Гледам сите го испофаливте лосионов ваков, таков, преубаво мириса, убава хидратација... Па си реков и јас да пробам. На почетокот не ми мирисаше нешто нај нај ама решив да му дадам шанса. Еве го ставив пред 2-3 саати и луѓе ! Поубаво нешто немам мириснато! Значи си седам и си ја мирисам ракате и ми иде да си ја изедам! Утре идам да купам уште пет-шеесет од овие, па после ќе ја слушам мајка ми како ми труби дека сум ги трошела без потреба парите Исто сум презадоволна и од кремава за нозе. Предобра е, не остава затегнато чувство како другите креми, сум пробала и други на Балеа, сите истото чувство го даваат, ама оваа е amazing.
Го купив прееска лосиончево со колачиња и смоква и веднаш го подарив. Црева ќе истурев. Ми мириса на озонер за автомобил. Не сум јас за тужни, тешки и благи мириси,си сакам мирис на чисто и свежо. Ми се снеможи. На носот се мцнав кога го мирискав таму и на раката капнав,абе дур дојдов до дома, умрев. А и мужот со мене го душна,прво направи ом ном ном ном и после ми вика,абе ова е ок да го душнеш, мириса вкусно,ама тешко ми е ми се направил носот,не би го поднел ова на женска. И ето...се согласивме. Не дека не е убав,ама на прв мирис...под услов да може да се јаде.
Бидејки маки мачам со постојано мрсна коса а не сум во состојба толку често да ја мијам, ми препорачаа да си купам шампон за суво миење на косата. Па бидејки читам дека доста ги фалите производите на ДМ маркет ме интересира дали некоја од вас има видено таков шампон таму, па ако има колку пари е и како се вика?? И уште едно прашање...Колку може тој шампон да го замени обичниот или има само привремен ефект, нешто ко пудра да не е ?
Шампон на Балеа со кофеин и биотин против опаѓање на косата до сега сум го употребила два пати затоа не би можела да дадам мислење дали влијае против опаѓањето на косата или не,но би можела да кажам дека косата ја прави убава,чиста,некако поцврста ми делува,а има многу убав мирис. Масло за коса на Алверде,мешавина од арганово и бадемово масло,екстракт на корен од бур,за јакнење на косата,против испукана коса и сува кожа на темето,сум ставила неколку пати на косата и ми претставува добра замена за силиконски капки,бар ова е природно и длабински ја храни структурата на влакното има многу пријатен цитрусен мирис. Морам да го пофалам и вазелинот на Балеа,мене лично ми е многу подобар од тој на Галафарм,структурата на овој на Балеа е помека и веднаш се впива во кожата.
Здравоо на сите!!! Ова е мој прв коментар на фемина форумов и морам да признаам дека секојдневно можеби и по 1000 пати дневно прегледувам кои се новоости ги има на форумов ! Дм маркет ми е омилена тема всушност вие сте главните кои ме натераа да ги купам сите овие производи на Балеа и сум презадоволна !!! 1: Балеа млеко за коса - нешто преубаво се нанесува на мокра коса и косата никогаш до сега поубаво не ми се расчешлувала! Мека на допир едноставно прекрасна и доста ефтина цена некаде околу 200 ден за 200 мл и трае прилично долго 2 - Балеа крема за тело 200 ден нема потреба да се коментира 3-Балеа дезодоранс за тело 150 ден( веќе неколку пати го имам земено ) 4- Балеа Лак за коса 60 ден доста добар и прилично практично мало пакување за оние кои се зависно од лак за коса не ја здрвува косата напротив има природен изглед 5-балеа лабело за усни --- 65 ден најнов хит ми е прекрасно омекнува за овие ладни зимски денови кои ни претстојат Има и доста други производи кои ги купувам од Дм едноставно обожавам да пазарам од Дм и поради добрите акции кои ги имаат со доста попусти
Ме интересира дали некоја од вас има искуство со производите за домаќинство: средствата за чистење и прашоците од марката ДМ? Јас до сега ги имам испробано средството за одзатнување и за паркет и сум многу задоволна.
Миа,моментално го користам средството за чистење на керамички плочи за шпорети и задоволна сум ,не е многу агресивно и добро чисти.Средството за одзатнување го купив и јас но до сега уште го немам пробано(не ми затребало,фала богу ).Лани го користев едно средство за чиsтење на база на оцет,не знам дали уште го има,беше некое зелено пакување,мене ми го носеа од странство и навистина феноменално чистеше се,стакло,флеки,маснотии.А, и средството за стакло е добро.
Средствата за чистење паркети, омекнувачот за алишта, сите тие миризливи глупости за WC, влажни марамици за дезинфекција, свеќите, исто и едно средство на Балеа за воден камен, многу е добро - тоа е се што сум пробала, а можеби и повеќе ама сум заборавила. Воглавно од се сум задоволна. За помалку пари солидна музика
Средствата за чистење паркети, омекнувачот за алишта, сите тие миризливи глупости за WC, влажни марамици за дезинфекција, свеќите, исто и едно средство на Балеа за воден камен, многу е добро - тоа е се што сум пробала, а можеби и повеќе ама сум заборавила. Воглавно од се сум задоволна. За помалку пари солидна музика
Шеткајќи низ ДМ ги видов шампонот, регенераторот и маската за кафена коса, изгледаат вака Дали некој ги пробал? Имаат ли ефект? Видов не беа многу скапи а големо количество на шампон и регенератор.. па ме интересираше дали некоја ги пробала шампониве да сподели искуство со мене Инаку го купив тој шампонот за суво миење на косата на балеа, вчера го користев и како за прв пат добро ми се виде, подобро него ли обична бебешка пудра
Јас го користам средството за флеки што е, налик на Вениш, ама од Вениш едно 5 пати подобро е и поефтино, мене ми избели дури и маица целата обоена. Знам дека се добри и таблетите за шоља, не прават пена ко Торнадото ама многу добро чисти закоравен бигор во шоља. Сакам да ги пробам и другите средства, поготово бидејќи сум некој вид на фанатик се да ми биде во иста линија па сакам кога ќе отворам плакарче сите средства да ми бидат од иста фирма
Јас ги имав !!! Сега скоро ги потрошив. Јас лично сум задоволна, мене ми беа супер. Исти се скроз како Нивеа, Глис што се за кафеава коса. Можеби и подобри. А, цената им е далеку пониска. Пак би ги купила.
Не знам како ќе ги потрошам геловите за туширање,овој е веќе 5ти aко не и 6ти ,ама кога ќе влезам во ДМ морам д а купам нешто Кога сум таму,100посто сум сигурна дека некоја од Феминките е таму Вчера го купив овој гел за тширање,пошто ми се допадна мирисот,доста трае и е бааги свеж. Го земав и гелот за миење лице,за комбинирана и нормална кожа,Балеа,многу е свеж,мириса на чисто кожата ми е мазна ептен,ама имам чувство како да не ми го измил лицето добро ,иако само 2 пати ставив од него.
ИСТООО и кај мене е ситуацијата Значи морам да го пофалам ова чудово, спреј ала шампон за суво миење.. ме изненади.. еве денес прв пат го пробав (намерно ја оставив косата мрсна денес ) убаво мириса, лесно се користи, плус не чеша (тоа ми се случува со бебешката пудра, уфф едвај чекам да ја измијам после тоа) го препорачувам :up: 120 ден.
Супер е балсамов, инстантно санира испукани усни, со 3 мачкања последователно денес ми ги репарираше одлично. Препорачувам, 80 ден. Ќе го пробам и шампонов / спреј за суво миење на косата, а си го купив оној Бејби лав, бебешкиот шампон со камилица, по препорака на Ели25, па ќе видиме како ќе се покаже... ќе напишам впечатоци после 2-3 употреби.