Јас досега кога живеев таму имав и се надевам кога ќе навраќам ќе имам убави искуства со дм. Обично скоро се им е убаво означено, независно од тековни вакви сезонски акции. Кога прочитав ми падна невообичаено за нив и проверив, инаку еве и јас не знаев. Пред се не сум таму и не сум толку во тек, иако сакам да сум информирана, да им пренесам на мои блиски таму, башка сум со кнап време и ако го имам следам акции за тука. Убаво е да се споделува кога е нешто корисно, убаво што спомна, башка што се сезонски производи, неопходни за периодов. Инаку не си ги замарала, за прашања не се наплаќа.
Малку не можам да сфатам. Што им значи ова од 01.08 пример под млеково за сончање? Од тогаш ќе им биде акцијата или?
Поима немам, јас за акцијава гледав на сликата книгата каде што е, сега онака брзински. Кнап сум со време, а и повеќе ми е фокусот на тукашни промоции. Ова или во дм да одиш да си прашаш или некоја што раб. таму ако сака да ти објасни тука.
@kristina.k и @zence во право сте, јас не видов дека е 2025 годината. Фала ви женски @DragonFly22 се објаснивме еве
Леле јас сега кога те прочитав видов која год. е напишана, плавуша у хороскоп тука . Мислев за акцијата за книгата прашуваш за временски рок од кога до кога е затоа ти пишав кај сликата од книгата дека гледав. Добро се разбравме сите и научивме нешто непознато досега .
Еве оваа е @azelea освен неа ги купив и овие две и ги пробав и задоволна сум од двете. Брзо се впиваат и нема масна кожа после нив. Единствено имам забелешка за пакувањето на уљето, кое почна да протекува од кај навртката т.е. грлото шишето, под капачето кога сум го оставила легнато во ќесата. Морав да го мијам шишето после тоа, не знам како ќе го транспортирам.
Јас денес бев и купив три продукти, и добив книгичка, така што да знаете уште трае изгледа акцијата, до денес или утре
Во ДМ има ли некој лосион со светки кој мириса убаво, свежо, не со благи ноти. Освен Ла Рив, тој го имам веќе, мириса убаво и трајно, златното го имам ама светките не се познаваат баш. Ќе го земам и сребреното ама најверојатно и тоа е со такви светки. Ако има ќе ве молам ставете слика да знам што да барам.