worried: .

    Инаку, го има лосионов во ДМ кај ГТЦ? Или пак тој со чоколадо и смоква (ваљда беше)?
    [​IMG]
     
  9. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Ајде и тука да прашам : дали некој ги има пробано шампониве на Алверде и кој би го препорачале, каков ефект даваат, се мислам кој да го купам?? :?: п.с косава ми се мрси прилично ]:)
     

    Прикачени фајлови:

    • alverde.jpg
      alverde.jpg
      Големина на фајлот:
      96 KB
      Прегледи:
      395
  10. KittyT

    KittyT Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    121
    Прв пат купувам производ од ДМ- маркетот, како и од производите на Балеа, го зедов овој коректор бидејќи очајно ми требаше нешто за акни и митесери. Не знам какво е, денес ќе ставам прв пат и се надевам дека добро ќе се покаже, па после да си купам и од течната пудра.
     

    Прикачени фајлови:

  11. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.158
    Премногу ми паѓа косата, па затоа очајно барам некој шампон и регенератор против опаѓање. Дали во ДМ има некој таков од нивните германски производи?
     
  12. FashiongirlD

    FashiongirlD Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    3
    Лелееее во петок доаѓам за Скопјеееее и најмногу сум возбудена за дм маркетот да ги видам тие фамозни производи на балеа и алверде хихихихихи ЧД
     
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.291
    Допаѓања:
    8.666
    Дајте ми неограничена кредитна картичка и можам да ги пробам сите производи. И ривју ќе ви напишам! :D
    Денес отидов и потрошив дупло од тоа што планирав. :clap: Како и да е, морав да пробам маската што толку ја фалевте, прв пат ја ставив да не избрзувам со впечатоци, во главно сум многу задоволна како за прво користење. Единствено не ми се допаѓа мирисот ама добро е што не останува на косата.
    [​IMG]
    Кремата за тело од кокос е одлична за зимава, во комплет со гелот за туширање од кокос и тијарa-нешто. Нека не ве лаже тоа што пишува дека е за сува кожа, не е тешка како нивеата на пример.
    [​IMG] [​IMG]
    Начекав на пола цена минерален хајлајтер од Алверде, презадоволна сум.
    [​IMG]
    Шампонов го користам веќе некое време и сум исто задоволна. Остава мирис што трае до следното бањање што баш и не очекував. Дава сјај и ја смирува разлетаната коса. За нормална коса е.
    [​IMG]
     
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Која е таа фамозна маска??
     
  15. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    391
    Има уште од овие лосиони :?:

    Во ДМ во Молот што е да ги барам или во тој што е во ГТЦ ?
    Кој што бил најпресно нека ме извести :hai:
    Не сум од Скопјето, затоа вака си прашувам :$
     

    Прикачени фајлови:

  16. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    ИМАААА!!! :lol: баш прееска си го купив од ДМ кај Малага.. прекрасно мириса.. инаку имаше и од тој со цреша..

    Начекав на пола цена минерален хајлајтер од Алверде, презадоволна сум.
    [​IMG]

    во кој ДМ?? :o сакам и јасссс....
     
  17. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Noemi, колку пари го зема хајлајтерот?
    :?:
     
  18. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    girl1985 оваа е. Скоро целата тема е испишана со пофалби за неа. Инаку јас пред некое време бев да ја земам баш неа, ама ја немаше па го земав балсамот од истата колекција. Сега за сега добар е, па понатаму ќе видиме.:)

    [​IMG]
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Има уште два комада од истоимениот во горенаведениот ДМ, поточно, имаше :D :wasntme:

    Стварно е, мх!
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.291
    Допаѓања:
    8.666
    Моја грешка, не додадов дека не купувам од Скопје. Ама би требало да го има кај што е козметиката на Алверде.
    Туку сакав и да си прашам дали го има пробано некој лосионов за тело, со мал ефект на потемнување? Не ми е ептен за темнеење, само сакам да си го задржам тенот. Го мислам одамна, ќе го земам кај и да е, ама некое инфо не е на одмет.
    [​IMG]