Дали некој успеал да го купи спрејот со цинк на Балеа и да сподели каква функција и бенефиции има? Сакам да го купам со недели ама секогаш кога ќе отидам во ДМ е распродаден.
Цинкот ги суши акните, веројатно за нешто такво е. Мене ми излегува на инста рилс, па момеби би го купила ако го начекам. Иако повеќе ми фаќа око milky rice тонерот Балеа, што е ко некоја копија на корејските тонери со ориз. Само не знам дали е донесен кај нас.
Јас до користам, при крај ми е. Ок ми е. Јас би го купила пак бидејќи не го суши лицето воопшто и според мене делува на оние ситни акни и црвенила. Плус малку и хидрира што ми е голем плус бидејќи обично тониците со цинк ја сушат кожата. Најголем плус е што нема алкохол, етерични и минерални масла и парфеми што најчесто ја иритираат кожата.
Не е донесен кај нас, вчера бев да видам. И мене ме интересира тонерот делува интересно, а гледам имаат и серум, спф крема и хидратантна крема од истата линија.
Има проблеми со пост акни црвенила, затоа мисла дека би ми одговарало. Штета што не можам да го најдам. Мене ми треба само спрејот, користам Биодерма СПФ и Пурито хидратантен крем препорачани од дерматолог, не би ги менувала.
Спрејот јас не сум го користела, немам проблем со акни на лицето, ама вирален продукт стана и има доста позитивни рецензии поготово во Германија. Јас calming тонерот го барав ама дали го имаат повлечено или само тука не го носат веќе, не знам.
Бев денес во дм струга. Не е можно да има онолку гужва низ маркет а поготово да се чека на каса. Рафтовите на многу работи беа речиси празни. Немаше избор на млеко за чистење лице од марката балеа само 2-3 на balea ultra sensitive имаше суплементите исто. Ништо немаше. сум купувала од скопје од охрид од гостивар од тетово... никогаш ваков дефицит на производи не сум начекала
Го затворија ДМ во ГТЦ? Мислев ќе го прошируваат па затоа се реновира, ама видов Пепко знак на излогот и баш се зачудив. И тој во Капиштец го затворија, ДМ-от кај Градски ѕид одамна не постои. Буквално не остана еден ДМ маркет вон мол низ Центар.
Не знам за тој во ГТЦ, но тој кај градски ѕид што беше, технички го преместија во Дајмонд Мол. Вон мол, остана тој во Тафталиџе и во Расадник мислам.
Почеток на август кога поминав имаше истакнато дека го реновираат, со назначен датум на отворање негде крај на септември. Освен ако не смениле нешто меѓувремено, ама тогаш и соопштението би го тргнале. Баш ќе проверам следно кога ќе поминувам. Следни најблиски се или Дајмонд или Веро џамбо, ама не е тоа доволно.
На 27 јули објавија дека ќе ја реновираат продавницата во ГТЦ, а повторното отворање ќе биде на 24 септември.
Во брзање бев сабајле, апла ми личеше дека е дуќанот кај што беше ДМ. Све затворено, шок ме мавна. Добро тогаш, да не паничам. Иако заприметив, на повеќе дуќани во маалово наоколу никнаа налепници "се реновира", па на крај не се изреновираа никогаш, всушност ги затворија. Мислев да не го снајде иста судбина и ДМ-ов, ама штом имало известувања дека пак ќе отворат (не сум видела), супер. Најнепреболен ми е ДМ во Градски ѕид, ептен ми фали. Оној во Дајмонд не ми е тоа тоа, а и доста лошо е снабден, барем јас имам таков впечаток. Никогаш не можам да најдам тоа што ми треба во тој ДМ.