^ една и единствена.. фамозната маска на алверде .. за 99 ден. нема ништо подобро . пробај, нема да зажалиш.
Што да кажам за кремата од смоква и чоколадо, не сакам да си грешам душа! Јас нешто со подобар мирис во живот немам сретнато!!! По цел ден се мачкам само, се мирисам и ми се чини да се грицнам од што ми влече некои слатки ноти на колачиња! Најтопло ја препорачувам, како и 99% од тука . При крај ми е маската за коса од Алверде, па планирам да ја купам таа со ефект на исправување на косата (не ми текнува дали на Балеа или Алверде беше). Оваа ми е предобра, нормално си купувам повторно залихи, ама сакам да ја пробам и таа. И најбитно, на темава дојдов да го пофалам млеково за чистење на лице. Откритие на годината ми е, ептен ми одговара. Лицето ми го прави многу меко и нежно. И убаво ми мириса. 80/90 денари мислам дека беше, не ми текнува ич. И овие од Дм, дај стварно нека пуштат некој попуст за нас. Не за џабе се утепавме од фалење тука де на маски, де на лосиони... .
Јас ги користам шампоните за руса и регенераторите за руса коса - блонде и море блонде, т.е. ги комбинирам. Шампон користам Море блонде - навистина ја осветлува косата, а регенератор или море блонде или блонде, бидејќи блонде колекцијата има пигменти и и дава на косата сјај. Во комбинација со Лорвен силвер жолтилото го нема. Лосион за тело од кокос прекрасен, долго трае, ефтин.
^ Јас го обожавам овој, мирисот ми е баш по вкус, и за разлика од другите е многу потраен, не водлест како тој од кокос или оној со бисер на него. Навистина заштитува од потење и непријатен мирис, топ е.
ДМ да се затресат малце, да не ми продаваат пуфки и да си отворат по еден маркет и во Прилеп, па Битола, па Струмица :geek: Не, стварно не е фер, и плус кога веќе влегуваат во една држава, нека отворат повеќе продавници Ако чита некој, а верувам дека да, Скопје си е Скопје, ама не е само еден и единствен во Мк. Производите на Балеа и Алверде ни се доста прочуени, речиси секоја од нас имала барем еднаш било каков користено, задоволни сме, продажбата му е топ, нема причина зошто не би се прошириле, има доста луѓе кои со задоволство би станале верни корисници и купувачи, ама нема од каде Ова е чисто апел, нека е и офтопик на темава, немав кај да се пожалам на друго место
И јас го користам Блонд, многу сум задоволна, бидејќи имам себореа прво ја одмивам косата со сапун од катран и масирам на регијата каде што имам најмногу зафатено, плакнам, убаво богато мијам со шампонот и на крај ставам регенератор. Навистина косата ми сјае и поготово откако го користам сапунот ми трае мирисот и свежината по 5 дена, мекичка ми е и кога ја пеглам не ми се праи како слама, баш ми е фина.
И јас имам доста поткожни и ова ми помага доста (само да напоменам дека имам мрсна кожа). *едит- не е производ на ДМ ама од таму ми е купен, таму е најефтин, мислам 197ден.
Јас како антиперспирант го користам рол-онот Балеа софт перлс и сум задоволна, нежно мириса и заштитува, но сакам да си земам дезодоранс, некој свеж за да си се прскам по дома, надвор, преку ден. Овој мадмасел чик е антиперспирант, мене не ми се допаѓаат такви благи, тешки мириси, сакам полесно нешто. Ако знаете некој препорачајте ми. тнкс
тоа со пумпичето јас го земав пред некој ден, како лив ин кондиционер е за после миење, и не е лошо, и преубаво мириса!
Убајна од маска! Првите 5 мин се плашев што ќе испадне бидејќи ме пецкаше, ама после тоа.. мх мх мерак ми е лицето!
Си купив гел за туширање со мирис на зелени лимони и алое вера, многу ми прави мерак! Обожавам цитрусни ноти, остро, убаво, свежо!
55 денари, а паковањето е направено за 2 маски. Има мислам и други 5-6 маски (зависи каква сакаш), ама само една е со peel off
ова маска е исто така преубава..со цинк е за чистење на лице, посебно се препорачува за масна кожа...ја впива вишокот маснотија..лицето после тоа е многу свежо и мазно кошта 55 ден за две употреби јас ја користам еднаш неделно
ФАЛА на сите што ми одговоривте за средствата за чистење. Купив еден куп средства за во купатило,паркет, итн... и жената што ми чисти ми вика дека биле супер! Денес планирам да одам да си изнакупам козметика, па да ми препорачате некое лабело кое ги штити усните од пукање и кое не е бледо туку има барем малце сјај.
Планирам да дојдам во Скопје за брзо време, па да си купам некои производи од ДМ. Каде е тоа Беко што го кажувате, во близина на центар или... ? До кога работат и која продавница е поснабдена, таа во ГТЦ или оваа? Фала однапред
Мене ми изгледа како најголема таа кај Беко, во редот на слаткарницата Малага, книжара Просветно дело (во близина на Мекдоналдс). За снабдени, сите се снабдени добро..што знам.