Дефинитивно не можеш да влезеш во ДМ маркет без да купиш нешто Овој пат јас се подновив со : Лосион за телоо Гел за туширање Balea Дезодоранс за тело Playboy Play it rock Регенератор за коса Balea од кокос
Планирам во скоро време да го посетам ДМ и богами да си направам добар шопинг. Е сеа ми треба совет од вас пошто не сум запознаена мн со производите, освен со фамозната маска нели, што дефинитивно ќе ја купам пак. Ве молам за препораки, овој пат ми треба: 1.лабело за усни, 2.дезедоранс за под пазуви, 3.тоник за чистење лице за комбинирана накај сува кожа, 4.шампон за сува и оштетена коса а воедно да не ја мрси косата (ако воопшто постои таков). 5. лосион за тело и гел за туширање ии тоа би било се за сега. п.с. ми треба и мислење за шампонов Спојлер некаде низ темиве прочитав дека ја исправувал косата ? а дали се препорачува за мрсна коса ? аа да, досадна сум знам :roll: што е намената на тој шампон за суво миење на косата? дали е нешто како пудрата во прав или ? секој совет е добредојден
Здраво. Ме интересира дали има во ДМ спрејови за тело? Низ темата сретнав само еден дека имаше наведено една форумџика од нане? Мене ме интересира дали има така убави овошни спрејчиња од Балеа или Алверде, со не многу јак мирис, како што се спрејчињата од Авон и доколку има која цена се движат?
не сум сигурна во ДМ дали има ама денес видов баш такви во рамстор (маркетот). имаш повеќе видови и мириси да бираш.
Можда малце касно одговарам но се надевам одговоров ќе биде од корист средства што сум ги користела за чистење и сум задоволна се средството за бигор и за плотни и наистина се незаменливи а и цената им е нормална
- Не можев да му одолеам, плус наутро, после миење лице, си се мачкам со кремов на раце и на образи, и верувале или не, миризбата ме буди! Свежо благичок мирис на смоква и макарон колачи, моите омилени. 99 денари го купив, лимитирано издание. - кремава рулз за изморени стапала, исчупани петици. После бањање ги масирам стапалата, ми ги стоплува и мирисот е многу мек, пријатен. Супер за цената. - редовна, за секојдневна употреба крема, со але вера и бабас масло. Користевме Нивеа Софт со сестра ми долго време, па решивме да смениме, зошто иста кожа имаме, но кремите различно ни влијаат. Се покажа погодена, мека, емулзивна и не остава мрсни траги. Препорачувам, плус 149 денари е 250мл, одлична цена.
Кај Беко работат до 15ч....во 15:35 бев тамо...ништооо..штама џабе одев ...да се посомневав дека работат до 15 ќе отидев порано!
Последно нешто што купив е спрејов за коса..нешто како замена за лак е ..не ја лепи косата после нанесување и дава сјај..ги зацврстува локните..одличен е ..го употребив без претходно да ставам пена пред фенирање..и локните навистина ми траеја цел ден. Мора да го пофалам и сјајчево на Алверде..не е многу пигментиран..ги прави помеки усните..и дури може да се употребува и за нега на испуканите усни.. а пак им дава боја баш е погоден за овој период кога усните се распукани од ветар и ладно
Девојки дали ова маскиче за коса го има во поголемо пакување?Знам има едно како со пумпица ама тоа мислам дека е некое млеко за коса Се воодушевив од маскава
го купив денес лосионот за тело од смоква и чоколада од дм во сити мол. ако некој сака нека појде слободно имаше уште многу останато. следно за купување од дм ми е овој антиперспирант мириса исто како тој од нивеа а мислам дека чини 105 ден.
Мислам дека се само во оваа амбалажа, јас го имам тоа со пумпица, кремата за коса, ама не сум нешто воодушевена (освен од мирисот ), само што е добро за расчешлување (што мене не ми е проблем и без него)...така да што знам... немам дефинирано мислење а геловите за туширање ги немам приметено.. додуша ако не ги донеле овие два дена, колку што не сум била во ДМ хаха
Дечки да знаете дека сме им најголем промотор на Дм у свет. Пола група од мастер и стара екипа од додиломски скоро сите жени си ги купиле лосионите со макарунс. Ама прееска се изнасмеав у една сиуација Стојат две девојки и разгледуваат низ Дм и кога ги видоа овие лосиончиња трк се залетаа И јас стојам покрај нив чекам да си земам од тие и ја слушам едната и вика на другава. Читав јас на интернет на некој си форум сите ги фалеа леле топ биле, незнам што, незнам како таму, тука ги има ај да си купиме по 2-3 И така собраа залихи и од сити мол Јас под мустаќ се смешкам и си викам ај барем едно да ми остават Јас поише бев заради маската на алведере ,зашто е стварно супер, али и лосинчињава се симпатични иако мене повеќе ми се свија со вишна тоа, чоколадното ми е тешко а мирис малку. Ако продолжиме вака, ќе им бараме процент на Дм, или барем по една крема гратис месечно, е би би дошла лошо
Сигурно пишува низ темава, но не можам да најдам, па да ве прашам колку пари е лосионот што го има на секоја страна од колачиња и цреша?
Женски а како сте задоволни од маските за коса? Се мислам дали да си земам од таму ако се добри, или да купам на Dove..