Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ДМ маркет

Дискусија во 'Тело' започната од MacaLove, 20 мај 2012.

  1. IivIi

    IivIi Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Здраво сакам да прашам дали производите на Balea ги има само во маркетите на ДМ или ги има и на други места?
     
  2. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Балеа и Алверде се дм марки и ги има само во нивните маркети, на други места ги нема.
     
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Колку е добро кога имаш другарка што работи веднаш до ДМ 8) Сега само што претрчала до маркетов и ме снабди со годишна залиха од лосионов. Јас вчера си земав еден и го пробав, поубаво нешто не сум ставила на кожата и не можев да си дозволам да не го најдам нареден пат.
    Limited edition - not for me!
    ]:)

    [​IMG]
     
    На Lepaaa, Doozy, Trendafilka и 9 други им се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.021
    Допаѓања:
    123.884
    Гел за миење лице за сува кожа -од кој сте задоволни ?
     
  5. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    има на алверде-прекрасен е,пробај ке видиш!!
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.021
    Допаѓања:
    123.884
    И јас се снабдив со залихи од гореспоменатиот лосион ^_^ Има ист и гел за туширање,исто е 95 ден,си купив по 3 и од лосионот и од гелот,имаше доста на залиха,побразајте дури е време.Во Дм,кај Беко,таму бев.
    Имаше и од бадем и црешна и боровница,тој беше 125 ден.

    Eве ги геловите и лосионот.

    [​IMG]
    [​IMG]

    Oтпрвин кога го помириснав не ми беше нешто wow,ама морав да се вратам вторпат-пошто ептен го пофаливте и ми се допадна.Си ставив на рацете,цел ден на работа го осеќам мирисот,прееееубав е.
    За хидратација претпоставувам дека нема да е нешто посебно,ќе го пробам и ќе кажам :)
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    И јас го начекав истиот лосион конечно, иако тргнав по оној од бадем, што мириса на карамела, ама нема врска.
    Прекрасно мириса, и дечко ми го бендисува на мене... :mm:
    [​IMG]

    И од фамозната ни маска за коса на Алверде си имаше во Беко, и тоа бајаги на залиха... фала богу. :whew:
     
    На Phyramide и Artemission им се допаѓа ова.
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Благодарение на Фемина лосиониве им се трошат како Алва, треба да бараат процент за реклама :lol:
    И јас откако ве читав го зедов тој од киви, другиве многу јако ми мирисаат
     
    На LoOnyD му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Бев пред некој ден во ДМ со намера да си купам пудра, а покрај пудрата завршив и со следниве производи во рака :D

    [​IMG]

    Лосион за тело со масла на билна база за хидратација на кожата

    Лосионов е љубов! Преубав е, мириса на бебе, нежно, суптилно, а сепак доволно силно за да се задржи мирисот на кожата подолго време. Уште еден плус е што е 500 мл, големо пакување за смешна цена. И не знам дали е до мене, но јас си имам проблем со лосионите/млеката за тело. Било кое млеко/лосион да го нанесам, после некое време мирисот ми се менува на кожата. Е, па, со овој не е така, и уште од прва ми стана еден од најомилените производи евр. Дефинитивно ќе го купам пак и топло го препорачувам :up:

    [​IMG]

    Опуштачка ноќна крема со оризово масло за секаков вид на кожа со витамин Е и бел чај

    Што да кажам освен - прекраснотии! Навистина мириса опуштачки, си ја ставам пред спиење и си заспивам од мирисот :D Сериозно, ми одговара на лицево иако имам комбинирана кожа, воопшто не се исфрлав или нешто. Баш наменска ноќна крема за опуштање и рехидратација на лицето и вратот. Да не споменувам дека наутро кожата ми е како бебешко газе :) Треба минутка-две дури да се упие, но не е важно, и така е ноќна, кој ме гледа :D Доволно е масна (впрочем како и секоја ноќна крема), но не премногу. Уште еден производ кој би го купила пак, дефинитивно.

    [​IMG]

    Балеа крема со матирачки ефект со овошна киселина за комбинирана кожа, која ги изедначува и стеснува порите

    Значи, нема утка со Балеа производите. Матирачко кремче со ПРЕубав мирис! Леле како мириса, на лимон, на овошје, ми иде да го лизнам :rofl: Одличен производ, навистина го матира лицето и му дава свежина. Си го ставам како подлога пред да нанесам пудра и немам мака, и плус пудрата поубаво се нанесува врз него. И на ова му треба минута-две за убаво да се упие во кожата, а отпосле дава феноменален ефект, кој трае долго време. Презадоволна сум, одличен производ за комбинирана/масна кожа.

    [​IMG]

    Активен гел за нега на кожата околу очите наменета против темни и подуени подочници

    Врв! Се заљубив во гелов. Инстантно дава свежина на областа околу очите, особено наутро кога ќе ставам откако ќе се измијам. Ја поттикнува циркулацијата и го намалува отокот. Кога не сум наспана, си имам проблем со подочници, а производов ми е спас. Пишува и дека ја лади областа околу очите, но не е така, барем јас не сум забележала. Но и покрај тоа, одличено гелче.
    Вакви гелови за околу очи има еден куп во ДМ, има за зрела кожа, против брчки, против се’ и сешто. Ама кога го видов ова против подочници и темни кругови, морав да го имам. Препорачувам топло.

    [​IMG]

    И за крај, секако, нејзиното Височество, фамозната и добро позната маска за коса на Алверде.

    Трето пакување ми е ова и ќе продолжам да ја користам се додека се произведува. Значи и’ нема рамен! Излишно е да ја фалам, веќе сите знаете колку е добра :D

    Ете така :) Се извинувам за долгиот пост, но морав да ги изнафалам производиве, прекрасни се! И да напоменам, не знам точна цена на производиве, 300 работи изнакупив и ја фрлив сметката :tmi: Но како и да е, сите производи на Балеа и Алверде се евтини, така што секој може да си ги дозволи без да си го изпразни џебот. Браво :bow:
     
    На tinkerbelll, Madonna, Trendafilka и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Не знам дали е за овде прашањево ама маскава за коса(последното од постот на sexybaby86) ја користите при секое миење на косата? Јас ја имам некое време и веќе неколку миења по ред ја ставам :?:
     
  11. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    391
    Ее навистина ми доаѓа да си заплачам за тој лосионот.
    Ах ДМ ДМ, зошто не сакаш да дојдеш и во Прилеп ;(
     
    На cheetah.girl, kate21 и crazylady им се допаѓа ова.
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    ^^ Да, при секое. Тоа е и поентата на маската за коса, да се користи редовно за да има ефект :) Ако ја имаш, слободно користи си ја секое миење. Мене ми ја прави косата лесна за расчешлување и ми дава сјај и живост на врвовите, кои инаку, ако не ставам маска или регенератор, ми се доста суви :!:
     
    На Dushica-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    1.096
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден си испазарив некои работи од ДМ како:

    -Алверде хидратантна крема со алое вера (се користи и како дневна и како ноќна), малку е тежок мирисот, но сум задоволна посебно што навачер кога имам само крема не ми смета студот и ми ја одржува свежа кожата (околу 180 ден. мислам беше)

    [​IMG]


    -Балеа шампон за суво миење на косата, задоволна и од него, таман кога сум во брзање ми врши работа (до 100 ден. е)

    [​IMG]


    - Фамозната маска за коса на Алверде што веќе сите ја знаете, да не ставам слика :) ...и за срамота не сум ја пробала уште :tmi:

    - Витаминскиот шампон на Балеа, многу убаво мириса, но не е за мене бидејќи е за сува и оштетена а мене брзо ми се мрси ( до 100 ден.)

    [​IMG]


    И чекам мајка ми да ми го даде лосионот со смоква и чоколадо ми го купила од Виена, ама уште не ми го дала :D
     
  14. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Прееска бев и ја купив овааа[​IMG]
    маскара,па че видиме како ќе се покаже :)
     
  15. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Каков ефект има шампонов, нешто во стил ко со бебешката пудра..?? јас го купив она од шварцкопф демек за “волумен“ т.е. за замрсена коса, ама има ефект ко лак да си ставил, не го можам... |( а баш ми треба вакво нешто, веќе наредниот ден по миењето мрсна ми е косата :worried:
     
  16. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    1.096
    Пол:
    Женски

    Убав ефект има, во него има пудра и кога ќе ставиш треба да ти постои некоја минутка додека да се исуши (дека е мешавина пудрата со спрејот), па да се помине со крпа и супер е, мислам не да се очекува како миена косата, но мрсното го намалува за половина (може и повеќе), таман колку да ти издржи дента па после тоа на миење.. јас сум задоволна, пробај, не е скапо воопшто, па и да не ти одговара не губиш многу :)
     
    На nekoja85 и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  17. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира ефектот. А го видов минатиот пат кога бев во ДМ, ама не го земав, си реков ај следниот пат. И сега кога бев пред некој ден ич не ми текна на шампонов, и сега кога го видов жива ќе се изедам :tmi: Мислам дека ова е доста практична работа за „итни“ ситуации кога немам време да мијам коса.

    Едит: Сега го видов одговорот :D
     
    На nekoja85 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Си ставам по малку од маската, само на врвовите на секое миење на косата. ;)

    Лосионов... :x
    Не сум мириснала нешто подобро, а како ја хидратира кожата - ниту еден друг од Балеа не му е рамен.
    Ниту на Афродита, ни Гош, ни оние Open, не сум мириснала нешто поубаво, пишува дека е од бадем и марула орев :D и е нешто најпрекрасно.
    Штета што е limited edition, убавини од лосион.
    [​IMG]
     
    На candise20 и nekoja85 им се допаѓа ова.
  19. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Јас па глупа |( Од дома мислев шо да си купам од ДМ ако има во Сити мол и ко бев таму така само си поминав и не влеговме |( А баш сакав да го пробам лабелото розево од Балеа и маскарата Алверде.
    Ај друг пат :D Или па ќе си чекам да го отворат во Битола (кај и да е...)
     
  20. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Е баш ти фала за одговоров, баш утре ќе си го земам и ова чудо.. ај летно време ќе ја миеш косата секој ден, ама зима нема шанси :shake:
    А, редовна сум во ДМ (блиску ми е од работа) а не сум го приметила...
    Пишав дека го земав дезодорансот блек&вајт Балеа и е навистина добар, си ја врши супер работата, мирисот му трае цело работно време, суптилен и нежен...119 ден 200 мл :up:
     
    На LaBella му/ѝ се допаѓа ова.